Search
Close this search box.

Потпишан меморандум за соработка со правниот факултет Јустинијан I

Во Скопје, на 7 септември 2022 год. Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и правниот факултет „Јустинијан Први“ потпишаа Меморандум за соработка со цел понатамошно унапредување на меѓусебната соработка, во духот на вредностите по кој беше познат неодамна починатиот професор Ѓорѓи Марјановиќ.

Врз основа на овој меморандум, обете страни се согласија да соработуваат на создавање генерации на идни лидери кои ќе работат на тоа Македонија еден ден да стане пристојно место за живеење. Со овој меморандум предвидено е и одржување заеднички настани во спомен на Ѓорѓи Марјановиќ, промовирање на студиските програми на факултетот, обезбедување студентска пракса како и взаемно информирање за настани и проекти.

„Со потпишувањето на овој меморандум поставуваме темел за долгорочна соработката и, уште поважно, обезбедуваме континуитет во заложбите на татко ми Македонија да стане пристојно место за живеење“ изјави извршниот директор на фондацијата, Александар Марјановиќ.

„Во духот на нашиот голем професор Ѓорѓи Марјановиќ, го склучивме овој Меморандум за соработка со искрена намера заеднички да работиме за доброто на младите во нашата држава.“ изјави деканот на факултетот, проф. д-р Сашо Георгиевски.