Search
Close this search box.

БЕЗ НАС­ЛОВ, НО СО ПО­ВОД

11.03.1998

Пред три-че­ти­ри не­де­ли еден наш но­ви­нар ме за­мо­ли писме­но да од­го­во­ра­м на не­кол­ку пра­ша­ња за то­а да­ли Ма­ке­до­ни­ја има­ла прав­на ос­но­ва за раз­вој на т.н. ци­вил­но оп­штес­тво и как­ва е, евенту­ал­но, та­а ос­но­ва? Пра­ша­ња­та ми ги до­не­со­а на фа­кул­тет и јас во те­кот на ид­ни­те два де­на од­го­во­рив на нив. Што се слу­чи­ло во ме­ѓув­ре­ме, не знам. Зна­м са­мо де­ка мом­че­то не се по­ја­ви да си ги по­ба­ра од­го­во­ри­те, а јас не са­кав да го ба­ра­м или да му ги ис­пра­ќа­м по пош­та. Ми се чи­ни де­ка не­ко­и од ти­е од­го­во­ри мо­же да го ин­те­ре­си­ра­ат чи­та­те­лот.

Без ог­лед на си­те мож­ни не­до­у­ми­ци, што глав­но про­из­ле­гу­ва­ат од де­фи­ни­ци­ја­та на по­и­мот “гра­ѓан­ско или ци­вил­но оп­штес­тво” (societas civilis), Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред за­мис­ла­та на твор­ци­те на неј­зи­ни­от ус­тав, има прав­на ос­но­ва да се из­гра­ду­ва спо­ред гра­ѓан­ски­от концепт. Ту­ка е пред сé, прок­ла­ми­ра­на­та ед­нак­вос­т на лу­ѓе­то пред за­ко­нот. По­тем, во ова­а зем­ја, без ог­лед на сè, мо­ра да се то­ле­ри­ра (и се то­ле­ри­ра) по­и­нак­во­то мис­ле­ње ка­ко при­до­бив­ка на ци­ви­ли­за­ци­ја­та. Кај нас, да ре­че­ме, ве­ќе не­ма ни тра­га од фа­моз­ни­от “вер­ба­лен де­ликт”. Ма­ке­до­ни­ја ја пре­ле­жа и бо­лес­та на­ре­че­на “иде­о­ло­ги­ја”: та­а е кол­ку ла­ич­ка (се­ку­лар­на), тол­ку и де­зи­де­о­ло­ги­зи­ра­на зем­ја. Влас­та се фор­ми­ра пре­ку из­бо­ри и мо­же пре­ку нив да би­де сан­кци­о­ни­ра­на од стра­на на гра­ѓа­ни­те, ако не ги за­до­во­лу­ва нив­ни­те оче­ку­ва­ња.

Ова се во­о­би­ча­е­ни прав­ни ос­но­ви за раз­вој на ци­вил­но­то оп­штес­тво. Дру­га ра­бо­та е да­ли Ма­ке­до­ни­ја и de facto во се­кој пог­лед се из­гра­ду­ва ка­ко ци­вил­но оп­штес­тво и ка­ко прав­на држа­ва. Не е до­вол­но вој­нич­ки­от ед­но­пар­тис­ки ко­му­ни­за­м да се за­ме­ни со пар­тис­ки плу­ра­ли­зам, а држав­на­та/оп­штес­тве­на­та соп­стве­нос­т со при­ват­на, па вед­наш да се до­би­е ци­вил­но оп­штес­тво. Вој­ни­ци­те, уш­те дол­го по де­мо­би­ли­зи­ра­ње­то, во мис­ли­те жи­ве­а­т во ка­сар­ни­те. Та­ка е и со по­ве­ќе­то “вој­ни­ци на Пар­ти­ја­та”, ка­ко што се ви­ка­а са­ми­те се­бе­си они­е нај­рев­нос­ни­те, ко­и до вче­ра бе­а бо­жем-ко­му­нис­ти, а де­нес се сѐ и сеш­то: од со­ци­јал­де­мок­ра­ти, ли­бе­ра­ли до најцр­ни на­ци­о­нал-со­ци­ја­лис­ти.

Мо­же, ме­ѓу­тоа, да се тврди де­ка ко­ре­ни­те на гра­ѓан­ски­от концеп­т кај нас се мош­не крев­ки. Ова ста­ну­ва очиг­лед­но врз еден ед­нос­та­вен при­мер: на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на нај­ма­лу ус­пех има­а ток­му ав­тен­тич­ни­те зас­тап­ни­ци на овој концепт: Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, да ре­че­ме. Ова­а пар­ти­ја прва (кај нас!) се за­ло­жи за струк­тур­ни­те пре­дус­ло­ви на гра­ѓан­ско­то оп­штес­тво: по­дел­ба на влас­та и за­ем­на кон­тро­ла на од­дел­ни­те неј­зи­ни сег­мен­ти, рам­но­те­жа на моќ­та (Ан­гло­сак­сонци­те би рек­ле “check and balancies”), сло­бо­ден па­зар, ед­нак­вос­т на си­те пред за­ко­нот итн. итн.

