Search
Close this search box.

Академија за
идни лидери

Лидерите не се раѓаат. Тие се создаваат. Знаеме како.

Еден од важните предуслови за остварување на визијата – Македонија, пристојно место за живеење е поседување лидери во секоја пора од општеството, не само во политиката.

Лидер, според дефиниција, е индивидуалец кој води група луѓе, организација или земја. Лидерите и нивните лидерски вештини имаат важна улога во развојот на било која организација. Да се биде добар лидер значи, меѓу друго, да се поседува визија, одлични комуникациски вештини, способност за критичко размислување, интегритет, емпатија, но и високи морални норми и култура на однесување.

Стекнувањето лидерски вештини и способности им овозможуваат на децата да ја зголемат својата самодоверба, креативно да ги решаваат проблемите, да работат во тим соработувајќи со другите, но и да се изградат како добри, почитувани и одговорни личности.

Цел

Крајната цел на оваа програма е да им помогне на младите да станат идни лидери во област која самите ќе ја одберат. По завршувањето на оваа програма кандидатите:

Целна група

Академијата е наменета исклучиво за ученици од основно образование, со тоа што дел од програмата ќе се спроведува кога запишаните учениците ќе станат средношколци.

Времетраење

Вкупното времетраење на програмата не е однапред определено но не може да биде пократко од 4 години. Секој од модулите е со времетраење од една година, при што еден учесник паралелно не може да следи повеќе од два модула. Еден од овие два модула секогаш е јавен говор односно учество на натпреварот во раскажување.

Надомест

Академијата за идни лидери е бесплатна за сите учесници.

Програма

Упис

Основни предуслови за запишување на академијата се:

Запишувањето на академијата се прави со пријавување и учествување на натпреварот во раскажување на прочитани книги. Со оглед на тоа што се работи за малолетници, запишувањето го врши родител или старател на детето, со претходно прифаќање на условите под кои ќе се реализира програмата