Search
Close this search box.

НА ДЕ­ЦА­ТА ИМ СЕ ПОТ­РЕБ­НИ ЧО­КО­ЛА­ДИ

08.04.1998

На вре­ме­то, ко­га жи­ве­ев­ме во нај­до­бри­от од си­те мож­ни по­ре­до­ци на све­тов и ве­ков, имав теш­ки неп­ри­ли­ки со Единстве­на­та пар­ти­ја и со неј­зи­на­та држав­на без­бед­нос­т (при­чи­на: поврза­нос­та со над­во­реш­ни­от неп­ри­ја­тел!).

Нај­бе­нигна по­след­ица од ти­е не­вол­ји (опи­ша­ни во мо­ја­та со­ти­ја СТРУ­ЧЕН ТРУД, об­ја­ве­на десети­на го­ди­ни по­доц­на) бе­ше мо­е­то ек­ско­му­ни­ци­ра­ње од јав­нос­та: во Ма­ке­до­ни­ја ни­кој жи­в (ос­вен во мо­ја­та ма­тич­на ку­ќа, во ГО­ДИШ­НИК-от на Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, ед­наш го­диш­но) не сме­е­ше да об­ја­ви ни­ту еден ред од ме­не. Ка­ко чо­век од на­у­ка­та пре­жи­ве­ав објаву­вај­ќи се­вер­но од Та­ба­нов­ци.

То­а тра­е­ше не­кол­ку го­ди­ни. Сè до де­нот ко­га ми се ја­ви г. Ни­ко­ла Мла­де­нов (то­гаш гла­вен и од­го­во­рен уред­ни­к на ед­но спи­са­ни­е со из­ра­зе­но соц-ре­а­лис­тич­ко име – МЛАД БО­РЕЦ) и пред­ло­жи да нап­ра­ви ин­тер­вју со ме­не. Пред­ло­жи и го нап­ра­ви. Се­га ве­ќе не се се­ќа­ва­м да­ли раз­го­во­рот го во­де­ше тој или не­кој друг од ку­ќа­та, но то­а не е ни важ­но.

Важ­но е, ме­ѓу­тоа, де­ка и по­доц­на, во муг­ри­те на плу­ра­лиз­мот, г. Ни­ко­ла Мла­де­нов бе­ше прв и единствен уред­ни­к што одо­бри на стра­ни­ци­те на не­го­во­то спи­са­ни­е (бес­плат­но!) да се об­ја­ви по­ли­тич­ка­та пла­т­фор­ма и прог­ра­ма­та на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја со прис­тап­ни­ца. За зна­че­ње­то на тој не­гов гес­т не­ка по­слу­жи ова­а спо­ред­ба: де­нес не­ко­и не­за­вис­ни вес­ни­ци (да не ре­ча­м кои) не са­ка­ат да об­ја­ву­ва­ат прис­тап­ни­ци ду­ри ни ко­га сте спрем­ни да им пла­ти­те (ос­вен ако не сте Ци­ле На­ци­о­на­ле, се раз­би­ра).

От­то­гаш од­гле­ду­ва­м при­ја­тел­ски чув­ства спре­ма овој млад џентл­мен, иа­ко го гле­да­м ед­наш во три-че­ти­ри го­ди­ни, на ми­ну­ва­ње, на не­кој кок­тел или пре­ку про­зо­ре­цот од не­ко­ја пи­це­ри­ја, ка­де што во­ди важ­ни по­ли­тич­ки раз­го­во­ри. Искре­но се на­де­ва­м де­ка и г. Мла­де­нов од­гле­ду­ва слич­ни чув­ства спре­ма ме­не, а уш­те по­ис­кре­но се на­де­ва­м де­ка та­ка ќе би­де и в ид­ни­на, без ог­лед на она што са­кам да го на­пи­ша­м во про­дол­же­ни­е­то на мо­јов на­пис.

Де­нес г. Мла­де­нов е ди­рек­тор и гла­вен и од­го­во­рен уред­ни­к на ФО­КУС. Во ед­на при­го­да, ко­га еден ра­сен прет­став­ни­к на здра­ви­те ле­ви си­ли за не­го­ви­от вес­ни­к ре­че де­ка бил “жолт”,. г. Мла­де­нов, на мо­е го­ле­мо за­до­вол­ство, бр­зо, ин­те­ли­ген­тно и ан­то­ло­гис­ки конциз­но му одговори на ти­пот: “По­доб­ро жол­т одош­то цр­вен!” и ги пле­ни ср­ца­та на си­те што го сле­деа. Речи­си пол­ни че­ти­ри го­ди­ни нај­чи­та­на стра­ни­ца во тој вес­ни­к е шар­ман­тна­та ко­лум­на “Мај­ку ти Бож­ју”, ко­ја ја пот­пи­шу­ва ни по­ве­ќе ни по­мал­ку ту­ку по­кој­ни­от Јо­сип Броз лич­но. Во неа, во по­след­ни­от број (од 3 ап­рил 1998 го­ди­на), Јо­сип Броз, ме­ѓу дру­го­то, ве­ли:

