Search
Close this search box.

Стани
амбасадор на
фондацијата

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ е непрофитна, непартиска, граѓанска организација чија најважна стратешка цел е остварување на визијата на Ѓорѓи Марјановиќ – Македонија да стане пристојно место за живеење, пред сè како правна држава. Борбата која тој ја започна во 1983 година доведе до укинување на вербалниот деликт, овозможи раѓање на демократијата во Југославија и основање на првата политичка партија во Македонија, Лигата за демократија.

Во фондацијата веруваме дека можеме да ја направиме Македонија попристојно место за живеење создавајќи идни лидери кои ќе ни ја водат земјата во подобра насока и водејќи борба против корупцијата. Поради тоа ја основавме Академијата за идни лидери „Ѓорѓи Марјановиќ“ и започнавме процес на привлекување и мобилизирање на истомисленици.

Освен тоа, во духот на вредностите и афинитетите по кои беше познат Ѓорѓи Марјановиќ, започнуваме активности за поддршка на школувањето и вработувањето на децата без родители, негување и промоција на македонскиот јазиклитература, историја и култура.

Овие активности не се само корисни за Македонците кои живеат во земјава, туку и за оние кои живеат во странство. Свесни за тоа дека живеењето далеку од дома може да го отежне одржувањето на врската со својата култура и идентитет, се стремиме да обезбедиме можности кои ќе им овозможат на Македонците да се поврзат со своето наследство.

Една од клучните улоги во нашите активности имаат амбасадорите на фондацијата кои живеат во странство, надвор од границите на Македонија. Овие амбасадори доброволно го даваат своето време за да ги промовираат активностите на фондацијата во нивните локални заедници. Тие се одговорни за организирање настани, промовирање на мисијата и целите на фондацијата и претставување на фондацијата во нивната локална заедница.

Секогаш бараме нови амбасадори кои ќе се приклучат на нашиот тим. Идеалниот кандидат за амбасадор на фондацијата треба да поседува страст за македонската култура и историја, да има одлични комуникациски вештини, да може да работи самостојно и со леснотија да ја претставува фондацијата во нивната локална заедница.

Волонтирањето во фондацијата е е одлична можност да се направи разлика во вашата заедница и да се поврзете со други истомисленици. Тоа е шанса да ја промовирате македонската култура и идентитет во странство, да се поврзете со други истомисленици и да бидете дел од нешто поголемо од себе.

Критериуми

  • Претприемачи, сопственици на бизниси и професионалци со мотивација да ѝ помогнат на фондацијата во остварување на целите
  • Поседување страст и мотивација да се промовира македонскиот идентитет, култура, историја
  • 5+ години работно искуство
  • Лично спонзорство за школување деца без родители во висина од 200 УСД или повеќе, ИЛИ
  • Донирање на сопствениот роденден
  • Македонски иселеници

Активности

  • Промоција на иницијативи на фондацијата на социјалните мрежи и во директни контакти
  • Помош при прибирање средства и мобилизирање ресурси за образовните иницијативи на фондацијата, особено за школување на децата без родители
  • Регрутирање нови амбасадори

Процес за избор

  1. НОМИНАЦИЈА
    Потенцијалниот кандидат за амбасадор на фондацијата треба да биде номиниран од член на Управниот или надзорниот одбор на фондацијата, извршниот директор или од постоечки амбасадор. 
  2. АПЛИКАЦИЈА
    По номинирањето, предложениот кандидат ја прифаќа  номинацијата и пополнува онлајн пријава (на линкот подолу)
  3. ИНТЕРВЈУ
    По приемот на пријавата, се спроведува интервју со потенцијалниот кандидат.
  4. ОДОБРУВАЊЕ
    По интервјуто и добивање позитивен фидбек, се одобрува кандидатурата.