Гостување кај Ротари клуб Скопје – Центар

Скопје, 25 февруари 2025 – На 24 февруари, во хотелот Мериот, Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, беше гостин на редовниот месечен состанок на Ротари клубот Скопје – Центар, на покана на Искра Ветаџокоска, претседателка на Rotary RC Skopje Center. На средбата со членовите на клубот, тој ја претстави Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и нејзините стратешки цели, кои се насочени кон остварување на визијата „Македонија пристојно место за живеење“.

Во своето излагање, Александар ги презентираше активностите на фондацијата, особено фокусот на обликување на младите како идни лидери и поддршката за децата без родители во нивниот пат кон самостојно живеење. Тој ја сподели и приказната за својот татко, Ѓорѓи Марјановиќ, неговата борба за демократија и неговата трагична животна патка, која беше инспирација за создавањето на фондот за школување на деца без родители.

Исто така, Александар краток преглед даде за Детската ИТ академија Еверест, иницијатива која им помага на децата да стекнат компјутерски и лични вештини, истовремено запознавајќи ги со различни професии преку тематски проекти прилагодени на нивната возраст.

По завршувањето на неговото излагање, Искра Ветаџокоска ги информираше присутните дека Ротари клубот Скопје – Центар донирал 3 лаптопи за децата од Детскиот дом „11 Октомври“ и ќе финансира едногодишно школување за 2 деца. Дополнително, преку нејзината фирма Виталија, таа вети дека ќе ги покрие трошоците за школување на уште едно дете.

Оваа средба беше уште еден чекор напред во соработката меѓу Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и Ротари клубот Скопје – Центар, со цел да се создаде подобар живот за сите.