“Не­дос­та­так од­го­вор­нос­ти јес­те оно што ме­не бри­не, дру­га­ри­це и дру­го­ви (…) мо­ра­м ука­за­т да мис­лим о ма­лој Т.П. Зар се ње­на мај­ка, да­нас, мо­ра зак­ли­ња­ти Биб­ли­ји да ни­кад ни­ко­ме ни­је да­ла пра­во ин­вес­ти­ра­т у ње­ну кќер? Јер, об­зи­ром на тржи­ш­ну ори­јен­ти­ра­ност, мо­же прихватити са­мо при­се­гу на штед­ну ТА­Т књи­жи­цу… Мис­лим, ка­ко ќе ма­ла Т. за де­се­так го­ди­на ре­а­ги­ра­т кад ум­јес­то 80, на штед­ној књи­жи­ци бу­де има­ла 880 ти­су­ќа ма­ра­ка, а да ни­кад ни­је у Биб­ли­ју, т.ј. ТА­Т вје­ро­ва­ла? Ка­ко ќе она својим дру­га­ри­ца­ма и дру­го­ви­ма об­јас­ни­т одак­ле су јој па­ре, кад да­нас ње­ни ро­ди­те­љи и нај­бли­жи­ма не доз­во­ља­ва­ју да ка­о ис­при­ку за непок­ло­ње­ну чо­ко­ла­ду на књи­жи­цу при­ло­же ко­ју де­се­ти­ну ти­су­ќа ма­ра­ка!? На­рав­но да са­мо они који има­ју ис­пра­ван прис­туп од­го­ју дје­це зна­ју как­ве ќе све то фрус­тра­ци­је про­узро­чи­т на ма­лу Т… Ма­ле ќе ко­рис­ти по ње­н пси­хо­фи­зич­ки раз­вој има­т чи­ње­ни­ца у ко­јој је ка­ва­ни те­та Ви­о­ле­та да­ла мами Пе­шев­ној, од дру­га­ри­це Шун­де нов­це да би то отиш­ло на књи­жи­цу. Дје­ца не је­ду мар­ке, њи­ма тре­ба­ју чо­ко­ла­де…”.

По­ме­ѓу мо­јов ци­та­т и ФО­КУС-ови­от ори­ги­нал има са­мо ед­на ма­ла раз­ли­ка: ори­ги­на­лот ги не­ма ини­ци­ја­ли­те Т.П., ту­ку ги ко­рис­ти пол­но­то име и пре­зи­ме на ед­но де­те од 5-6 го­ди­ни што, ни кри­во ни долж­но, од­не­на­деж се нај­де во ви­о­рот на афе­ра­та ТАТ. Овој па­сус е при­чи­на за ед­но горчли­во чув­ство што ми се ро­ди при чи­та­ње­то. Не са­кам да по­ми­на­м мол­кум пре­ку ова, зашто ми се чи­ни де­ка со то­а и јас (ка­ко и ав­то­рот на ху­мо­рис­тич­на­та ФО­КУС-ова ко­лум­на) ќе нап­ра­ва­м грев што ќе ми те­жи в ид­ни­на врз ду­ша­та. Во што е по­кон­крет­но проб­ле­мот (или “гре­вот”, ако са­ка­те).

Еве во што е! Да бе­ше Т.П. ма­ло­ле­тен де­лик­вент, кој сто­рил кој­зна­е кол­ку теш­ко кри­вич­но дело (убис­тво, про­вал­на краж­ба, па­леж) ФО­КУС-ови­от ко­лум­нис­т ќе мо­ра­ше да ја зна­е и да ја по­чи­ту­ва од­ред­ба­та од член 446 став 2 ЗКП (За­ко­нот за кри­вич­на­та по­ста­пка), што заб­ра­ну­ва не са­мо да се на­ве­де име­то и пре­зи­ме­то на ма­ло­лет­ни­от прес­тап­ник, ту­ку “и дру­ги по­да­то­ци врз ос­но­ва на ко­и би мо­же­ло да се зак­лу­чи за кој ма­ло­лет­ни­к ста­ну­ва збор”. За­ко­нот, све­сен за крев­кос­та, чув­стви­тел­нос­та, кр­ш­ли­вос­та на при­ро­да­та на ма­ло­лет­ни­кот, се пот­ру­дил да го зашти­ти од се­как­во спом­ну­ва­ње што де­нес или ут­ре би мо­же­ло да се од­ра­зи врз не­го, врз пона­та­мо­шен раз­ви­ток и оп­ста­нок.    

