Search
Close this search box.

Натпревар во Раскажување

Гo започнува обликувањето на децата во лидери

Читањето и раскажувањето ги поттикнуваат имагинацијата, креативноста и влијаат на интелектуалниот развој на децата. Резултатите од научните истражувања потврдуваат дека децата што биле поттикнати на читање и раскажување имаат подобри резултати во учењето.

Натпреварот во раскажување има за цел да ги поттикне младите да стекнат навика за читање и да ги развијат своите способности за вербално изразување. Истовремено, со учествување во натпреварот учесниците се квалификуваат за запишување во Академијата за идни лидери.

Учеството во натпреварот е бесплатно за учениците од сите основни училишта во земјава. Јазик на натпреварот е македонски. На натпреварот учесниците се натпреваруваат во раскажување прочитани книги по сопствен избор при што задолжителните лектири не се земаат предвид.

КАКО ДА СЕ УЧЕСТВУВА НА НАТПРЕВАРОТ

Награди

6.000 ден (вредносен ваучер, MY:TIME)

ХХ.000 ден (вредносни ваучери од издавачки куќи)

вкупна вредност: ХХ.000 ден (во подготовка)

4.000 ден (вредносен ваучер, MY:TIME)

ХХ.000 ден (вредносни ваучери од издавачки куќи)

вкупна вредност: ХХ.000 ден (во подготовка)

2.000 ден (вредносен ваучер, MY:TIME)

ХХ.000 ден (вредносни ваучери од издавачки куќи)

вкупна вредност: ХХ.000 ден (во подготовка)

КАТЕГОРИИ

Натпреварувачите се натпреваруваат во две категории:

  • Категорија 1: ученици од 3 до 5-то одделение
  • Категорија 2: ученици од 6 до 9-то одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАП

Секој пријавен натпреварувач ќе добие бесплатна онлајн обука за јавен говор веднаш по пријавувањето.

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Натпреварот е составен од два дела:

  1. Првиот дел, со времетраење од 12 месеци, е дел во кој учесниците читаат книги, ги раскажуваат пред врсници додека родителот ги снима со мобилен и потоа ги доставуваат снимките.
  2. Вториот дел наречен суперфинале е настан кој се реализира со физичко присуство, пред публика и жири комисија. Во суперфиналето учествуваат учесници со најголем број прочитани книги.

Првиот дел започнува на 20.6.2024 год. и трае до 10.6.2025 год. Датумот на суперфиналето дополнително ќе биде објавен.

СУПЕРФИНАЛЕ

Суперфиналето е настан кој се случува на натпреварот на кој учествуваат првите 30 натпреварувачи со најголем број прочитани книги во текот на годината. На овој настан натпреварувачите имаат настап во живо кој го оценува стручна жири комисија составена од представници на:

  1. Правен факултет „Јустинијан Први“
  2. Филолошки факултет „Блаже Конески“
  3. Институт за македонска литература
  4. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
  5. Клуб на оратори „Forum Oratores“ 


Суперфиналето на натпреваот за учебната 2023/24 година се одржа на 19 јуни 2023. Фотографии и видео снимки од натпреварувачите можете да погледнете на 
овој линк.

ОЦЕНУВАЊЕ

На натпреварот ќе се оценува:

  1. КВАНТИТЕТ НА ПРОЧИТАНИ КНИГИ. Со секоја прочитана и раскажана книга и доставена снимка, учесникот добива 1 поен.
  2. КВАЛИТЕТ НА РАСКАЖАНИТЕ КНИГИ. Настапот во живо стручната жири комисија ќе го оценува според следниве критериуми:

1

ДИКЦИЈА

(артикулација, нагласување, модулација, паузи)

30 %

2

МОЌ НА ИЗРАЗУВАЊЕ

(флуентност, темпо, чувствена енергија)

30 %

3

СЦЕНСКИ НАСТАП

(појавување, говор на тело, сигурност, самодоверба)

30 %

4

ОПШТ ВПЕЧАТОК

(колку настапот е интересен, разбирлив,  убедлив)

10 %

Вкупно

100 %

Спонзори

ОДОБРУВАЊЕ И ПОДДРШКА

Натпреварот во раскажување е одобрен за реализирање со одлука на Министерство за образование и наука бр. 12-25 09/4 од 26.08.2020, донесена според мислење на  Бирото за развој на образованието бр. 09-509/2 од 08.04.2020 год. Натпреварот се реализира со поддршка од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, Македонската асоцијација на издавачи,  Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“, Институтот за македонска литература,  Институтот за македонски јазик и Комората на психолози на република Северна Македонија.