Search
Close this search box.

Летна школа за Македонски јазик, литература, историја и култура

Летната школа за македонски јазик, историја и култура наменета им е на децата на македонски иселеници кои слабо или воопшто не го говорат македонскиот јазик. Како подготовка за учество во летната школа, студентите претходно ќе следат онлајн курс за македонски јазик, со цел да стекнат основно ниво на зборување, разбирање и читање. По доаѓањето во Македонија, наставата по македонски ќе ја следат во простории на филолошкиот факултет во Скопје (или друга сродна организација). Еден дел од денот ќе биде резервиран за посета на музеи и објекти од историско значење, вечерите за социјални активности и дружења со врсници од Македонија, додека викендите се резервирани за посета на туристички места.

Сместувањето на студентите ќе биде во семејства одбрани според однапред утврдени критериуми.

Плаќањето се врши онлајн, со клик врз копчето Донирај.

Ако сакате курсот да го платите одеднаш, кај тип на донација одберете ЕДНОКРАТНО и внесете го минималниот износ на курсот (или поголем износ, ако така сакате)

Ако сакате плаќањето да ви биде на рати, кај кај тип на донација одберете изберете МЕСЕЧНО и внесете го износот на минималната месечна рата (или поголем износ, ако така сакате).

Да, апсолутно е безбедно. Плаќањето се врши така што во последниот чекор ќе бидете пренасочени на веб страницата на Casys, процесорот за плаќања со платежни картички.

По приемот на вашата уплата ќе ви доставиме е-маил со инструкции за натамошни чекори. Процесот понекогаш трае 1 до 2 работни дена.

Сертификатот ќе го добиете по успешното завршување на обуката.

Времетраењето на сертификатот е неограничено.

Доколку имате прашање на кое не можете да најдете одговор, ве молиме испратете ни порака.

Сакаш да помогнеш?

Придружи му се на нашиот тим задолжен за реализирање на оваа активност.