Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ во соработка со Детската ИТ академија Еверест (www.everest.mk) на учениците од основните училишта во Скопје им овозможува бесплатна информатичка обука во траење од еден месец. Учениците кои успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат.
Основни информации за обуката
Детската ИТ aкадемија Еверест им овозможува на децата да осознаат голем број различни професии на интересен и мотивирачки начин, со истовремено усовршување на компјутерските вештини (вклучувајќи и програмирање) и стекнување лични вештини.
Програма
Станува збор за тематски, проектно базирани активности во кои децата добиваат улоги од определена професија, но и предизвици од реалниот живот (прилагодени на нивната возраст) кои треба да ги решат. Решавајќи реални проблеми, освен што ќе стекнат компјутерски вештини, децата ќе се запознаат со различни професии, подобрувајќи ја самодовербата, способноста за критичко размислување и многу други лични вештини. За сето време, учениците се поттикнуваат да истражуваат, бараат, откриваат, да го развиваат своето размислување и расудување и стекнатото знаење да го користат за нивното добро и за општеството во целина.
Во текот на учебната година се реализираат до 8 проекти, со вкупен фонд од 64 школски часа.
Следење настава
Наставата се изведува со физичко присуство, во компјутерска лабораторија во центарот на Скопје (во зградата на работничкиот универзитет Кочо Рацин), со динамика еднаш неделно по два школски часа.
Што по бесплатната обука?
По завршувањето на бесплатната обука, учениците имаат можност да го продолжат следењето настава со потпишување договор за школување.
Учење со хуманитарна мисија
Целта што фондацијата сака да ја оствари со оваа иницијатива е на децата без родители да им овозможи бесплатно следење на настава и во духот на мудроста на Конфучие – „на гладниот не му давај риба, научи го да лови“ – да им помага во подготовката за самостојно живеење со стекнување знаења и вештини. Ова се реализира така што родителите, школувајќи ги своите деца, без дополнителни финансиски оптоварувања ги помагаат истовремено и децата без родители. Оваа активност се спроведува во соработка со Министерство за труд, демографија и млади и детскиот дом „11 Октомври“ од Скопје.
Пријавување
Со оглед на тоа што бројот на местата се ограничени, овозможувањето бесплатно следење настава во траење од еден месец функционира според принципот „Прв пријавен, прв услужен“. Пријавувањето се врши така што родителот пополнува онлајн пријава поставена на www.everest.mk.