ВОДИЧ ЗА РОДИТЕЛИ

Овој водич ќе Ви помогне чекор по чекор да го пријавите детето, да го следите неговото учество и, ако сакате, да поврзете наставник како ментор. Сите важни работи ги правите преку Порталот за родители.

1. КАДЕ СЕ ПРИЈАВУВА ДЕТЕТО

Јавната пријава е на:

https://fgm.org.mk/prijava/

Во пријавата внесете ги Вашите податоци и податоците за детето. Потоа изберете одделение, општина и училиште. Училиштето се избира од понудениот список.

2. E-MAIL ПОТВРДА И ЛОЗИНКА

Внесете e-mail адреса што редовно ја користите. Ќе добиете порака со која треба да ја потврдите адресата.

Поставете лозинка што ќе ја користите кога повторно ќе се најавувате. Со копчето „Прикажи“ можете да проверите што сте напишале.

Важно:

  • користете e-mail адреса што навистина ја користите;
  • не ја споделувајте лозинката со други;
  • ако ја заборавите лозинката, изберете „Ја заборавив лозинката“.
  • детето нема своја посебна најава; Порталот го користи родителот или старателот.

3. ПОДАТОЦИ ЗА ДЕТЕТО

Внесете име, презиме, датум на раѓање и одделение. Името и презимето треба да бидат напишани на кирилица. Ако почнете да пишувате на латиница, страницата ќе Ви предложи кирилична верзија.

Категоријата се одредува сама според одделението:

  • 1–5 одделение;
  • 6–9 одделение.

Не треба сами да избирате категорија.

4. ОПШТИНА И УЧИЛИШТЕ

Прво изберете општина. Потоа изберете го училиштето од списокот.

Ако не го гледате училиштето што Ви треба, не избирајте друго само за да ја завршите пријавата. Контактирајте ја Фондацијата.

5. ИЗЈАВИ И ПОТВРДИ

Пред да ја завршите пријавата, прочитајте ги изјавите и означете ги задолжителните полиња. Последната согласност, со која дозволувате да добивате дополнителни новости од Фондацијата, е по избор.

Кога ќе ги означите сите потребни изјави, во Порталот треба да стои: „Потребните изјави се потврдени.“

6. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

Проверете дали податоците се точни и кликнете на копчето за завршување на пријавата. Ако сè е во ред, детето ќе биде пријавено во тековниот циклус.

Ако имате повеќе деца, можете да ги следите преку истиот родителски профил.

7. КАКО СЕ НАЈАВУВАТЕ ПОДОЦНА

Портал за родители:

https://fgm.org.mk/portal/

Најавете се со:

  • Вашата e-mail адреса;
  • лозинката што ја поставивте.

На страницата за најава можете да користите:

  • копче „Прикажи“ за да ја видите лозинката;
  • „Запомни ме“;
  • „Ја заборавив лозинката“.

8. ГЛАВНА НАВИГАЦИЈА НА ПОРТАЛОТ

По најавата ќе ги видите:

  • „Мои деца“;
  • „Мој профил“;
  • „Одјави се“.


Во „Мои деца“ ќе ги гледате само децата што се поврзани со Вашиот профил.

9. ПРЕГЛЕД НА ДЕТЕТО

Со „Отвори преглед“ ги гледате податоците за тековното учество на детето.

Во прегледот може да видите:

  • дали пријавата е одобрена;
  • дали учеството е активно;
  • дали е подготвен пристапот до онлајн обуката;
  • училиште;
  • одделение;
  • категорија;
  • ментор.

Овде ги гледате важечките податоци за учеството на детето.

10. „УЧЕСТВО“ — МЕНТОР

Во делот „Учество“ можете да поврзете одобрен наставник како ментор на Вашето дете.

Постапка:

  1. Внесете ја точната e-mail адреса на наставникот што Фондацијата го одобрила.
  2. Означете дека му дозволувате на наставникот да доставува снимки за детето.
  3. Кликнете „Поврзи и овласти ментор“.

За да го поврзете наставникот, треба да ја знаете неговата точна e-mail адреса.

Наставникот може да доставува снимки само ако Вие претходно сте му дале дозвола.

11. ОТПОВИКУВАЊЕ НА МЕНТОР

Ако менторот е поврзан, во истиот дел ќе го видите и копчето „Отповикај ментор“.

Ако ја прекинете врската со менторот:

  • наставникот повеќе нема да биде поврзан како ментор;
  • повеќе нема да може да доставува снимки за детето;
  • претходната врска останува запаметена во системот.

