Search
Close this search box.

ОРОС­ПИ­ЈА­ТА ОД ВА­ВИ­ЛОН

04.02.1998

Пред пет-шес­т го­ди­ни, во свој­ство на прет­се­да­тел на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, се сог­ла­сив да про­го­во­ра­м неш­то за “ма­ке­дон­ски­те ра­бо­ти” за ед­на гер­ман­ска те­ле­ви­зис­ка ку­ќа (АРД, ако не се ла­жам). 3на­ев де­ка Гер­манци­те се вни­ма­тел­ни, пе­дан­тни лу­ѓе, ко­и не­ве­ро­јат­но од­го­вор­но се од­не­су­ва­ат спре­ма то­а што го ра­бо­тат, па се­пак, бев из­не­на­ден од ин­фор­ми­ра­нос­та на да­ма­та што пред ТВ-ка­ме­ри­те го во­де­ше раз­го­во­рот ко­га ми го по­с­тави пра­ша­ње­то со ко­е поч­нав­ме:

– Гос­по­ди­не про­фе­со­ре, ви­е не­о­дам­на из­ја­вив­те де­ка Ев­ро­па е курва…

Мо­ра­м да приз­на­а­м де­ка не ми бе­ше при­јат­но што да­ма­та го зна­е то­а што не­ка­де на­вис­ти­на го бев ре­кол. “Да гос­по­ѓо, го ре­ков то­а ка­ко ци­тат”, гла­се­ше мо­јот од­го­вор. По­то­а (не прем­но­гу оп­шир­но) и ја рас­ка­жав при­каз­на­та за ци­та­тот.

Ѝ ја рас­ка­жав таж­на­та при­каз­на за Илин­ден­ско­то вос­та­ни­е од 1903 го­ди­на, ко­га Ев­ро­па не мрдна со пр­ст за да му по­мог­не на ма­ке­дон­ски­от на­род. Вос­та­ни­е­то бе­ше за­ду­ше­но во крв, а ма­ке­дон­ски­от на­род, кој сè уш­те не­ма­ше ли­те­ра­ту­рен ја­зи­к (ни кни­ги, вес­ни­ци, спи­са­ни­ја), го ка­жа то­а што го мис­ле­ше и чув­ству­ва­ше за Ев­ро­па пре­ку пес­на. А та­а пес­на ја на­ре­ку­ва­ше Ев­ро­па – “Ва­ви­лон­ска блуд­ни­ца”. По­те­м по­ми­на ре­чи­си цел еден век. Ју­гос­ла­ви­ја се рас­пад­на без ви­на на Ма­ке­до­ни­ја. Ев­ро­па уш­те ед­наш се нај­де во неб­ра­но, не зна­еј­ќи што да пра­ви. И, ка­ко што ве­ќе во­о­би­ча­е­но се пра­ви во так­ви при­ли­ки, та­а ја соз­да­де Ар­бит­раж­на­та ко­ми­си­ја на че­ло со не­ко­гаш­ни­от прет­се­да­тел на Устав­ни­от суд на Франци­ја, г. Ба­ден­тер, а во ко­ја бе­ше член и се­гаш­ни­от прет­се­да­тел на Со­јуз­на Ре­пуб­ли­ка Гер­ма­ни­ја, г. Хер­цог, со тврда бе­са де­ка ќе го по­чи­ту­ва неј­зи­ни­от суд. (Впро­чем, за то­а и се пра­ва­т ар­бит­раж­ни­те ко­ми­сии!). Ко­ми­си­ја­та на г. Ба­ден­тер пре­су­ди де­ка Ју­гос­ла­ви­ја се рас­пад­на­ла, а од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки са­мо Сло­ве­ни­ја и Ма­ке­до­ни­ја ги ис­пол­ну­ва­ат ус­ло­ви­те да би­да­т приз­на­е­ни ка­ко су­ве­ре­ни држа­ви.

