Search
Close this search box.

А СЕ­ГА МАЛ­КУ ЗА КЛУ­ЧЕ­ВИ­ТЕ!

27.05.1998

Иа­ко e-mail-от е не­сом­не­но поб­р­за, попрак­тич­на и прак­тич­но бес­плат­на пош­та на 21 век, јас, ка­ко непоп­рав­ли­во ста­рин­ски чо­век, сè уш­те по­ве­ќе им се ра­ду­ва­м на писма­та. Осо­бе­но ко­га ќе ме из­не­на­дат, ка­ко она од пред не­кој ден што ми го ис­пра­ти од Гер­ма­ни­ја г. Јо­сип Но­вак (де­нес –  фра Ал­бин, ка­то­лич­ки ка­лу­ѓер од ре­дот на Св. Фра­њо), стар вој­нич­ки дру­гар од не­за­бо­рав­ни­те де­бар­ски де­но­ви. Ме ви­дел чо­ве­кот “кад­ро­сан” во бел­град­ско ВРЕ­МЕ, па не го мр­зе­ло да нап­ра­ви фо­то­ко­пи­ја од на­пи­сот и да ми ја ис­пра­ти, прид­ру­же­на со ед­но ср­деч­но дру­гар­ско пот­се­ту­ва­ње на ста­ри­те вој­нич­ки де­но­ви. А на фо­то­ко­пи­ја­та: мо­јот го­ле­м по­ли­тич­ки “при­ја­тел” – г. Ар­бен Џа­фе­ри ка­ко из­ја­ву­ва: “Нè не­ма во сим­фо­нис­ки­от ор­кес­тар! “, а карши не­го –  јас (со две­те уши), насме­ан по оби­чај, му од­го­ва­рам: “Не е точ­но! Има еден што сви­ри на ви­о­ла… “.

Ја чи­та­м и преп­ро­чи­ту­ва­м фо­то­ко­пи­ра­на­та ста­ти­ја и раз­мис­лу­ва­м за две­те про­тив­поста­ве­ни по­ли­тич­ки фи­ло­со­фи­и што стоја­т зад ови­е две про­тив­поста­ве­ни из­ја­ви: што и да збо­ру­ва г. Џа­фе­ри, тој мис­ли са­мо ед­но – да ја де­ли Ма­ке­до­ни­ја на на­ша (спо­ред не­го, без сра­м и пер­де, “сла­во­ма­ке­дон­ска”) и нив­на (име­то, ка­ко што е поз­на­то, не сме­е да им се из­го­во­ри од при­чи­ни на по­ли­тич­ки­от бон­тон нас­ле­ден од Уста­вот од 1974).

За не­го очиг­лед­но и сим­фо­нис­ки­от ор­кес­тар (ве­ро­јат­но на­мер­но не са­ка да ка­же “Ма­ке­дон­ска­та фил­хармо­ни­ја”) е инс­ти­ту­ци­ја ка­ко и се­ко­ја дру­га, во ко­ја не­го­ви­от на­род мо­ра да би­де зас­та­пен про­цен­ту­ал­но, спо­ред бро­јот во вкуп­но­то на­се­ле­ни­е на зем­ја­та. За ме­не, фил­хармо­ни­ја­та е ко­лек­тив од врв­ни умет­ни­ци што во не­го не вле­гу­ва­ат ни ка­ко Ма­ке­донци, ни ка­ко Ру­си (а има и рус­ки Евреи), ни ка­ко Ср­би (ги има и нив!), ту­ку са­мо и единстве­но ка­ко умет­ни­ци. Во­оп­што не се сом­не­ва­м де­ка со­на­род­ни­кот на г. Џа­фе­ри, сим­па­тич­ни­от сви­рач на ви­о­ла во Ма­ке­дон­ска­та фил­хармо­ни­ја, теш­ко би се нав­ре­дил ко­га не­кој би му ре­кол оти во ор­кес­та­рот не е по­ра­ди сво­и­те му­зич­ки ква­ли­те­ти, ту­ку са­мо и единстве­но за да ја прет­ста­ву­ва пар­ти­ја­та на г. Џа­фе­ри, на г. Али­ти или на не­кој друг џентл­мен од ис­то­то пле­ме.

Не, г. Џа­фе­ри, то­а мла­до мом­че доб­ро зна­е де­ка не влег­ло во ор­кес­та­рот по на­ци­о­нал­на, а уш­те по­ма­лу по пар­тис­ка ли­ни­ја. Влег­ло заш­то уба­во сви­ри на ви­о­ла. И не са­мо што сви­ри, ту­ку, гле­да­м де­ка и ужи­ва во сво­е­то сви­ре­ње и по ма­лу му заб­ла­зу­вам. (Ем ра­бо­ти, ем ужи­ва. Ве­ро­јат­но би ужи­вал уш­те по­ве­ќе да го пла­ќа­ат ма­лу по­ве­ќе! Но, то­а из­ле­гу­ва од те­ма­та што си ја за­да­дов ту­ка!) И доб­ро е што е та­ка. Тој млад гос­по­дин не сви­ри во ор­кес­та­рот ка­ко прет­став­ни­к на сво­јот на­род, ту­ку ка­ко умет­ни­к и ка­ко та­ков го слу­ша­ме и му ап­ла­у­ди­ра­ме. Та­ка е и та­ка мо­ра да би­де!

