Search
Close this search box.

Улога на библиотекарите во обликувањето на идните лидери

Скопје, 7 ноември 2023 – Денес, во рамки на редовното 49-то годишно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ), г-динот Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, се обрати пред присутните со предавање насловено „Улога на библиотекарите во обликувањето на идните лидери“.

Во текот на своето предавање, г-дин Марјановиќ сподели интересни и малку познати моменти од животот на Ѓорѓи Марјановиќ, истакнувајќи ги стратегиите кои ги користел за пренесување на љубовта кон читањето. Исто така, тој предложи корисни идеи и практични предлози, наменети за реализација во литературните секции во основните училишта.

Годишното собрание се одржи во Центарот за конференции и студии во националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со почеток во 10.30 часот. Настанот беше успешно реализиран и присутните имаа можност да разменат искуства и идеи поврзани со улогата на библиотекарите во поттикнувањето на љубовта кон читањето кај децата.