Овој водич ќе Ви помогне да се пријавите како наставник, да разберете која улога можете да ја имате во Натпреварот и, кога родител ќе Ве овласти, да му помогнете на конкретно дете и да доставувате снимки во негово име.
Секој наставник користи сопствена e-mail адреса и сопствена корисничка сметка. Детето нема посебна корисничка сметка за Натпреварот.
Ментор е одобрен наставник што родителот го поврзал со конкретно дете.
Училишен координатор е наставник што е поврзан со конкретно училиште и тековниот циклус на Натпреварот.
Важно: само родителот може да Ви даде дозвола да доставувате снимки за конкретно дете. Самата регистрација како наставник, ментор или координатор не е доволна.
Јавната страница за наставници е:
https://fgm.org.mk/nastavnici/
На оваа страница ги внесувате Вашите податоци, ја потврдувате e-mail адресата, ја избирате општината и училиштето и ја означувате улогата за која сакате да се пријавите. Фондацијата го прегледува барањето. По одобрувањето ќе добиете e-mail со инструкции за поставување лозинка, по што ќе можете да се најавите со сопствената корисничка сметка.
Постапката е едноставна: пријава → потврда на e-mail → избор на училиште и улога → одобрување од Фондацијата.
Прво изберете општина, а потоа училиштето од понудениот список.
Ако Вашето училиште не е на списокот, не избирајте друго само за да ја завршите пријавата. Контактирајте ја Фондацијата и ќе ја провериме состојбата.
Наставник може да побара:
Испраќањето барање не значи автоматско одобрување. Фондацијата ја проверува пријавата и потоа Ве известува.
Училишниот координатор помага во организацијата и промовирањето на Натпреварот во своето училиште. Оваа улога сама по себе не го поврзува наставникот со конкретно дете како ментор.
Координаторот не може да доставува снимка за дете само затоа што е координатор. За тоа секогаш е потребна посебна дозвола од родителот.
Наставник истовремено може да ги има обете улоги, и училишен координатор, и ментор.
Откако ќе бидете одобрени како наставник, родителот може преку Порталот за родители да ја внесе Вашата точна e-mail адреса и да Ве овласти како ментор на своето дете.
По ова:
Без оваа родителска акција, наставникот нема право да доставува снимка за тоа дете.
Родителот може во секое време да го прекине Вашето овластување како ментор. Тогаш:
По отповикувањето на дозволата, не можете да доставувате нови снимки за тоа дете.
Одобрените наставници се најавуваат на:
https://fgm.org.mk/portal-za-nastavnici/
По најавувањето, во Порталот за наставници ќе го видите Вашиот профил, децата со кои сте поврзани како ментор, дали имате дозвола за доставување снимки и пристапот до онлајн обуката. Ако сè уште немате поврзано дете, тоа едноставно ќе биде прикажано во порталот.
Кога родителската дозвола е активна, можете да доставувате снимки за конкретното дете според истите правила што важат и за родителот. Формуларот за доставување е достапен само за децата за кои сте овластени.
Потребни се:
Пред да ја прикачите фотографијата, системот ќе Ви покаже пример како треба да изгледа: хоризонтален кадар, детето и книгата јасно видливи, а корицата приближно на висина на лицето. Фотографијата треба да биде широка најмалку 1200 пиксели.
Снимката секогаш се евидентира како снимка на детето, без оглед дали ја доставил родителот или овластениот ментор.
На Натпреварот не може да се раскажува книга што се наоѓа на официјалниот список на лектири. Ова правило важи за сите учесници, без оглед на одделението за кое е наведена книгата.
Одделенските филтри на јавната страница служат само за преглед.
За едно дете може да се достават најмногу 4 успешни снимки во период од 30 дена.
Овој лимит е за детето, а не посебно за секое лице што доставува. Ако родителот веќе доставил 3 снимки, менторот може да достави уште само 1 во истиот период од 30 дена.
Крајниот рок за доставување снимки е 31 мај 2027 год.
Фотографијата треба да биде хоризонтална, детето и книгата јасно да се гледаат, а насловната страна да биде читлива. Фотографијата не се објавува автоматски; прво ја прегледува Фондацијата.
Доставената снимка не е автоматски и одобрена.
Одобрената снимка не се објавува автоматски без претходна проверка и постапка за објавување.
Секоја прифатена валидна снимка носи 1 бод. Бодовите ги евидентира системот и наставникот не може рачно да ги менува.
Онлајн обуката е посебна од Порталот за Натпреварот. Порталот се користи за пријави, овластувања, снимки и следење на учеството, а обуката служи за учење и подготовка.
Пристапот до онлајн обуката се подготвува автоматски. Кај некои корисници што биле вклучени порано, начинот на пристап може да изгледа малку поинаку, што е во ред
Родителот не може да ме поврзе
Не можам да поднесам снимка
Не сум училишен координатор иако сум одобрен наставник