Search
Close this search box.

Потпишан меморандум за соработка со институтот за македонска литература

Институтот за македонска литература и Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ потпишаа Меморандум за соработка со цел негување и промоција на македонскиот јазик и литература како и популаризација на читањето кај младите.  

Меѓусебната соработка на потписниците ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа, а посебно внимание ќе се даде на следните полиња на соработка:
•    промоција на македонскиот јазик и литературата,
•    изучување на македонскиот јазик и литературата, и
•    популаризација на читањето и раскажувањето.

Една од договорените активности, која ќе се реализира во следниот период е организирање национален натпревар  во раскажување на прочитани книги, за учениците од основното образование.

Потпишувањето на Меморандумот се случи во салата за седници на Институтот, денес, 23 февруари 2023 година.

Меморандумот го потпишаа проф. д-р Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература и Александар  Марјановиќ, директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ.