Search
Close this search box.

КОИТУС БЕЗ ПЕНЕТРАЦИЈА

04.03.1998

Еј, бе­ља ра­бо­та! За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја пак зап­на не­ка­де во соб­ра­нис­ки­те ку­ло­а­ри. Ни­е од стра­на (да не ре­чам: аут­сај­де­ри­те) мис­лев­ме: за­кон ка­ко за­кон: тре­ба са­мо да се со­бе­ра­т на ед­но мес­то не­кол­ку ум­ни лу­ѓе и она што е пра­ве­но ил­јад­ни­ци па­ти во на­ши­от пар­ла­мент, да се нап­ра­ви и по ил­ја­да и прв пат. Осо­бе­но ни­е “кри­ми­но­ло­зи­те” бев­ме во заб­лу­да мис­леј­ќи де­ка ту­ка мо­же да по­могнат не­ко­и ана­ло­ги­и со обеш­те­ту­ва­ње на жрт­ви­те во кри­вич­но­то пра­во.

Ко­га кра­де­цот (на ста­рос­ло­вен­ски: “тат”) ќе се фа­ти  на лег­ло, се пра­ви по­пис на си­те ра­бо­ти за ко­и ор­га­ни­те на про­го­нот сме­та­ат де­ка не му при­па­ѓа­ат. Па, она што е при­ја­ве­но ка­ко ук­ра­де­но, а се иден­ти­фи­ци­ра со неш­то од фа­те­на­та “сто­ка”, по крат­ка по­ста­пка ѝ се вра­ќа на жрт­ва­та.  Ра­бо­ти­те што не мо­же та­ка лес­но да се иден­ти­фи­ци­ра­ат или чиј­што соп­стве­ни­к ос­та­ну­ва непоз­на­т до кра­јот на по­ста­пка­та, ста­ну­ва­ат држав­на соп­стве­ност.

Ова­а на­ви­дум ед­нос­тав­на ло­ги­ка нè ра­ко­во­де­ше нас од Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја (од неј­зи­но­то ос­но­ва­ње до де­нес) да нас­то­ју­ва­ме врз вра­ќа­ње на имо­ти­те што по­во­е­на­та влас­т ги ук­ра­де од по­ра­неш­ни­те соп­стве­ни­ци. А ги кра­де­ше на си­те мож­ни на­чи­ни: со кон­фис­ка­ци­и на имо­тот на ли­ца осу­де­ни за пре­дав­ство на тат­ко­ви­на­та (за­то­а што со­ра­бо­ту­ва­ле со неп­ри­ја­те­лот, а не рет­ко за­то­а што со­ра­бо­ту­ва­ле и со нив са­ми­те, со т.н. аван­гар­да на про­ле­та­ри­ја­тот), со на­ци­о­на­ли­за­ции, ек­спроп­ри­ја­ции, ко­ма­са­ции, арон­да­ци­и итн. итн. По­не­ко­гаш ду­ри и без как­ва и да е прав­на ос­но­ва: спо­ред мак­си­ма­та “Што е твое, то­а е мое, што е мое, то­а те­бе не ти е гај­ле!”.

За “Ви­ла­та Шка­перда”, на при­мер, има­ме пи­шан до­ку­мен­т де­ка му е од­зе­ме­на на соп­стве­ни­кот за­то­а што со­ра­бо­ту­вал со оку­па­то­рот (им про­да­вал гра­де­жен ма­те­ри­јал, ка­ко и на си­те што до­а­ѓа­ле да го ку­пат). И то­а не би би­ло ниш­то чуд­но! Да е са­мо тоа! Во ис­та­та пре­су­да по­ви­со­ки­от суд, ме­ѓу­тоа, ре­ша­вај­ќи по жал­ба на осу­де­ни­от пре­дав­ник, нед­вос­мис­ле­но ут­врдил де­ка тој, всушност, со­ра­бо­ту­вал и со дви­же­ње­то на от­по­рот: ги по­ма­гал пар­ти­за­ни­те!

Да, ве­ли во ис­та­та пре­су­да ве­ле­у­че­ни­от (клас­но све­сен) су­ди­ја, дол­го­го­ди­шен про­фе­сор на Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, об­ви­не­ти­от им по­ма­га­ше на пар­ти­за­ни­те, но ко­га? То­а го пра­вел ду­ри поч­ну­вај­ќи од 1943 го­ди­на, ко­га (бел­ки) и врап­чи­ња­та на гран­ки­те зна­е­ле де­ка е го­то­во со фа­шиз­мот!

