НАТПРЕВАР ВО РАСКАЖУВАЊЕ 2024/25

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ ги поканува ученици од основните училишта да се пријават за учество на годишниот национален

НАТПРЕВАР ВО РАСКАЖУВАЊЕ 2024/25

за ученици од сите основни училишта во земјава во категории:

Учениците се натпреваруваат така што во текот на учебната година читаат книги, се снимаат додека ги раскажуваат пред мала публика и ни ги доставуваат снимките, за што добиваат по еден бод за секоја книга. На крајот од учебната година натпреварувачите ќе учествуваат на јавен настап пред стручна жири комисија. 

Финалето на натпреварот ќе се одржи во јуни 2025 на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. За освоено 1, 2 и 3-место обезбедени се вредносни ваучери од голем број спонзори.

Секој учесник на натпреварот ќе добие две обуки:

  1. Курс Јавно говорење за деца, и
  2. еден курс по сопствен избор од DIY академијата Еверест.

Дополнително, со учествувањето на натпреварот, учесниците се квалификуваат за упис на Академијата за идни лидери Ѓорѓи Марјановиќ.

Натпреварот се организира врз основа на согласност од МОН донесена врз основа на позитивно мислење од БРО.

Корисни линкови:

Пријавување училишни координатори

Ако сè уште не сте станале училишен координатор (можно е повеќе лица да се пријават од исто училиште), пополнете ја онлајн пријавата поставена на адреса:

bit.ly/koordinatori-fgm

или скенирајте го кодот со мобилен.

ВАЖНО: Сите новопријавени координатори ќе бидат поканети на онлајн ZOOM состанок.