Search
Close this search box.

Вклучи се

„Не прашувај што може да направи вашата земја за вас – прашајте што ВИЕ можете да направите за својата земја.“
– Џон Ф. Кенеди

Состојбата во која денес се наоѓа Македонија резултат е на долга низа од погрешни политики и злоупотреба на власта од луѓе кои примарно се грижеа за сопствениот наместо јавниот интерес. Како последица на ова однесување Македонија целосно потона во сиромаштија и стана земја во која наместо правото владеат криминалот и корупцијата. 

За да се соочиме со ова зло потребни ни се луѓе со интегритет, морални вредности, кои бескомпромисно ќе се борат за справување со корупцијата и кои ќе бидат носители на развојот на земјава. За оваа борба потребни ни се луѓе како Ѓорѓи, и тоа во голем број!

Луѓето кои го познаваа Ѓорѓи за него зборуваа со неверојатна почит, често велејќи дека таков човек нема повторно да се роди и дека токму такви луѓе и’ се потребни на земјава. Му се восхитуваа на неговата непоткупливост, способноста за дебатирање, јавно говорење, култура на однесување…

Тој веруваше во македонскиот народ, сметајќи го за особен вреден и умен. Веруваше дека иднината зависи од нас самите и во тој дух ги воспитуваше и своите деца. Велеше, „Синко, уздај се у се и у своје кљусе. Ако сакаш некоја работа добро да се заврши, заврши си ја сам. Немој да се потпираш врз други“.

Ако сакаме Македонија да ни биде пристојно место за живеење, би било бесмислено да очекуваме некој друг тоа да го стори за нас. Овде, во Фондацијата, веруваме дека здружени околу оваа заедничка цел нешто би можеле да направиме.

Земја што тонела триесет и повеќе години нема да може да се поправи во една година. Нема да се поправи ниту за десет, а можеби ќе ни биде потребно многу повеќе време. Сепак, најважно е да почнеме!

Во фондацијата веруваме дека луѓето не се раѓаат со определени особини туку се создаваат и тоа е токму она што сакаме да го направиме – да ги создадеме во што е можно поголем број.

Затоа, придружете ни се! Со ваша помош ќе работиме заеднички на остварување на оваа прекрасна цел.

Вклучи се

ДОНИРАJ

Со вашата донација ни помагате во нашата борба за враќање на вистинските вредности и изградба на подобро општество за сите идни генерации.

Верувајќи дека иднината на земјава зависи од силни лидери во секоја сфера од општественото живеење, кои имаат потенцијал да направат промени кон подобро и кои пред сé имаат личен интегритет, фондацијата заедно со поединци како вас ќе работи на нивното создавање.

ЗА ШТО ЌЕ СЕ УПОТРЕБИ ВАШАТА ДОНАЦИЈА?

Вашата донација ќе помогне Академијата на идни лидери да остане целосно бесплатна за сите учесници.

СПОНЗОРИРАЈ ШКОЛУВАЊЕ

Постојат голем број деца кои живеат без родители, со самохран родител или пак во ранливо семејство. Овие деца, за разлика од нивните врсници, не по своја вина немаат рамноправни услови за натпревар во животот.

ЗОШТО ДА СПОНЗОРИРАТЕ ШКОЛУВАЊЕ?

Убедени дека патот кон пристоен живот води преку знаење и вештини, вашиот придонес ќе им помогне на овие деца да го добијат тоа што ќе им ја обезбеди финансиската самостојност. Вашиот прилог ќе биде употребен овие деца да го добијат школувањето кое ќе им го смени животот на подобро и ќе им го направи достоинствен.

ЗА ШТО ЌЕ СЕ УПОТРЕБИ ВАШАТА ДОНАЦИЈА?

Со вашето спонзорство помагате на децата кои живеат без родители, со самохран родител или пак во ранливо семејство да им обезбедиме изучување англиски јазик и стручно школување што денес се подразбира како основен предуслов за вработување.

ПОИНАКВИ НАЧИНИ ЗА ДОНИРАЊЕ

ВОЛОНТИРАЈ

Ако сметате дека идните генерации заслужуваат да имаат подобра иднина и тоа во сопствената земја и притоа сте во можност да го вложите своето знаење, искуство, време и сопствен труд, тогаш волонтирањето во фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ е најверојатно вистинското место за вас.

 

Создаваме мрежа од волонтери не само во Македонија туку и во дијаспората, секаде каде што постојат луѓе кои веруваат дека нашите деца заслужуваат подобра иднина и подготвени се нешто конкретно да направат во врска со тоа.

Ве молиме имајте предвид:  Поради обемот, не можеме да контактираме со секој заинтересиран потенцијален волонтер. Ако е избран за разгледување, член на нашиот тим ќе ве контактира за да разговара за достапните можности кои може да се усогласат со вашето искуство или сет на вештини.

ПОИНАКВА ПОМОШ

Сакате да помогнете но ниту еден од предложените начини за ваше вклучување не е соодветен за вас? Не грижете се. Самиот факт дека размислувате во таа насока е повеќе од доволно за почеток.

Пишете ни, споделете ги вашите размислувања и предложете начин на кој би можеле да се вклучите и помогнете во остварувањето на целите на фондацијата.