Search
Close this search box.

СА­МИ­Т ВО СЕ­ЛО­ТО БЕЗ КУ­ЧИ­ЊА

11.02.1998

За чу­до, Прет­се­да­те­лот на ре­пуб­ли­ка­та не ја по­ка­ни на прет­стој­ни­от са­ми­т Ли­га­та за демократи­ја (не­ко­гаш не­го­ва­та оми­ле­на пар­ти­ја). Лу­ѓе­то од та­а ма­ла, но (спо­ред ор­га­нот на ССР­НМ) елит­на пар­ти­ја (чиј­што по­че­сен прет­се­да­тел сум јас) се мош­не не­за­до­вол­ни од тој неоче­ку­ван гес­т на ше­фот на држа­ва­та.

Од ед­на стра­на, Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја е нор­мал­на, ле­гал­на (ре­гис­три­ра­на!) пар­ти­ја со иде­и што ни­ко­го не го ос­та­ва­ат рам­но­ду­шен (единстве­на­та пар­ти­ја во зем­ја­ва што ја по­чи­ту­ва­ат и неј­зи­ни­те по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци). Од дру­га стра­на, на лу­ѓе­то им про­пад­на прек­рас­на при­ли­ка и ти­е да од­би­ја­т да се по­ја­ва­т на са­ми­тот. При­тоа, нив­ни­те ар­гу­мен­ти за то­а про­пад­на­то неодзи­ва­ње се со­се­ма по­и­нак­ви од они­е на го­ле­ми­те опо­зи­ци­о­ни пар­тии.

Спо­ред нив (и ме­не!), име­но, има неш­то анал­фа­бет­ско во са­ма­та за­мис­ла за тој са­мит: на ис­та ма­са тре­ба да сед­на­т и да раз­го­ва­ра­ат за се­гаш­ни­на­та и за ид­ни­на­та на зем­ја­та ма­ке­дон­ски­те гра­ѓан­ски пар­ти­и и пар­ти­и­те што ода­т во Ти­ра­на и на Ко­со­во по сво­јот став за ма­ке­дон­ски­те ра­бо­ти.

Ка­ков на­ци­о­на­лен кон­сен­зус мо­же да се нап­ра­ви со пар­ти­и што има­ат са­мо ед­на единстве­на цел: де­нес или ут­ре, со ар­но или со си­ла, си­те прет­став­ни­ци на нив­ни­от на­род да жи­ве­а­т во една држа­ва? Раз­ли­ки­те по­ме­ѓу ра­ди­ка­ли­те и уме­ре­ни­те се са­мо во бр­зи­на­та по ко­ја ќе се одви­ва то­а сце­на­рио: спо­ред први­те, то­а тре­ба да ста­не уш­те де­нес (или во мно­гу блис­ка идни­на), спо­ред вто­ри­те, тре­ба да се има трпе­ни­е и да се при­че­ка до­де­ка ази­јат­ски­от наталитет на нив­ни­от на­род не ги нап­ра­ви Ма­ке­донци­те мал­цинство во нив­на­та соп­стве­на зем­ја.

За да има чо­век прет­ста­ва кол­ку е “нор­мал­на” за­мис­ла­та за Прет­се­да­те­ло­ви­от са­мит, тре­ба само да си прет­ста­ви да­ли г. Пе­тар Стоја­нов би по­ка­нил прет­став­ни­ци од ОМО ИЛИН­ДЕН, или прет­се­да­те­лот на Ати­на (слу­чај­но не му го па­ме­та­м име­то) прет­став­ни­ци на Ле­рин­ско ВИНОЖИ­ТО, на не­ка­ков бол­гар­ски или елин­ски са­ми­т на кој би тре­ба­ло да се оп­ре­де­ли национал­на­та стра­те­ги­ја и так­ти­ка. Да­ле­ку од умот!

Па, ис­то тол­ку е да­ле­ку од умот да ви кро­ја­т на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја и так­ти­ка лу­ѓе што без стега­ње из­ја­ву­ва­ат де­ка се ет­нос кој не мо­жел да се аси­ми­ли­ра во Ма­ке­до­ни­ја. Со ог­лед на то­а што при­то­а очиг­лед­но не мис­ле­ше за аси­ми­ла­ци­ја во кла­сич­на­та смис­ла на збо­рот (заш­то во ова­а зем­ја ни­кој, ни­ка­де, ни­ко­гаш и не по­мис­лу­вал да го по­ма­ке­дон­чи тој ет­нос, да му го забра­ни ја­зи­кот, да му ја сме­ни ве­ра­та) из­ја­ва­та на овој чо­век тре­ба да се сфа­ти са­мо и единстве­но во смис­ла: Ма­ке­до­ни­ја не е и не мо­же да би­де држа­ва на не­го­ви­от ет­нос. При­тоа, да на­по­ме­на­м де­ка то­а не го ка­жу­ва не­кој про­винци­ја­лен ка­фе­ан­ски по­ли­ти­чар, ту­ку еден од се­гаш­ни­те ми­нис­три во вла­да­та на г. Црвен­ков­ски. И – не го ка­жу­ва на три­би­на во с. Ли­сец, туку за еден ти­ра­жен со­фис­ки вес­ник. Го ка­жа и ос­та­на жи­в и здрав! И ми­нис­тер! То­а е мож­но са­мо и единстве­но во Ма­ке­до­ни­ја, ед­на од рет­ки­те зем­ји без ку­чи­ња на пла­не­та­та Зем­ја!

