Search
Close this search box.

Натпревар во Раскажување

Гo започнува обликувањето на децата во лидери

Читањето и раскажувањето ги поттикнуваат имагинацијата, креативноста и влијаат на интелектуалниот развој на децата. Резултатите од научните истражувања потврдуваат дека децата што биле поттикнати на читање и раскажување имаат подобри резултати во учењето.

Натпреварот во раскажување има за цел да ги поттикне младите да стекнат навика за читање и да ги развијат своите способности за вербално изразување. Истовремено, со учествување во натпреварот учесниците се квалификуваат за запишување во Академијата за идни лидери.

Учеството во натпреварот е бесплатно за учениците од сите основни училишта во земјава. Јазик на натпреварот е македонски. На натпреварот учесниците се натпреваруваат во раскажување прочитани книги по сопствен избор при што задолжителните лектири не се земаат предвид.

КАКО ДА СЕ УЧЕСТВУВА НА НАТПРЕВАРОТ

Награди

10.000 ден (штедна книшка Верверичка, Комерцијална банка)

6.000 ден (вредносен ваучер, MY:TIME)

14.000 ден (вредносни ваучери, издавачки куќи)

вкупна вредност: 30.000 ден

6.000 ден (штедна книшка Верверичка, Комерцијална банка)

4.000 ден (вредносен ваучер, MY:TIME)

5.200 ден (вредносни ваучери, издавачки куќи)

вкупна вредност: 19.500 ден

4.000 ден (штедна книшка Верверичка, Комерцијална банка)

2.000 ден (вредносен ваучер, MY:TIME)

5.000 ден (вредносни ваучери, издавачки куќи)

вкупна вредност: 11.200 ден

КАТЕГОРИИ

Натпреварувачите се натпреваруваат во две категории:

  • Категорија 1: ученици од 3 до 5-то одделение
  • Категорија 2: ученици од 6 до 9-то одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАП

Секој пријавен натпреварувач ќе добие бесплатна онлајн обука за јавен говор веднаш по пријавувањето.

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Натпреварот е составен од два дела:

  1. Првиот дел, со времетраење од 12 месеци, е дел во кој учесниците читаат книги, ги раскажуваат пред врсници додека родителот ги снима со мобилен и потоа ги доставуваат снимките.
  2. Вториот дел наречен суперфинале е настан кој се реализира со физичко присуство, пред публика и жири комисија. Во суперфиналето учествуваат учесници со најголем број прочитани книги.

Првиот дел започнува на 2.6.2023 год. и трае до 10.6.2024 год. Датумот на суперфиналето дополнително ќе биде објавен.

ОЦЕНУВАЊЕ

На натпреварот ќе се оценува:

  1. КВАНТИТЕТ НА ПРОЧИТАНИ КНИГИ. Со секоја прочитана и раскажана книга и доставена снимка, учесникот добива 1 поен.
  2. КВАЛИТЕТ НА РАСКАЖАНИТЕ КНИГИ. Настапот во живо стручната жири комисија ќе го оценува според следниве критериуми:

1

Изговор

(Артикулација, интонација)

30 %

2

Флуентност

(Темпо, квалитет на глас, вокално изразување)

30 %

3

Перформанси

(Доверба, гест, израз на лицето)

30 %

4

Севкупeн впечаток

(Артикулација, интонација)

10 %

Вкупно

100 %

ОДОБРУВАЊЕ И ПОДДРШКА

Натпреварот во раскажување е одобрен за реализирање со одлука на Министерство за образование и наука бр. 12-25 09/4 од 26.08.2020, донесена според мислење на  Бирото за развој на образованието бр. 09-509/2 од 08.04.2020 год. Натпреварот се реализира со поддршка од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, Македонската асоцијација на издавачи и Комората на психолози на република Северна Македонија.