Search
Close this search box.

Донирање компјутери

Помогнете им на оние кои немаат можност.

Донирањето компјутери е иницијатива на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ која со претходно добиена согласност од  Министерството за труд и социјална политика се спроведува во соработка со СЕТЕК, ELS – Eco Logistic Service и детскиот дом „11 Октомври“. Целта на оваа акција е да им се помогне на децата без родители или родителска грижа, сместени во малите групни домови и згрижувачки семејства, да дојдат до користен но употреблив компјутер со кој ќе стекнуваат знаења и вештини со што ќе да добијат шанса за подобра иднина.

Како функционира донирањето компјутери?

Донирањето користен компјутер или лаптоп е исклучително едноставно. Сé што треба да направите е да ја пополните нашата онлајн апликација. Податоците за опремата која ја донирате се внесуваат во нашиот списокот на обезбедена опрема и остануваат таму сé додека не обезбедиме подобен кандидат. Оној момент кога ќе обезбедиме подобен кандидат ве известуваме и вас и него и ги договараме сите детали околу превземањето на опремата.

Што може да донирате?

Добредојдени се донации во лаптоп или десктоп компјутери на кои е инсталиран и без потешкотии функционира Windows 10 или понов оперативен систем.

Што не можеме да прифатиме?

Обврска на донаторите

По пополнувањето на апликацијата, донаторот има обврска:

  1. да ги одстрани сите свои податоци од хард дискот,
  2. да провери дали компјутерот функционира и е донесен во почетна состојба,
  3. да ја чува опремата на сопствена локација сé до пронаоѓањето подобен кандидат.

Како се одвива процесот на добивање донација

Слично како процесот за донација, апликантот треба да пополни апликација и потоа доколку ги исполнува критериумите, го поставуваме на листа на чекање. Оној момент кога ќе обезбедиме соодветен компјутер, го известуваме и него и донаторот при што ги договараме сите детали околу превземањето на опремата.

Со цел да ги елиминираме лажните и нелегитимни барања, вршиме детална проверка на документите и барањата, па затоа процесот понекогаш може да трае и неколку недели.

Обврска на барателот на донација

Барателот на донацијата има обврска:

  • да го преземе компјутерот од донаторот од локација и во термин за кои ќе биде известен.
  • да се грижи за добиениот компјутер. Сите натамошни трошоци од користењето на компјутерот се на негов трошок.

Кој може да аплицира за добивање компјутер?

Кандидати за добивање компјутер се:

  • деца без родители сместени во мали групни домови и згрижувачки семејства,
  • деца на самохрани родители
 
Што може да донирате

Лаптоп компјутер

Десктоп компјутер

Минимална конфигурација

Процесор: 1,5GHz

RAM: 4GB

HDD/SSD: 128GB

GPU: DirectX 9

OS: Windows 10 или понов

Wi-Fi адаптер

Што не можеме да прифатиме?

За жал не сме во можност да прифатиме:

  • компјутери постари од 10 години,
  • компјутери кои се расипани односно нефункционални,
  • десктоп компјутер без Wi-Fi адаптер
  • лаптопови без адаптер за напојување.

Како да донирате компјутер како физичко лице?

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Како да донирате компјутери како фирма?

Пред да го донирате компјутерот

1

1

Проверете ја неговата исправност
Децата без родители нема да има можност за скапи поправки или надградби. Затоа, потрудете се компјутерот што го донирате да го доведете во целосно исправна состојба.

Сакаш да помогнеш?

Придружи му се на нашиот тим задолжен за реализирање на оваа активност.