Search
Close this search box.

Донирајте компјутер, дадете надеж

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, во пресрет на новата учебна година, сака да им помогне на децата без родители, обезбедувајќи им компјутери кои ќе им служат како алатка за учење и обука за англиски јазик.

Доколку поседувате користени, но целосно функционални компјутери кои повеќе не ви се потребни, ве покануваме да ги донирате за оваа благородна цел. Исто така, можете да донирате и паричен износ по ваш избор. Собраните средства ќе бидат употребени за реализација на обуката.

Инструкции за донирање

  1. Проучете ги деталите на нашата веб страница
  2. Доставете ни спецификација за опремата пополнувајќи го онлајн формуларот
  3. Потпишете договор за донирање
  4. За финансиска донација кликнете на овој линк

Со ваша помош, можеме да направиме голема разлика во животите на овие деца, овозможувајќи им еднакви можности за учење и развој.

Ако не можете да донирате, споделете ја оваа информација. Тоа исто така помага!

Во името на децата Ви благодариме однапред за вашата поддршка и придонес за нивна подобра иднина.