Или, да зе­ме­ме еден друг при­мер, во об­рат­на на­со­ка: бо­ра­чи­те мо­же (и се­ка­ко тре­ба) да би­да­т по­чес­то од ва­ши­от (без ог­лед на број­на­та зас­та­пе­нос­т во по­пу­ла­ци­ја­та), а не од мо­јот на­род од прос­та­та при­чи­на што се по­до­бри пе­ли­ва­ни од нас. Ко­га Тр­сте­на го ос­во­и сво­јот не­за­бо­ра­вен олим­пис­ки ме­дал, не ве­ру­ва­м де­ка има­ше ма­кар и са­мо еден чо­век од мо­јот на­род што не се ра­ду­ва­ше на не­го­ви­от ус­пех. Та­ка е и та­ка мо­ра да би­де!

Ќе би­де зло и за зем­ја­ва и за сѐ во не­а ако би­де по ва­ше! А, ако вче­ра во МА­НУ фа­тив­те да збо­ру­ва­те по ваш­ки за да до­ка­же­те де­ка та­му не­ма ни­е­ден “ва­ши­нец”, ни­ма­лу не би се из­не­на­дил ут­ре да фа­ти­те да ба­ра­те Мен­ду­х Та­чи или Аб­ду­рах­ман Али­ти да иг­ра во на­ши­от ба­лет за и во не­го да има прет­став­ни­ци од ва­ши­от на­род. Зву­чи мо­же­би пре­те­ра­но, но – то­а е ва­ша­та ло­ги­ка. Ако, не дај Бо­же, ви ус­пее, јас, еве, јав­но ве­ту­ва­м де­ка ве­ќе не­ма да ода­м на ба­лет, иа­ко мно­гу го са­кам.

Во ед­но дру­го вре­ме (во “со­ци­ја­лиз­мот”), ко­га ќе го пра­ша­а не­кој при­пад­ни­к на ва­ши­от на­род: “Кој ра­бо­ти во држав­на­та служ­ба?”, од­го­во­рот му бе­ше ка­ко до­бар виц: “Ма­ке­донци­те и глу­па­ви­те Шип­та­ри!”. То­а не го из­мис­лив јас. Та­ка од­го­ва­ра­а ва­ши­те лу­ѓе. Заш­то држав­на­та (ло­шо пла­те­на) служ­ба не им се ис­пла­те­ше. Се­га, спо­ред ва­ши­те ка­жу­ва­ња, из­ле­гу­ва де­ка та­му ги не­ма про­тив нив­на­та вол­ја. Де­ка не­кој на­мер­но ги спре­чил да би­да­т чи­нов­ни­ци. За чу­до, на го­ле­ми­те де­ма­го­зи се­ко­гаш им се ве­ру­ва­ло. Та­ка би­ло и та­ка е и де­нес! Ду­ри и неш­то по­ве­ќе: им се ве­ру­ва­ло и им се ве­ру­ва мно­гу по­ве­ќе одош­то на они­е што ја го­во­ра­т вис­ти­на­та.

За мо­и­ве на­пи­си на стра­ни­ци­те на ДНЕВ­НИ­К се­кој­днев­но до­би­ва­м по­фал­би од чи­та­те­ли­те (и по не­ко­ја по­ку­да од гос­по­ѓа Неџ­ми­е или не­кој нек­ва­ли­фи­ку­ван бра­вар од ва­ши­от на­род). Се ја­ву­ва­ат по те­ле­фон, ми ис­пра­ќа­ат писма, не­ко­и од мо­и­те на­пи­си ги от­крив реп­ро­ду­ци­ра­ни на ИН­ТЕР­НЕТ (единстве­но ме не­ма на стра­ни­ци­те на ор­га­нот на ССР­НМ, иа­ко тој сè уш­те не е во ва­ши раце) итн. итн. Си­те зна­ат кој сум и на ко­ја пар­ти­ја ѝ при­па­ѓам.