Как­ва врска има се­га ова со за­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја? Не­ма мно­гу го­ле­ма врска, ос­вен што ју­но­ши­те од СД­СМ не про­пуш­та­ат овој клас­но све­сен, та прес­ве­сен су­ди­ја (и про­фе­сор) да го ан­га­жи­ра­ат ка­ко вр­вен стру­ч­ња­к за вра­ќа­ње на ог­ра­бе­ни­те имо­ти. Ка­ко што ста­ри­те, ока­па­ни ко­му­нис­тич­ки влас­тод­ршци, ко­и зав­рши­ја во Ака­де­ми­ја­та, од­не­на­деж по­чув­ству­ва­а им­пул­с да нап­ра­ва­т под ста­ри де­но­ви”Стра­те­ги­ја за раз­вој”. Как­ви ав­то­ри, так­ва стра­те­ги­ја. Да сме жи­ви па да ви­ди­ме што раз­вој ќе би­те тоа. Јас на не­как­во “Син­га­пур­ско чу­до” или на “Ја­пон­ски бум” се­пак не се на­де­вам. Да ви­ду па не ве­ру­ју!

Пред не зна­м кол­ку вре­ме, на ова ис­то мес­то, пи­шу­вав на ова­а ис­та те­ма, за нас­то­ју­ва­ња­та на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја за до­не­су­ва­ње за­кон за вра­ќа­ње на имо­ти­те на ог­ра­бе­ни­те “клас­ни неп­ри­ја­те­ли” на по­во­е­ни­те ко­му­нис­ти (од­нос­но на они­е што до не­о­дам­на се прет­ста­ву­ва­а ка­ко так­ви). Пред не­кој ден го чи­та­м ор­га­нот на ССР­Н­М и не мо­жа­м да се из­на­чу­дам: не­ко­ја мо­мич­ка пи­шу­ва за нај­но­во­то од­ла­га­ње на до­не­су­ва­ње­то на овој за­кон и, ве­ру­ва­ле или не, ја ко­рис­ти ре­чи­си бук­вал­но поз­на­та­та “ан­ти­ко­му­нис­тич­ка” фра­зе­о­ло­ги­ја на Ли­га­та: попра­ва­ње на нај­бол­ни­те зла нап­ра­ве­ни по вој­на­та.

Ова не е прв па­т да ги препоз­на­е­ме на­ши­те прог­ра­мски оп­ре­дел­би во тек­сто­ви­те на ви­со­ки­те про­фе­си­о­нал­ци од ова­а ку­ќа. Се раз­би­ра, ни­ту на мо­мич­ка­ва ни­ту пак на неј­зи­ни­те ко­ле­ги не им па­ѓа на па­мет да ја спом­на­т пар­ти­ја­та што од по­че­то­кот на плу­ра­лиз­мот се за­ла­га за иде­и­те што ти­е де­нес ги пел­те­ча­т ка­ко ло­шо на­у­чен урок. Нап­ро­тив, убе­де­ни де­ка “quod non est in Nova Macedonia, non est in mundo” (што го не­ма во ор­га­нот на ССР­НМ, го не­ма на све­тов), ти­е ве­ро­јат­но сме­та­ат оти со сво­јот (пре)мол­к да­ва­ат при­до­нес кон рес­тав­ра­ци­ја на нај­до­бри­от од си­те мож­ни по­ре­до­ци на све­тот.

Ту­ку, да не се од­да­ле­чу­ва­м од те­ма­та: За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја се од­ла­га на не­оп­ре­де­ле­но вре­ме. Ги чи­та­м на­вод­ни­те при­чи­ни: то­а би­ло гри­жа на вла­да­та, да не ста­ри­те газ­ди им на­мет­на­т ки­ри­и од по 2000 ДМ на ста­на­ри­те од згра­ди­те што тре­ба да се де­на­ци­о­на­ли­зи­ра­ат! Е, за да не се слу­че­ло тоа, за­ко­нот се од­ла­га ка­ко и тол­ку па­ти до се­га.

Са­мо се­га не ќе мо­же да се од­ла­га бес­ко­неч­но: свет­ски­те бан­ка­ри ед­наш ѝ по­ве­ру­ва­а на “жи­ми мај­ка!” на та­а ис­та вла­да и ѝ ги да­до­а кре­ди­ти­те што ѝ тре­баа. То­а во ид­ни­на не­ма да се пов­то­ри. А за­ко­нот се­пак не ќе мо­же да би­де ва­ков ка­ков што го предла­га вла­да­та: де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја со ко­јаш­то не се вра­ќа прак­тич­но ниш­то. То­а што та­а го предла­га во сек­со­лош­ки жар­гон се на­ре­ку­ва “ко­и­тус без пе­нет­ра­ци­ја”!

Кој не зна­е што е ова чу­до, не­ка не се сра­ми да пра­ша не­кој по­вер­зи­ран во сек­сот. Прос­ти­от на­род то­а по­и­на­ку го ве­ли, са­мо што јас не сме­а­м да го ци­ти­рам.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.