124
Скопје, 9 мај 2018 – Денес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје се одржа промоција на сотијата „Стручен труд“ од проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ.
Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје се јавува како издавач на второто издание на „Стручен труд“ од проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ. На овој начин, сегашната генерација на Факултетот, прави обид да ги исправи историските неправди кон професорот Марјановиќ и сака да му се оддолжи за сиот негов придонес во развојот на демократската мисла во Република Македонија.
Промотори на изданието беа проф. д-р Владимир Петрушевски, Проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и г-дин Бранко Секуловски, судија на Основниот суд Гостивар (во пензија).