Донирање компјутери
Помогнете им на оние кои немаат можност.









Донирањето компјутери е иницијатива на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ која со претходно добиена согласност од Министерството за труд и социјална политика се спроведува во соработка со СЕТЕК, ELS – Eco Logistic Service и детскиот дом „11 Октомври“. Целта на оваа акција е да им се помогне на децата без родители или родителска грижа, сместени во малите групни домови и згрижувачки семејства, да дојдат до користен но употреблив компјутер со кој ќе стекнуваат знаења и вештини со што ќе да добијат шанса за подобра иднина.
Донирањето компјутери е прва од неколкуте активности која фондацијата ги реализира за децата без родители. Освен компјутери, фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ на децата им обезбедува обуки за јазик, компјутерски вештини и менторска поддршка. Целта на овие комплементарни активности е децата без родители подобро да се подготват за самостојно живеење, да дојдат до достоинствена работа со што Македонија ќе им биде пристојно место за живеење.
Што може да донирате?
Лаптоп компјутер

Десктоп компјутер

Минимална конфигурација
- Процесор: 1,5GHz
- RAM: 4GB
- HDD/SSD: 128GB
- GPU: DirectX 9
- OS: Windows 10 или понов
- Wi-Fi адаптер
Што не можеме да прифатиме?
За жал не сме во можност да прифатиме:
- компјутери постари од 10 години,
- компјутери кои се расипани односно нефункционални,
- десктоп компјутер без Wi-Fi адаптер
- десктоп компјутер без монитор
- лаптоп без адаптер за напојување
- лаптоп без употреблива батерија
Како да донирате компјутер како физичко лице?

1. Пополнете онлајн формулар

2. Спакувајте го компјутерот во картонска кутија

3. Донесете го во било кое продажно место на СЕТЕК

4. Потпишете договор за донирање
Како да донирате компјутери како фирма?
Пред да го донирате компјутерот

Проверете ја неговата исправност
Децата без родители нема да има можност за скапи поправки или надградби. Затоа, потрудете се компјутерот што го донирате да го доведете во целосно исправна состојба. Вклучете го, проверете дали сè функционира како што треба и, ако е потребно преземете мерки да го доведете во целосно исправна состојба.

Префрлете ги сите ваши податоци
Задолжително проверете што сè имате на компјутерот и префрлете си ги датотеките.

Доведете го во почетна состојба
Најдобар начин ова да го направите е да го форматирате хард дискот. Ако вашиот хард диск е стар и спор, вградете SSD диск или побарајте СЕТЕК тоа да го направи за вас. SSD дисковите денес се подостапни од било кога а овозможуваат забележително подобрување на перформансите на старите компјутери.

Исчистете го компјутерот од прашина
Прашината освен што содржи алергени кои можат да влијаат на здравјето, таа е штетна и за компјутерот. Пред да го исчистите компјутерот исклучете го од струја. Користете компримиран воздух (никако правосмукалка!) за да ја одстраните прашината од вентилациските отвори. За чистење на екранот користете мека, микро фибер крпа и специјална течност за чистење екран.

Спакувајте го во картонска кутија
Вашиот компјутер треба да биде заштитен за да не се оштети при транспорт. По можност, обвиткајте го компјутерот со пластична фолија или кеса, со што ќе го заштитите од влага.
Што се случува потоа?

Проверка
По приемот на вашиот компјутер, тој ќе биде однесен во сервисниот центар на СЕТЕК каде што ќе се изврши проверката на неговата исправност. Штом се констатира дека тој е навистина во употреблива состојба, вие ќе добиете известување по емаил со инструкции за пристап кон онлајн курсот.

Основен сервис и/или надградба
На ваше барање СЕТЕК ќе вгради нов SSD диск и по потреба Wi-Fi адаптер, без надомест за работна рака.

Испорака
Вака подготвен, компјутерот се доставува до детскиот дом „11 Октомври“ кој потоа им ги доделува на своите штитеници.
Што добивате за донирањето?
Во знак на благодарност за вашата донација, Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ ќе ви подари еден онлајн курс по ваш избор во вредност од 2.000 денари. Курсот можете да го искористите за своите деца или да го подарите некому:
Како се следи курсот?
Курсот се следи целосно онлајн, со користење методологијата која вклучува три главни фази:

1. Гледање
Децата почнуваат со гледање видеа со чекор-по-чекор инструкции во кои се објаснува предизвикот или задачата што треба се завршат.

2. Правење
По гледањето на видеата, децата добиваат задачи т.е. предизвици што бара од нив да ги применат знаењата или вештините што ги научиле во видеата.

3. Споделување
Откако ќе го завршат предизвикот, од децата се бара да ја споделат својата работа во форма на фотографија или видео.
Зошто да го донирате компјутерот?

Помагање на деца без родители
Вашата донација директно ќе им помогне на децата кои немаат родители, овозможувајќи им пристап до образовни ресурси и технологија која е неопходна за нивното учење и развој.

Задоволство од хуманиот чин
Сознанието дека вашата донација ќе направи разлика во животот на едно дете, ќе ве исполни со чувство на гордост и задоволство.

Пример за другите
Учествувајќи во кампањата, станувате позитивен пример за вашите пријатели, семејство и колеги, мотивирајќи ги и тие да се приклучат и да донираат.

Социјална инклузија
Со вашиот гест, помагате децата без родители да бидат дел од современите образовни и социјални текови, зголемувајќи ја нивната самодоверба и можности за успех.

Изградба на подобра заедница
Вашата донација помага во изградба на посилна и поврзана заедница. Кога децата имаат пристап до потребната технологија, тие имаат поголеми шанси да успеат и да се развиваат како активни членови на општеството.

Лесен и удобен процес
Донирањето е мошне едноставно. Можете да го донесете вашиот компјутер во нашата продавница, а ние ќе се погрижиме за останатото.
Донирајте го вашиот стар компјутер денес и станете дел од позитивната промена која ја правиме заедно!
Нашите донатори
Следете го примерот на овие организации и приклучете им се во нашиот клуб на донатори








Сакаш да помогнеш?
Придружи му се на нашиот тим задолжен за реализирање на оваа активност.