Бесплатен едномесечен ИТ курс за основци

Можност децата да учат, создаваат и да ги развиваат своите дигитални вештини во Детската ИТ академија Еверест

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, во соработка со Детската ИТ академија Еверест, ги поканува учениците од основните училишта да се пријават за бесплатна едномесечна обука за компјутерски вештини.

Целта е децата да добијат можност одблиску да го запознаат начинот на работа во Еверест и преку практични проекти да направат уште еден чекор во развојот на своите дигитални вештини.

Како учат децата во Еверест?

Наставата во Детската ИТ академија Еверест е организирана според возраста на учениците и се реализира преку проектно базирано учење. Наместо само да слушаат како функционира технологијата, учениците ја користат за да истражуваат, решаваат проблеми и создаваат сопствени дигитални проекти.

Програмата се реализира со лиценцирани наставни материјали на TechnoKids, развиени така што дигиталните вештини постепено се надградуваат со возраста и искуството на детето.

Еден месец бесплатно — за да пробате пред да одлучите

Веруваме дека најдобриот начин родителот да процени дали една програма му одговара на неговото дете е детето најпрво да ја искуси.

Затоа на учениците им овозможуваме еден месец бесплатна настава, без обврска потоа да го продолжат школувањето.

Во текот на бесплатниот период детето учествува во редовната настава и работи на проект заедно со останатите ученици во групата.

Што по бесплатната обука?

По завршувањето на бесплатната обука, учениците имаат можност да го продолжат следењето настава со потпишување договор за школување. Доколку по бесплатниот период одлучите вашето дете да продолжи со редовната програма на Детската ИТ академија Еверест, месечната школарина изнесува 2.000 денари.

Каде се одржува наставата?

Наставата се одржува со физичко присуство во просториите на Детската ИТ академија Еверест во центарот на Скопје, во зградата на Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“.

Групите се формираат според возраста на учениците, а бројот на места е ограничен.

Учење со хуманитарна мисија

Целта што Фондацијата сака да ја оствари со оваа иницијатива е на децата без родители да им овозможи бесплатно следење на настава и во духот на мудроста на Конфучие – „на гладниот не му давај риба, научи го да лови“ – да им помага во подготовката за самостојно живеење со стекнување знаења и вештини.

Ова се реализира така што родителите, школувајќи ги своите деца, без дополнителни финансиски оптоварувања ги помагаат истовремено и децата без родители. Оваа активност се спроведува во соработка со Министерство за труд, демографија и млади и детскиот дом „11 Октомври“ од Скопје.

Пријавување

На обуката може да се пријават ученици кои претходно ја немаат искористено оваа можност. Учеството во едномесечната обука е бесплатно, но поради работата во мали групи бројот на места е ограничен.

Родителите можат да го пријават своето дете преку формуларот за пријавување поставен на веб страната на Еверест.

[ПРИЈАВЕТЕ ГО ВАШЕТО ДЕТЕ]

Пред да донесете одлука, ве покануваме да дознаете повеќе за Детската ИТ академија Еверест, програмата, начинот на работа и искуствата на нашите ученици и родители.

[ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ЕВЕРЕСТ]