107
На 9 јули 2024, во утринската емисија „Да си кажеме“ на телевизија Телма, кај водителот Горан Петрески гостуваа Александар Марјановиќ, директорот на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Марија Конеска, психолог, и Деана Петровска, првонаградената натпреварувачка на натпреварот во раскажување.
Главната тема на разговорите беше штотуку завршениот годишен натпревар во раскажување во организација на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ. Покрај тоа, стана збор и за важноста на читањето и неговата улога во развојот на мозокот кај децата и воопшто нивниот интелектуален развој.