Де­ка ова не е из­мис­ле­на гри­жа све­до­чи таж­на­та бе­леш­ка во еден наш дне­вен вес­ник, спо­ред ко­ја, ед­но де­тенце во Фин­ска се са­мо­у­би­ло са­мо за­то­а што дру­га­ри­те, по не­го­во­то от­сус­тво прет­ход­на­та не­де­ла, го исме­ва­ле твр­деј­ќи де­ка тој, всушност, бе­гал од учи­лиш­те. Ако ова е мож­но (а, еве, се слу­чи­ло, не дај Бо­же да се пов­то­ри!), ќе се сог­ла­си­те де­ка исме­ва­ње­то на едно ни кри­во ни долж­но де­тенце пре­ку вес­ни­ци е мно­гу, мно­гу по­нес­пра­вед­ли­во, да не употре­ба­м не­кој по­те­жок збор.

И се­га, ако ва­ка за­кон­ски стоја­т ра­бо­ти­те ко­га е во пра­ша­ње ма­ло­ле­тен де­лин­квен­т (што ќе рече: прес­тап­ник), до­тол­ку по­ве­ќе би мо­ра­ло да би­де та­ка ко­га ста­ну­ва збор за ма­ло­лет­но лице што не сто­ри­ло ни­ка­ков прес­тап спо­ред на­ши­те за­ко­ни. Спом­на­та­та Т.П. од са­ти­рич­на­та ко­лум­на на ФО­КУС не е прес­тап­ник, ту­ку злат­но ма­ло де­вој­че, чи­иш­то го­ди­ни мо­же да се избро­ја­т на пр­сти­те од ед­на­та ра­ка. Крот­ко, ми­ло суш­тес­тво што ни мрав­ка не згаз­на­ло (впрочем, тол­ку ма­леч­ко и не­ја­ко, што ду­ри и да ја згаз­не, не­ма да и наш­те­ти на мрав­ка­та). А се­пак, то­а не му пре­че­ло на ФО­КУС-ови­от ко­лум­нис­т и на мно­гу не­го­ви ко­ле­ги но­ви­на­ри без как­во и да е сте­га­ње да го пов­ле­ку­ва­ат име­то и пре­зи­ме­то на ова не­ви­но суш­тес­тво по весници­те во врска со афе­ра­та ТАТ.

При­то­а (и то­а е неш­то мош­не жал­но, а сим­пто­ма­тич­но за сос­тој­ба­та на ду­хо­ви­те кај нас), овој но­ви­нар­ски ре­зил се пра­ви свес­но, об­мис­ле­но. За твр­де­ње­во не­ка по­слу­жи фак­тот де­ка ти­е ис­ти из­вес­ту­ва­чи, на вре­ме­то, (фа­ла му на Бо­га!) не го спом­на­а име­то на ќер­ка­та на ед­на на­ша ми­нис­тер­ка, ко­ја, под ис­то тол­ку не­рас­вет­ле­ни окол­нос­ти, се нај­де на лис­та­та на ште­да­чи­те на ТАТ.

Тре­ба ли да мис­лам: ми­нис­тер­ка­та е ак­ту­ел­на власт, а влас­та е моќ, ко­ја мо­же да уд­ри по прсти­те. Тат­ко­то на ма­ла­та Т.П. е бив­ш ми­нис­тер, па, ка­ко та­ков, бе­зо­па­сен. Спре­ма не­го (и спре­ма не­го­ви­те) не мо­ра да се има об­ѕи­ри?! Ду­ри и да сме оп­рав­да­но огор­че­ни (па от­та­му и од­маз­до­љу­би­ви) спре­ма не­ко­гаш­ни­те го­ле­ми­ни, се­пак тре­ба да го пуш­ти­ме на ми­ра нив­но­то ма­ло­лет­но, не­ја­ко по­том­ство. Де­ца­та не­ма­ат ви­на за евен­ту­ал­ни­те гре­во­ви на сво­и­те родители. Не­кој го­ле­м чо­век ре­кол (ци­ти­ра­м по се­ќа­ва­ње) де­ка со ни­ка­ков ин­те­рес, со никаква иде­о­ло­ги­ја не мо­же и не сме­е да се оп­рав­да пре­диз­ви­ку­ва­ње­то на ед­на дет­ска сол­за. А ова пи­шу­ва­ње, еден ден или друг, ќе би­де при­чи­на за мно­гу горчли­ви сол­зи на ма­ла­та Т.П. То­а е си­гур­но! За­тоа, пи­шу­ва­ње­то на мо­јот драг ко­лум­нис­т ми да­ва пра­во, со се­та се­ри­оз­ност, јав­но да го по­со­ве­ту­ва­м што поб­ргу да се же­ни и да ста­не тат­ко за да по­чув­ству­ва кол­ку мно­гу гре­ши ко­га за ед­на не­ви­на ду­шич­ка не­ма ни тол­ку чо­веч­ки об­ѕи­ри кол­ку што спо­ред за­ко­нот би мо­рал да ги има и спре­ма нај­ло­ши­от, нај­ра­си­па­ни­от (де­сет го­ди­ни по­стар) ма­ло­ле­тен делик­вент.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.