Визија и мисија
Визија
Визијата на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ е Македонија да стане пристојно место за живеење.
Мисија
Ова цел фондацијата ќе ја реализира преку:
- создавање генерации на идни лидери кои ќе бидат носители на развојот на земјата,
- борба за спречување и намалување на корупцијата,
- помагање при школување и вработување на деца без родители, деца на самохрани родители и останати ранливи категории,
- негување и промоција на македонскиот јазик, историја и култура,
- изведување и координирање едукативни активности,
- реализирање издавачка дејност,
- привлекување истомисленици,
- градење мрежа од партнерски организации,
- организирање донаторски активности.