Па се­пак, пра­шај­те го г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски (кој и са­ми­от пи­шу­ва мно­гу – и то­а мно­гу доб­ро! – за “ма­ке­донц­ки­те ра­бо­ти”) кол­ку прис­тап­ни­ци до­би­ва днев­но Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја. И спо­ре­де­те ги со бро­јот на прис­тап­ни­ци­те што “на не­ви­де­но”, на “жи­ми мај­ка” ги до­би­ва­ат ал­тер­на­тив­ни­те де­мок­ра­ти: по 300 днев­но! (Ако про­дол­жа­т та­ка, до­де­ка да нап­ра­ва­т пар­тис­ка прог­ра­ма, си­те ќе нè зач­ле­на­т во сво­ја­та ап­тер­на­ти­ва! Са­мо, што ал­тер­на­ти­ва ќе би­де тоа? Ал­тер­на­ти­ва на што. Тоа, вер­но, ни де­нес не се знае, са­мо – кој те пра­шу­ва!). Та­ка му ве­ру­ва­а (та­му го­ре, “у јед­ној зе­м­љи се­ља­ка, на бр­до­ви­том Бал­ка­ну”) и на Ра­до­ван Ка­ра­џиќ, па ви­дов­те до ко­е де­ре­џе дој­де та­а зем­ја. Се­га е со­се­ма се­ед­но да­ли ќе го ек­стра­ди­ра­ат, да­ли ќе го су­дат, да­ли ќе го осу­дат. Из­ги­на­а сто­ти­ци ил­ја­ди лу­ѓе. Два и пол ми­ли­о­ни се ра­се­ле­ни! Бос­на од нај­прос­пе­ри­те­тен дел на на­ша­та по­ра­неш­на за­ед­нич­ка тат­ко­ви­на, пад­на да­ле­ку, да­ле­ку под рам­ниш­те­то на Ма­ке­до­ни­ја и та­ка ќе би­де уш­те дол­го.

Зош­то ова го ка­жу­вам? Па за­то­а што сѐ за­поч­на со на­ив­ни­те про­цен­ту­ал­ни пресмет­ки (слич­ни на они­е на г. Џа­фе­ри): ви­е сте тол­ку, а ни­е вол­ку, вас ве има та­му, нас нè не­ма ва­му… А и од ед­на дру­га при­чи­на: во што­ту­ку за­поч­на­ти­те пре­диз­бор­ни па­за­ре­ња, не­ко­и ли­де­ри из­ја­ви­ја де­ка, ако по­бе­дат, во нив­на­та вла­да не­ма да има ми­нис­три од за­дол­жи­тел­на­та на­ци­о­нал­нос­т (да не ре­ча­м ко­ја), дру­ги, нап­ро­тив, од­нап­ред ве­ту­ва­ат ми­нис­тер­ски мес­та. И овој­па­т мис­ла­м де­ка први­те се во пра­во, а вто­ри­те теш­ко гре­шат. Еве зош­то!

Сѐ до­де­ка при­пад­ни­ци­те на та­а на­ци­о­нал­нос­т оче­ку­ва­ат (ка­ко во до­бри­те ста­ри ко­му­нис­тич­ки вре­ми­ња) ми­нис­тер­ски мес­та по клуч, ти­е не­ма ни со пр­ст да мрдна­т за да се ин­тег­ри­ра­ат во инс­ти­ту­ци­и­те на сис­те­мот на Ма­ке­до­ни­ја. Ко­га пар­ти­и­те што по­бе­ду­ва­ат на из­бо­ри­те ќе фа­та­т (ко­неч­но и со пол­но пра­во!) да ги иг­но­ри­ра­ат на­ци­о­нал­ни­те клу­че­ви, па ми­нис­тер­ски мес­та ќе им обез­бе­ду­ва­ат са­мо на сво­и­те ко­а­ли­ци­о­ни пар­тне­ри, не­ко­гаш­ни­те за­вис­ни­ци од клу­че­ви­те ќе сфа­та­т (се на­де­вам) де­ка има са­мо еден на­чин да ста­на­т власт: а то­а е – да вле­за­т и да ста­на­т ак­ти­вис­ти на гра­ѓан­ски­те, а не ис­клу­чи­во на”сво­и­те” ет­нич­ки пар­тии.

Се се­ќа­вам, пред не­ко­е вре­ме еден од ми­нис­три­те по клу­ч из­ја­ви за не­кој бол­гар­ски вес­ни­к де­ка би­ло не­воз­мож­но не­го­ва­та ет­нич­ка гру­па да се ин­тег­ри­ра во Ма­ке­до­ни­ја. Афе­рим, ефен­ди! А и зош­то да се тру­ди­те: ва­ка или она­ка ми­нис­тер­ски­те мес­та по клу­ч не ви ги­нат.

Под так­ви окол­нос­ти, на ма­ли­те ма­ке­дон­ски пар­ти­и им ос­та­ну­ва са­мо ед­на шан­са за вле­гу­ва­ње во пар­ла­мен­тот: да го сле­да­т свет­ли­от при­мер на ма­ке­дон­ски­те Егип­т­ја­ни, па да се дек­ла­ри­ра­ат за Мар­сов­ци, Мер­ку­ри­јанци или Ве­не­ри­јанци (а кој мо­же да им заб­ра­ни?), па, ка­ко так­ви, да до­би­ја­т кво­та за вле­гу­ва­ње во соб­ра­ни­е­то. Е, ду­ри то­гаш ќе ја бид­не жал­на ми Ма­ке­до­ни­ја!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.