Ев­ро­па уш­те ед­наш го по­ка­жа сво­е­то ли­це: та­а е за по­чи­ту­ва­ње на пра­во­то, та­а е за по­чи­ту­ва­ње на до­го­во­ри­те, та­а е за по­чи­ту­ва­ње на ар­бит­ра­жи­те, но са­мо ко­га е та­а во пра­ша­ње. Се­то тоа, ед­нос­тав­но, не ја здол­жу­ва­ше ко­га бе­ше во пра­ша­ње Бал­ка­нот. И та­а ре­ши: да ги приз­на­е на две на три “сво­и­те” (сред­но­ев­роп­ски) зем­ји – Сло­ве­ни­ја и Хрват­ска, но не и Ма­ке­до­ни­ја.

Ти­е де­но­ви, на скоп­ски­те ѕи­до­ви се по­ја­ви гра­фи­тот “ЕЗ – курва!”. Та­ка, оми­ле­но­то из­раз­но сред­ство на мла­да­та ге­не­ра­ци­ја (ко­ја ве­ќе не ги зна­е таж­ни­те по­и­лин­ден­ски на­род­ни пес­ни) го ис­ка­жа ис­ти­от суд за Ев­ро­па ка­ко и ано­ним­ни­от на­ро­ден тво­ре­ц по 1903.: “Е(uropaiche) G(emeinschaft) – Dirne!” “То­а бе­ше, ка­ко што гле­да­те, гос­по­ѓо, ци­та­т со кој јас лич­но со­се­ма се сог­ла­су­вам!” Што збо­ру­вав­ме по­на­та­му ве­ќе не се се­ќа­вам, а не е ни важ­но.

На тој дел од раз­го­во­рот, ме­ѓу­тоа, се се­тив де­но­ви­ве ко­га првин ше­фот на држа­ва­та, а по­те­м и не­го­ви­от прв ра­зуз­на­вач, фа­ти­ја да нѐ под­гот­ву­ва­ат за фа­моз­ни­от ко­ри­дор Ко­со­во – Ал­ба­ни­ја, кој ќе се нап­ра­вел (ако доб­ро раз­брав) пов­тор­но со по­мош на Ев­ро­па за да мо­же сто­ти­ци­те ил­ја­ди бе­гал­ци да се ис­та­ве­ле пред те­ро­рот на Ми­ло­ше­ви­ќ во прег­рат­ки­те на сво­ја­та ма­тич­на држа­ва.

Сѐ се пла­ша­м да не ос­та­не­ме пак “со пр­стот в ус­та” (ка­ко што чес­то има­ше оби­чај да ве­ли еден пра­те­ни­к од прво­то сви­ку­ва­ње на на­ши­от Пар­ла­мен­т по не­за­вис­нос­та), ка­ко што ос­та­ну­вав­ме тол­ку­па­ти до­се­га ко­га ѝ ве­ру­вав­ме на Ев­ро­па.

Тре­ба ли не­ко­го да го пот­се­ту­ва­м на по­ве­де­ни­е­то на ста­ра­та да­ма за вре­ме на сан­кци­и­те спре­ма Срби­ја и Цр­на Го­ра: Ма­ке­до­ни­ја; ко­ја мо­ра­ше да се прид­ржу­ва кон сан­кци­и­те спре­ма сво­јот нај­зна­ча­ен сто­пан­ски пар­тнер (се твр­де­ше де­ка 60% од она што го про­из­ве­ду­ва­ме оди кај се­вер­ни­от со­сед) прет­рпе ог­ром­ни ште­ти, а ни­кој во Ев­ро­па не мрдна со пр­ст да ни го олес­ни то­ва­рот за кој не бев­ме ви­нов­ни. По­те­м дој­де ем­бар­го­то на Гр­ци­ја. Ев­ро­па се просла­ви со то­а што ја да­де на суд единстве­на­та сво­ја бал­кан­ска член­ка – Гр­ци­ја (нај­ло­шо­то што се ис­пи­ли­ло на тој прос­тор). Ја да­де, но пра­ве­ше сѐ за да не дој­де до су­де­ње. Та­ка ко­неч­но и се слу­чи: до­де­ка тра­е­ја бес­крај­ни­те би­рок­рат­ски пе­ри­пе­ти­и во врска со туж­ба­та, Гр­ци­ја, ви­де-не ви­де, го уки­на ем­бар­го­то.

И – ни­ко­му ниш­то! Но­ви­те, до­пол­ни­тел­ни ште­ти што ги прет­рпе зем­ја­ва, пов­тор­но ос­та­на­а не­на­до­мес­те­ни. А Ев­ро­па си тра­е­ше, не­ба­ре то­а во­оп­што не ја за­се­га.

Ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка, а и мно­гу­те ум­ни гла­ви во Ма­ке­до­ни­ја, не раз­би­ра­ат де­ка по­ве­де­ни­е­то на Ев­ро­па спре­ма Бал­ка­нот (из­зе­мај­ќи го грчко­то га­ле­ни­че, лул­ка­та на за­пад­на­та де­мок­ра­ти­ја) се ра­ко­во­ди од ед­на пред­ра­су­да: Бал­ка­нот е неш­то дол­но, неш­то за што Ев­ро­па збо­ру­ва са­мо пе­јо­ра­тив­но, то­а е не­ка­ков кач-бу­лу­мач од ди­ви, пре­чув­стви­тел­ни, ме­ѓу­себ­но зак­рве­ни пле­ми­ња, од ко­и мо­же да се оче­ку­ва­ат са­мо су­ро­вос­ти, вој­ни и крв до ко­ле­на.

Ма­ке­до­ни­ја пад­на на тој ев­ро-тест! На­мес­то со ре­ки крв по неј­зи­ни­те по­ли­ња, та­а се раз­дру­жи од Ју­гос­ла­ви­ја мир­но, крот­ко, не­ба­ре се де­ле­а Чеш­ка и Сло­вач­ка. Слав­на­та, непо­бед­ли­ва Ти­то­ва ар­ма­да од­не­се од Ма­ке­до­ни­ја ап­со­лут­но сѐ што мо­же­ше да од­не­се, Ма­ке­дон­че­то не мрдна со пр­ст да го бра­ни сво­јот имот (та­а и то­а пе­де­се­ти­на го­ди­ни де­ле­ше од ус­та­та 7 ли, 11 ли про­цен­ти од на­ци­о­нал­ни­от до­ход, не­ли?) Не­ка но­са­т са­мо да сме жи­ви и здра­ви. И, се чи­ни, со то­а ев­роп­ско по­ве­де­ние, ап­со­лут­но не­о­че­ку­ва­но од ед­но бал­кан­ско пле­ме, ни­е се за­ме­рив­ме со Ев­ро­па. Сѐ што пра­ве­ше по­те­м об­јек­тив­но оде­ше кон то­а ова пле­ме да се до­ве­де во си­ту­а­ци­ја ко­га ќе го по­ка­же сво­е­то вис­тин­ско вар­вар­ско ли­це.

Се­га, ко­га Ев­ро­па ја оче­ку­ва ко­сов­ска­та кла­ни­ца, ка­ко што со го­ди­ни по ред го оче­ку­ва­ше (ако не и по­са­ку­ва­ше) рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја, на ма­ке­дон­ски­от прет­се­да­тел не­кој во Ев­ро­па му ве­тил по­мош во пра­ве­ње­то ко­ри­дор. За жал, на­ши­от прет­се­да­тел (кој е не­ве­ро­јат­но шар­ман­тен слу­ша­тел, да ти е ме­рак да раз­го­ва­раш со не­го) ни­ко­гаш не при­мил со­вет од ко­го и да е. За­тоа, не­ма ни да се оби­ду­ва­м ва­ка пре­ку вес­ник, да му со­ла­м па­мет.

Има са­мо ед­но неш­то што ми да­ва на­деж за ид­ни­на­та: ни­ед­но пред­ви­ду­ва­ње на г. Гли­го­ров до­се­га не се ос­тва­ри­ло: не­ли ни ве­ти јав­но де­ка нек­ро­фил­ски­от ево­ка­ти­вен ак­ро­ним ќе бил за два-три ме­се­ца. От­то­гаш ми­на­а го­ди­ни, а “FYROM” и по­на­та­му ни е суд­би­на. Не­ли нѐ убе­ду­ва­ше де­ка со име­то “Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја – Скоп­је” (ко­е не­ко­му му го бе­ше ве­тил) не­ма да за­гу­би­ме ниш­то. Па, ни од то­а не ста­на ниш­то. Бел­ки ќе да­де Гос­под ниш­то да не ста­не ни од не­го­ви­от ко­ри­дор!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.