12. ОНЛАЈН ОБУКА

Во Порталот можете да видите дали пристапот до онлајн обуката е подготвен.

Ако пишува дека пристапот се подготвува, само почекајте. Пријавата на детето не е изгубена.

Кај некои деца што биле пријавени порано, пристапот до обуката може да изгледа малку поинаку. Тоа е во ред.

13. „СНИМКИ“ — ПРЕД ДА ДОСТАВИТЕ

Во делот „Снимки“ ќе видите пример како треба да изгледа фотографијата.

Фотографијата треба:

  • да биде хоризонтална;
  • детето и книгата да се јасно видливи;
  • книгата да биде приближно на висина на лицето;
  • насловната страна да се чита;
  • датотеката да има соодветно име.

Фотографијата не се објавува автоматски. Таа останува приватна додека не се донесе одлука за објавување.

За Натпреварот не смее да се раскажува книга што е на списокот на лектири.

Списокот можете да го проверите на страницата „Лектири кои не може да се раскажуваат“. Ако книгата е на списокот, не може да се достави, без разлика за кое одделение е наведена.

Ако внесете книга што е на списокот на лектири, страницата ќе Ве предупреди и нема да дозволи да ја доставите.

14. ДОСТАВУВАЊЕ СНИМКА

За ново доставување потребни се:

  • наслов на книгата;
  • автор;
  • YouTube линк;
  • хоризонтална фотографија со детето и книгата.

Снимката секогаш се запишува кај детето, без разлика дали ја доставил родителот или овластениот наставник.

Ограничување:

Може да се достават најмногу 4 успешни снимки во период од 30 дена.

Ако некој обид не успее, на пример поради забранета лектира, тој не се брои во овие 4 снимки.

15. ПРЕГЛЕД НА ДОСТАВЕНИТЕ СНИМКИ

Во Порталот можете да ги видите доставените снимки и што се случува со нив. Ако е дозволена исправка, ќе можете да ја направите од истото место.

Самото доставување не значи дека снимката веднаш ќе биде објавена или дека детето веднаш добива бод.

16. БОДОВИ И ОБЈАВУВАЊЕ

Кога снимката ќе биде прифатена, детето добива 1 бод.

Снимката и фотографијата не се објавуваат автоматски. Прво се проверуваат.

17. „МОЈ ПРОФИЛ“

Во „Мој профил“ можете да ги видите и измените своите податоци. Ако ја смените e-mail адресата, ќе треба повторно да ја потврдите.

За најава секогаш се користи e-mail адресата на родителот или старателот.

18. АКО НЕШТО НЕ РАБОТИ

Не можам да се најавам

  • проверете дали ја внесувате истата e-mail адреса што ја потврдивте при пријавувањето;
  • кликнете „Прикажи“ и проверете дали лозинката е точно внесена;
  • ако не ја паметите лозинката, изберете „Ја заборавив лозинката“.


Не можам да го поврзам менторот

  • проверете дали e-mail адресата на наставникот е точна;
  • наставникот мора претходно да биде одобрен;
  • означете дека му дозволувате да доставува снимки за детето.


Не ја гледам формата за снимка

  • проверете дали е истечен рокот за доставување, ако има таков рок;
  • проверете дали учеството на детето е активно;
  • проверете дали веќе се доставени 4 снимки во последните 30 дена.


Не го гледам училиштето

  • не избирајте друго училиште само за да продолжите;
  • контактирајте ја Фондацијата и ќе провериме.

19. НАЈВАЖНО НАКРАТКО

  • Порталот го користи родителот или старателот; детето нема посебна најава.
  • Еден родител може да управува со повеќе свои деца.
  • Категоријата се одредува автоматски според одделението.
  • Училиштето се избира од понудениот список.
  • Задолжителните изјави мора да бидат означени; согласноста за дополнителни новости е по избор.
  • Наставник може да доставува снимки само ако родителот му дал дозвола.
  • За снимката се внесуваат наслов, автор, YouTube линк и фотографија.
  • Книгите што се на списокот на лектири не може да се раскажуваат.
  • Може да се достават најмногу 4 успешни снимки во 30 дена.
  • Ако има краен рок, Порталот ќе покаже кога доставувањето е затворено.
  • Прифатена снимка носи 1 бод; доставувањето не значи автоматска објава.
  • Онлајн обуката се следи на  посебна веб локација, надвор од Порталот за натпреварот.