Иде­и­ве им бе­а при­фат­ли­ви на мно­гу лу­ѓе во зем­ја­та. Мно­гу­ми­на ги фа­леа, но (ка­ко во из­ре­ка­та “Фа­ли го се­ло­то, жи­веј в град”) ма­лу кој гла­са­ше за неа, а бук­вал­но ни­ко­му и не му пад­на на па­мет фи­нан­сис­ки да ја по­мог­не или да ги афир­ми­ра неј­зи­ни­те ста­во­ви во ме­ди­у­ми­те (ка­ко осо­бе­но зна­чај­ни лос­то­ви на ци­вил­но­то оп­штес­тво).

Нап­ро­тив, иа­ко ма­луб­рој­на (спо­ред еден оп­ску­рен ав­тор од ор­га­нот на ССР­НМ: “еден пај­тон лу­ѓе”), Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја и неј­зи­ни­те лу­ѓе се­ко­гаш бе­а до­че­ку­ва­ни на нож од стра­на на пра­во­вер­ни­те бра­ни­те­ли на ста­ри­от по­ре­док (што во се­кој слу­чај е сим­пто­ма­тич­на по­ста­пка: чу­му тол­ка­ва вре­ва за­ра­ди еден пај­тон лу­ѓе?!). Та­ка, на не­кој на­чин ин­фор­ми­ра­ње­то за иде­и­те на ци­вил­но­то оп­штес­тво (и за нив­ни­от зас­тап­ни­к од пај­то­нот) ка­ко да ста­ну­ва кри­те­ри­ум за оцен­ка на вис­тин­ска­та по­зи­ци­ја на еден ме­ди­ум, без ог­лед на то­а што са­ми­от тврди за се­бе.

Од дру­га стра­на, не­ко­и од пи­са­ни­ја­та про­тив Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја и неј­зи­ни­те лу­ѓе на стра­ни­ци­те на ор­га­нот на ССР­Н­М ќе ос­та­на­т ка­ко све­дош­тво за при­зем­нос­та на ду­хот на они­е што де­нес го соз­да­ва­ат јав­но­то мис­ле­ње, а за сту­ден­ти­те по но­ви­нар­ство ка­ко по­у­ка ка­ко не сме­е да се пи­шу­ва во се­ри­о­зен ин­фор­ма­тор.

Ко­га сме ве­ќе кај ме­ди­у­ми­те, си зе­ма­м сло­бо­да да ука­жа­м на ед­на сим­пто­ма­тич­на под­роб­ност! Д-р Ва­сил Ту­пур­ков­ски, ка­ко што е поз­на­то, сѐ уш­те не нап­ра­вил пар­ти­ја. За­се­га са­мо ја на­ја­ву­ва, со то­а што на прог­ра­ма­та ќе тре­ба да се че­ка уш­те дол­го. Ако доб­ро раз­брав, та­а ќе би­де об­ја­ве­на на два ме­се­ци пред из­бо­ри­те (!?). Фак­тот де­ка Де­мок­рат­ска­та ал­тер­на­ти­ва не­ма “по­ли­тич­ка ле­ги­ти­ма­ци­ја” (по­пис на иде­и за ко­и лу­ѓе­то би се оп­ре­де­лу­ва­ле), во­оп­што не пре­че­ла тие, спо­ред збо­ро­ви­те на ид­ни­от прет­се­да­тел, (на не­ви­де­но!) ма­сов­но да ѝ прис­та­пу­ва­ат. Неј­се!

Ко­га, пред не­ко­е вре­ме, д-р Ту­пур­ков­ски се по­ја­ви на ед­на при­ват­на те­ле­ви­зи­ја во Би­то­ла, ор­га­нот на ССР­Н­М му по­све­ти ед­на чет­врти­на од сво­ја­та ог­ром­на стра­ни­ца. Од то­а пи­са­ни­е дознав­ме, ме­ѓу дру­го­то, де­ка Ци­ле им по­ну­дил со­ра­бот­ка на “си­те пар­ти­и во Ма­ке­до­ни­ја” (!?). Кол­ку ова е точ­но, не знам, но зна­м де­ка ми­ри­са на жел­ба за об­но­ва на не­ко­гаш­ни­от На­ро­ден фрон­т (од кој по­доц­на нас­та­на ССР­НМ). Не е нор­мал­но ед­на нор­мал­на пар­ти­ја да би­де го­то­ва да со­ра­бо­ту­ва со се­ко­го (и про­тив/со они­е што јав­но но­са­т кар­ти на “Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја”?). Јас­но е, ме­ѓу­тоа, де­ка си­ли­те што со­ну­ва­ат за ста­ри­те до­бри вре­ми­ња по­и­та­а да му спрос­тра­т цр­вен те­пи­х на нас­лед­ни­кот на Прет­се­да­те­лот.

