Search
Close this search box.

Штом го завршите снимањето и ја поставите снимката на YouTube, следен чекор е да ни ја доставите снимката. Тоа се прави на следниов начин:

1. Одете на www.fgm.org.mk

2. Кликнете на иконата за најавување:

3. По кликнувањето ќе ви се отвори следнава страница:

Во полето за корисничко име се внесува email адресата на родителот и лозинката која ви е доставена на таа адреса.

4. По најавувањето, на следната страница ги внесувате податоците за видео снимката:

Во првото поле ги внесувате името и презимето на вашето дете (на кирилица), во второто поле линк до видеото кое претходно сте го поставиле на YouTube. Тој линк ќе го најдете веднаш под видеото – кликнете на копчето Share и ископирајте го линкот со клик на Copy

Во третото поле, слика од раскажувачот, ја избирате сликата која претходно ја имавте направено на која во едната половина е вашето дете а на втората корицата од книгата. Книгата треба да е во преден план и во висина на лицето, односно како на сликава.

Потоа, во полето Линк од видеото кликнете со десно копче од глувчето и изберете Paste или пак притиснете ги копчињата Ctrl + V на тастатура.

Конечно, не заборавајте да ја одберете соодветната категорија во која се натпреварува вашето дете.

Со клик на копчето Прикачи ја доставувате снимката до нас.


По добивањето на линкот снимката ќе биде прегледана и, ако е сè во ред, ќе биде одобрена и поставена на некоја од овие две страни: