ПЛАНИНАРЕТЕ СО
БЛАГОРОДНА ЦЕЛ
Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ ги здружува силите со Федерацијата за Планинарски спортови на Македонија за да им помогне на децата без родители или родителска грижа во нивната подготовка за самостојно живеење.
Ве покануваме да ни се придружите на HIKE 4 orphans, нашите еднодневни планинарски тури низ најубавите предели на Македонија, посветени на големата страст на Ѓорѓи Марјановиќ – планинарењето. На сите учесниците им обезбедуваме превоз, искусен, сертифициран планинарски водич и незаборавни доживувања. Секој е добредојден, без оглед на возраста.
Намена на донациите
Во духот на кинеската мудрост која вели „На гладниот не му давај риба туку научи го да лови“, со вашите донации ќе ни помогнете во покривање на трошоците за школување децата без родители. На овие деца, со согласност од Министерството за труд и социјална политика и во координација со Детскиот дом „11 Октомври“, ќе им обезбедиме курсеви за англиски јазик, дигитални вештини, обуки за подготовка за вработување и сè што им е потребно за да имаат подобра шанса за иднина.
Зошто да се придружите?
Поврзете се со природата, поврзете се со цел
Нашите планинарски тури ве водат низ најживописните предели на Македонија. Додека уживате во прекрасните пејзажи и го вдишувате чистиот планински воздух, не само што ќе го подмладите вашиот дух туку и ќе се поврзете со цел поголема од вас.
Заедница и другарство
Планинарењето со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не е само соло патување; тоа е заедничко искуство. Создадете нови пријателства, споделувајте смеа со истомисленици, сите обединети со заедничката цел да се направи позитивно влијание.
Давате надеж
Средствата што ги донирате за учествување на овие тури одат директно за школување на деца без родители. Вашите донации се надеж за нив – со ваша помош ќе им помогнеме да го остварат својот потенцијал и да се подготват за иднината.
Хармонија и релаксација
Планинарењето е одличен начин за намалување на стресот и подобрување на вашето физичко и ментално здравје. Дозволете си моменти на мир и релаксација во природа.
Задоволство
Почувствувајте ја радоста од правењето добро дело и сознанието дека сте направиле разлика. Спомените создадени за време на овие планинарења се протегаат многу подалеку од патеката, оставајќи трајно влијание врз животите на оние кои имаат корист од вашата добрина.
Како да се приклучите?
- СТАНЕТЕ НАШ ЧЛЕН
Станете член на нашата Facebook група HIKE 4 orphans и добивајте редовно известувања за предстојните планинарски акции
- ИЗБЕРЕТЕ ТУРА
Изберете некоја од понудените тури од нашиот распоред пополнувајќи онлајн пријава
- ДОНИРАЈТЕ
Донирајте сума по ваш избор, но не помала од минималната сума определена за секоја тура поединечно.
Приклучете ни се и помогнете заедно да создадеме подобра иднина за децата без родители!
Календар на акции
Јелачки црн врв
6.10.2024
Милениумска патека
13.10.2024
Мегалитска патека
3.11.2024
Индивидуални корпоративни тури
Сакате да ви организираме планинарска тура по вашa замисла, само за вашите вработени? Испратете барање на contact@fgm.org.mk, наведувајќи посакуван датум, број на вработени и сè што сметате дека е важно и очекувајте повик од представник на Фондацијата.