Иста­та не­де­ла г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски, има­ше ис­то тол­ку дол­го ин­тер­вју на ед­на дру­га би­тол­ска при­ват­на те­ле­ви­зи­ја, а спо­ме­на­ти­от ор­ган го удос­то­и со ед­на по­лу­ре­че­ни­ца кол­ку да им ка­же на сво­и­те клас­но свес­ни чи­та­те­ли де­ка не­го­во­то “при­сус­тво на би­тол­ска­та по­ли­тич­ка сце­на би­ло, всушност, јав­на под­дршка на кан­ди­да­ту­ра­та на ВМРО-ДПМ­НЕ”.

Па и бе­ше! То­а не го кри­ја­т ни Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, ни­ту пак неј­зи­ни­от ли­дер: ти­е не са­мо што не­ма­ат на­ме­ра да го по­вам­пи­ру­ва­ат бла­го­по­чи­на­ти­от ССР­НМ, ту­ку, нап­ро­тив, прог­ра­мски се оп­ре­де­ле­ни да ја по­могнат единстве­на­та ав­тен­тич­на ма­ке­дон­ска опо­зи­ци­о­на пар­ти­ја за да мо­же еден ден, ме­ѓу дру­го­то, да се пре­ис­пи­та и за­ко­ни­тос­та на се­гаш­ни­ве при­ва­ти­за­ци­и (па и та­а на ор­га­нот на ССР­НМ).

И пок­рај си­те суш­тес­тве­ни раз­ли­ки по­ме­ѓу Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја и ВМРО-ДПМ­НЕ, две­те пар­ти­и се це­лос­но сог­лас­ни во пот­ре­ба­та ко­неч­но да се из­врши де­мок­рат­ски прев­ра­т во Ма­ке­до­ни­ја. То­а мо­же да го сто­ри го­ле­ма пар­ти­ја, а Ли­га­та са­мо да по­мог­не во тоа. (Се на­де­ва­м де­ка Прет­се­да­те­лот на ре­пуб­ли­ка­та не­ма пак да ме ви­ка на раз­го­вор и да ме убе­ду­ва де­ка со ова Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја мно­гу ќе за­гу­бе­ла од сво­јот реј­тинг.)

Не тре­ба мно­гу па­мет за да се сфа­ти де­ка при­ка­жа­но­то ин­фор­ми­ра­ње е да­ле­ку од неп­рис­трас­но, не­за­вис­но, ви­со­коп­ро­фе­си­о­нал­но но­ви­нар­ство (има­м впе­ча­ток де­ка во тој пог­лед ра­бо­ти­те стоја­т уш­те по­ло­шо одош­то во вре­ме­то на ед­но­у­ми­е­то. То­гаш ба­ре­м soysuz-кре­а­ту­ри­те не сме­е­ја јав­но да ждри­га­ат!).

A propos, ко­га ве­ќе ги спом­нав алу­зи­и­те на ор­га­нот на ССР­Н­М на смет­ка на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, ред е да ги спо­ме­на­м (ка­ко илус­тра­ци­ја за еден одам­на поз­на­т ме­тод на лич­ни дис­ква­ли­фи­ка­ции) и ти­е на смет­ка на неј­зи­ни­от ли­дер: “но­во­пе­чен ко­лум­нис­т и та­лен­ти­ран ад­во­кат, ко­му што иг­ри­те на сре­ќа му би­ле оми­ле­на те­ма”. По­след­но­во, мо­ра да приз­нам, ми е со­се­ма не­јас­но! Нас­тра­на фак­тот де­ка ти­е ква­ли­фи­ка­ти­ви очиг­лед­но не­ма­ат врска ни со не­го­ва­та пар­ти­ја ни­ту пак со неј­зи­на­та прог­ра­ма!

Г. Тор­тев­ски пи­шу­ва и во ДНЕВ­НИ­К и не рет­ко зна­е ду­хо­ви­то да по­го­ди во нерв. Од дру­га стра­на, тој не се сли­ка во друш­тво на во­ди­те­ли на иг­ри за сре­ќа, што му ја раз­га­лу­ва­ат ду­ша­та на ма­ке­дон­ски­от на­род со “ЏО­КЕР вре­ден ми­ни­он де­на­ри”, ни­ту пак ста­нот за од­мор во Пеш­та­ни го до­бил на БИН­ГО. Прос­то, си го ку­пил на нај­ста­ро­мо­ден на­чин! Да се ши­ри та­му на ту­ѓо, ве­ро­јат­но би им бил сим­па­ти­чен…

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.