Search
Close this search box.

Фонд за школување

Секое дете заслужува подеднаква шанса.

Ѓорѓи Марјановиќ е роден како седмо дете на Никола и Милосава Гостовиќ на 6 мај 1939 година во Стара Моравица, Војводина. Бил на возраст од само 6 месеци кога станал сирак. Татко му бил убиен а мајка му, кога го видела својот мртов сопруг, доживеала нервен слом поради што морала да биде хоспитализирана. Малиот Ѓорѓи извесен период бил задржан во градската болница во Суботица а подоцна, на возраст од 17 месеци бил даден на посвојување. Бил посвоен од Часлав и Рада Марјановиќ но немал среќа ниту во овој случај, бидејќи Часлав бил убиен од четници во 1942 г. во местото Придворица.

Тажната судбина на Ѓорѓи Марјановиќ беше инспирација за создавањето на фондот за школување на деца без родители сместени во згрижувачки семејства, деца на самохрани родители и сите оние кои немаат можност да си дозволат школување.

Дополнително инспирирана и од кинеската мудрост која вели “На гладниот не му давај риба туку научи го да лови“, фондацијата има стратешка определба да им помага на оние кои сакаат да се школуваат но немаат финансиски можности.

Обуки

На подобните кандидати ќе им бидат обезбедени следниве обуки:

обука
возраст
финансирање

стручни студии за ИТ занимања

18 -24

80 %

курсеви за англиски јазик

13 – 18

100 %

курсеви за компјутери

10 – 18

100 %

курсеви за вештини

10 – 18

100 %

Кој може да аплицира

Подобни кандидати кои можат да аплицираат за добивање финансиска поддршка за школување се деца без родители сместени во згрижувачки семејства, деца на самохрани родители, со пополнување онлајн пријава и доставување документ со кој се потврдува нивниот статус.

Како функционира поддршката за школување

Фондацијата покрива 80% од трошоците за стручна студии за дефицитарни ИТ занимања за кои не е пресуден услов поседување факултетска диплома. Учесникот во програмата ги покрива останатите 20% и се обврзува, по вработувањето, да го уплати во вид на своја донација износот кој му бил одобрен како помош за школување, во рок од 12 месеци и без камата. По завршувањето на школувањето, фондацијата ќе работи на тоа да му помогне на студентот во наоѓање соодветна работа.

За сите останати обуки покривањето на трошоците е целосно, при што одбраните кандидати немаат обврска за враќање на средствата.