Search
Close this search box.

Донирајте го

вашиот роденден

ПРОМЕНАТА НА НЕЧИЈ ЖИВОТ ТРАЕ ДОЖИВОТНО

Секое добро дело во име на детето започнува бран на промени – ги менува животите на децата, семејствата и целата заедница.

Со наближувањето на вашиот роденден, зошто да не размислите да направите нешто посебно за да го прославите оваа година?

Направете нешто поразлично оваа година и посветете го вашиот голем ден на каузата за која се грижите! Без разлика дали славите голем роденден или планирате да го прославите скромно, роденденското прибирање средства е совршена можност.

Сè започнува со вашата роденденска желба. Дали сакате да ја трансформирате иднината и да го направите светот подобро, посветло место за децата на кои тоа им е најпотребно? Тогаш ајде да го направиме ова!

Наместо да барате подароци за вашиот роденден, побарајте наместо подарок вашите пријателите и членовите на вашето семејство да донираат средства во фондот за школување на деца без родители на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ.

Како да го донирате вашиот роденден

1. ИЗВЕСТЕТЕ НÉ ЗА ВАШАТА ОДЛУКА

Изразете ја желбата за донирање на вашиот роденден така што ќе ни ги доставите вашите податоци во формуларот подолу.

2. ЗАПОЧНЕТЕ ЈА ВАШАТА КАМПАЊА

Со наша помош ќе направите ваша лична страница во рамки на нашата веб страница на која ќе ги упатувате вашите пријатели и роднини да донираат наместо да ви дадат подарок.

3. СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

Штом биде готова вашата лична страница, искористете ги социјалните мрежи и кажете им на оние околу вас како можат да ви помогнат да ја постигнете целта.

Податоци за вашиот роденден