ве поканува на

Ѓурѓовден
кај Ѓорѓи Марјановиќ

Хуманитарен концерт под покровителство на град Скопје, во чест на роденденот и именденот на Професорот, со музиката која тој најмногу ја сакаше.

logoa-GS-KIC

Традицијата продолжува

Децении наназад, 6-ти мај беше денот кога домот на Професорот беше отворен за сите.
Оваа година, таа традиција ја продолжуваме во јавниот простор, славејќи го неговиот роденден и именден со класичната музика која ја обожаваше.
Ве покануваме да бидете дел од новиот начин на кој го чуваме неговото наследство.

6 мај

Салон 19:19

20:00

Програма

Класична музика изведена од врвни музичари, во чест на споменот на Професорот

Уметнички раководител:
м-р Даница Стојанова, професор, пијанист, публицист

Фредерик Шопен: Прелудиум оп.28 бр.4

Ада Богоевска – виолончело,
Ана Манчева – пијано
(Класа: м-р Даница Стојанова)

Сергеј Рахманинов: Прелудиум оп.3 бр 2

Ана Манчева – пијано
(Класа: м-р Даница Стојанова)

Сергеј Рахманинов: Етида оп.33 бр. 7

Јован Станковиќ – пијано
(Класа: м-р Весна Ангелова Христов)

Сергеј Рахманинов: „Руска песна" и „Слава" од шесте пиеси оп. 11

Пијано дуо Ангелова / Макариевски

Арам Хачатурјан: Токата

Гала Нановска – пијано
Класа: м-р Даница Стојанова

Дмитриј Шостакович: Пет пиеси за две виолини и пијано

Марина Чадо – виолина
Тереза Крцоска – виолина
Виолета Шуковиќ – пијано

Енрике Гранадос: Романтични пиеси - Берсеза, Ленто, Алегрето, Епилог

Даница Стојанова – пијано

Џоакино Росини: увертира кон операта Страчката грабливка( La Gazza Ladra)

Пијано дуо Гелебешеви

Глигор Смокварски: Тешкото - фрагмент од балетот „Македонска повест"

Васил Атанасов – обоа
Катерина Гелебешева – пијано

Дружење

По завршувањето на концертот Ве покануваме во фоајето на неформално дружење, со чаша вино, колачиња и споделување спомени – токму онака како што некогаш го правевме тоа во Сингелиќ.

Хуманитарна мисија

Овој концерт е повеќе од естетско доживување. Тој е можност за вистинска промена. Во соработка со Детскиот дом „11 Октомври“, целосниот приход од влезниците го насочуваме кон фондот за школување „Ѓорѓи Марјановиќ“.

Со Вашата поддршка, на децата без родители им даваме нешто многу повеќе од знаење – им даваме шанса. Шанса да научат, да напредуваат и да поверуваат во сопствената иднина. Преку јазично и дигитално описменување, им помагаме да изградат сигурна основа врз која ќе го создадат својот пат.

Нашата цел за 2026 година е да обезбедиме едногодишна едукација (англиски јазик и компјутерски вештини) за 20 деца од домот „11 Октомври“.

Со Вашата донација, Вие не сте само поддржувач – Вие сте дел од нивната приказна:

  • 1.500 денари овозможуваат еден едномесечен курс за едно дете
  • 3.000 денари обезбедуваат комплетна месечна обука (јазик + ИТ) за едно дете
  • 24.000 денари значат целосна годишна едукација за едно дете

Секој придонес, без оглед на износот, е чекор поблиску до моментот кога едно дете ќе добие шанса да го промени својот живот.

Влезници

Влезниците се обезбедуваат преку систем на донација со износ по сопствена желба. Веруваме дека секој пријател на Фондацијата најдобро ја познава својата можност и желба да го поддржи овој хуманитарен чин.

Нема фиксна цена на влезницата. Со Вашата донација, го резервирате Вашето место во салата 19:19 (капацитет: 120 места), а 100% од прибраните средства одат директно за школување на децата од домот „11 Октомври“.