Во де­мок­рат­ска­та прав­на држа­ва Гер­ма­ни­ја по­ли­ци­ја­та (пред ТВ ка­ме­ри) крв­нич­ки ги те­па нео­на­цис­тич­ки нас­тро­е­ни­те “skinheads”-и. Во тран­зи­ци­о­на Ма­ке­до­ни­ја, зна­ме­ни­ти­от те­тов­ски кон­грес на PDSh (на оној оке­ан од мор­бид­но цр­ве­ни­ло во та­мош­ни­от дом на кул­ту­ра­та, посоле­но со без­број цр­ни двог­ла­ви ор­ли, мо­же­ше да му за­ви­ди и Нирн­берг!) ле­гал­но го обезбе­ду­ва­ше “Хит­лер­ју­генд” во уни­фор­ми што са­ка­ат да ги за­бо­ра­ва­т и са­ми­те Гер­манци.

И вод­ство­то на ед­на ма­ке­дон­ска гра­ѓан­ска пар­ти­ја тре­ба да сед­не на ис­та ма­са со ти­е лу­ѓе? Срби­те ве­лат: “С ким си, та­кав си! ” и – има­ат пра­во. Кој са­ка не­ка се­ди со нив (и не­ка се потсети на срп­ска­та из­ре­ка).

Ко­га ма­ке­дон­ски­от суд во Гос­ти­вар го осу­ди г. Ру­ф­и Осма­ни, прет­се­да­те­лот на PDSh и единстве­ни­от пла­тен вон­пар­ла­мен­та­рен пра­те­ни­к на пла­не­та­та Зем­ја пре­ку  вес­ни­ци из­ја­ви де­ка осу­де­ни­от гра­до­на­чал­ни­к не бил ви­но­вен, заш­то тој са­мо ги из­вршу­вал не­го­ви­те на­ло­зи, со то­а тој (неп­ра­шан и неп­ри­си­лен) приз­на де­ка е пот­тик­ну­вач на де­ла­та што го то­ва­ра­т г. Осма­ни.  По­себ­но пра­ша­ње е зош­то во зем­ја, што се кол­не во на­че­ло­то на за­ко­ни­тос­т во кривич­но­то пра­во, ни­кој не пок­ре­на об­ви­не­ни­е про­тив не­го (што, па­те­м ре­че­но, ќе бе­ше закон­ска преч­ка за не­го­во­то пов­тор­но кан­ди­ди­ра­ње).

Г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски чес­то (со нес­кри­е­но за­до­вол­ство!) рас­ка­жу­ва ед­на вис­ти­ни­та анегдота: на вре­ме­то, ко­га не­ма­ше ле­гал­ни при­ват­ни ме­ну­вач­ни­ци, а суд­би­на­та на па­ри­те беше мош­не не­из­вес­на, са­кал од не­ко­го (се зна­е од ко­го) да ку­пи не­ко­ја мар­ка. Швер­це­рот го препоз­нал и се­ри­оз­но му ре­кол: “Ви­е сте опас­на пар­ти­ја!” На пра­ша­ње­то “Зош­то?”, сле­дел одго­во­рот: “Заш­то се држи­те за за­кон!”.

Ете од ти­е (и од уш­те мно­гу дру­ги) при­чи­ни Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, што се оби­ду­ва да пот­се­ти на за­ко­нот и ре­дот во ед­на де­мок­рат­ска прав­на држа­ва, ќе од­би­е­ше да сед­не на ис­та ма­са со Прет­се­да­те­лот и не­го­ви­те ка­не­ти гос­ти! За жал, Ма­ке­до­ни­ја бе­ше (и ос­та­ну­ва) се­ло без кучиња, па во­оп­што не се сом­не­ва­м де­ка на­ши­от по­чи­ту­ван Прет­се­да­тел ќе си го од­ржи сво­јот са­ми­т со прет­став­ни­ци­те на они­е ма­ке­дон­ски пар­ти­и што са­ка­ат да се сли­ка­ат за МР­ТВ-ата!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.