Search
Close this search box.

Класична музика

Музиката ја измива од душата прашината на секојдневието.
– Бертолд Оербах

Класичната, поточно сериозната музика била од секогаш една од најголемите љубови на Ѓорѓи Марјановиќ. За прв пат имал можност да ја слуша на радио како дете, додека бил ученик во основно училиште во Куманово. Вистинската љубов кон неа се развила по неговото преселување во Скопје во 1956 година, кога започнал редовно да присуствува на концертите кои во тоа време се одржувале во офицерскиот дом.

Во чест на оваа негова љубов, фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, како своја редовна активност, ќе организира вечери на класична музика во форма на добротворни концерти. Вечерите на сериозна музика имаат цел да ја приближат оваа музика кај младите, истовремено промовирајќи ги младите музичари.

ПАРТНЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Оваа активност фондацијата ќе ја изведува во соработка со средното музичко училиште Илија Николовски – Луј и факултетот за музичка уметност.

ЛОКАЦИЈА

Вечерите на сериозна музика се одржуваат во концертната сала 19:19 која се наоѓа во зградата на работничкиот универзитет Кочо Рацин во Скопје.

ВЛЕЗНИЦИ

Влезниците за концертите се продаваат преку веб страната karti.com.mk. Приходите од продажбата на влезниците се влеваат во фондот за школување на фондацијата и се користат за школување на деца без родители.

Сакаш да помогнеш?

Дали си наставник по музика, музичар или некој кој сака љубовта кон музиката да им ја пренесе на децата? Придружи ни се на нашата волонтерска група која работи на реализација на оваа цел.