Search
Close this search box.

МА­ГИС­ТЕР

09.03.2000

Пред мно­гу го­ди­ни Ју­гос­ла­ви­ја ед­но вре­ме ја во­де­ше ед­на да­ма по име Мил­ка Пла­нинц. На та­а те­ма (же­на пре­ми­ер) се ја­ви­ја ед­но чу­до ви­цо­ви. Не­ко­и од нив, де­нес ги препоз­на­ва­м прис­по­со­бе­ни на смет­ка на ед­на дру­га да­ма (же­на – ми­нис­тер за внат­реш­ни ра­бо­ти). Што бе­ше, ка­ко бе­ше, ка­ко уп­ра­ву­ва­ше Мил­ки­ца со зем­ја­та, се­га ве­ќе не е ни важ­но. На не­а де­нес се се­ќа­ва­м са­мо по ед­на ра­бо­та: от­ка­ко ѝ по­ми­на ман­да­тот, во раз­го­вор со но­ви­на­ри­те, из­ја­ви де­ка мно­гу на­у­чи­ла уп­ра­ву­вај­ќи со зем­ја­та. Прво што то­гаш ми пад­на на па­мет бе­ше де­ка ова­а по­ја­ва мо­же да се срет­не са­мо кај нас. На­се­ка­де во све­тот лу­ѓе­то уча­т цел жи­вот на уг­лед­ни шко­ли за да мо­же по­тем, ако слу­чај­но или на­мер­но дој­да­т на власт, да го ре­а­ли­зи­ра­ат она што го на­у­чи­ле. Кај нас лу­ѓе­то до­а­ѓа­а на влас­т за да уча­т (!?). А уче­а глав­но на соп­стве­ни­те греш­ки. То­а бе­ше тол­ку доб­ра шко­ла што ше­го­бијци­те фа­ти­ја да иро­ни­зи­ра­ат: “Ан­гли­ча­ни­те уча­т на Ок­сфорд и Кем­бриџ, а ни­е – на греш­ки­те!”. Неј­се, бид­на што бид­на. Пло­до­ви­те од вак­ви­те ме­то­ди ги зна­е­ме: Ју­гос­ла­ви­ја зав­рши она­ка ка­ко што зав­рши, ве­ро­јат­но и бла­го­да­ре­ни­е на овој аван­гар­ден на­чин на уче­ње и уп­ра­ву­ва­ње со зем­ја­та.

Не ве­ру­вав де­ка и во су­ве­ре­на Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но не ра­ко­во­де­на од Пар­ти­ја­та за ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но единство, ќе до­жи­ве­а­м да слуш­на­м реп­ри­за на из­ја­ва­та на гос­по­ѓа Пла­нинц, а тоа, ете, се­пак се слу­чи. Мла­ди­от вој­во­да, ве­рен на сво­и­те пре­диз­бор­ни ве­ту­ва­ња, нап­ра­ви те­мел­ни про­ме­ни. От­ка­ко првин не­го­ви­те ми­нис­три нап­ра­ви­ја ’ршум по ми­нис­тер­ста­ва­та, ко­неч­но и тој ре­ши да сме­ни не­кол­ку­ми­на од нив. Ре­че­но-сто­ре­но! Са­мо (и то­а е осо­бе­нос­т на ма­ке­донц­ки­те ра­бо­ти), на­мес­то как­во и да е об­јас­ну­ва­ње зош­то не­ко­и ми­нис­три од­ле­таа, пре­ми­е­рот јав­но ве­ти де­ка ќе ги пра­вел ам­ба­са­до­ри. Све­сен за пра­ша­ње­то што ќе си го по­с­тави се­кој гра­ѓа­нин (“Ка­ко е мож­но еден не­ус­пе­шен, а по­не­ко­гаш ду­ри на­ци­о­нал­но ште­тен, ми­нис­тер одед­наш да ста­не ам­ба­са­дор, ко­га се зна­е де­ка дип­ло­ма­ти­ја­та е се­пак про­фе­си­ја, а не по­ли­тич­ка си­не­ку­ра?”), тој, во сти­лот на гос­по­ѓа Пла­нинц, поб­р­за да од­го­во­ри де­ка та­а ед­на го­ди­на ми­нис­те­ру­ва­ње би­ла го­ле­ма шко­ла за “ре­кон­стру­и­ра­ни­те” гос­по­да и де­ка се­га ти­е би­ле ка­дар­ни да би­да­т ам­ба­са­до­ри ка­де што ќе по­са­ка­ат (!).

Ве­ќе ут­ре­ден­та до­бив е-ма­ил, во кој еден при­ја­тел, огор­чен од ова­а из­ја­ва, фа­ти на дол­го и на ши­ро­ко да ми го тол­ку­ва она што ме­не и та­ка ми бе­ше јас­но: де­ка пре­ми­е­рот со ова­а “фи­ло­зо­фи­ја” го дег­ра­ди­ра зна­че­ње­то на об­ра­зо­ва­ни­е­то. До­вол­но би­ло не­ко­го да го зе­ма­т во вла­да­та и, по ед­на го­ди­на ми­нис­те­ру­ва­ње, и од мен­тал­но го­ве­до да нап­ра­ва­т ам­ба­са­дор par exselance! На­мер­но пре­те­ру­вам!

Де­но­ви­ве, со­се­ма слу­чај­но, ви­дов де­ка “фи­ло­зо­фи­ја­та” на пре­ми­е­рот ја при­фа­ти­ле и во дру­ги сре­ди­ни на јав­на­та власт: ед­на ин­те­ли­ген­тна мла­да да­ма, што на пост­дип­лом­ски­от кур­с по кри­вич­но пра­во и кри­ми­но­ло­ги­ја на Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је ма­гис­три­ра­ше со од­ли­чен ус­пех, дој­де да ме за­мо­ли да ѝ би­да­м ре­цен­зен­т на кни­га­та (неј­зи­на­та ма­гис­тер­ска те­за) што са­ка да ја об­ја­ви. Зош­то да не! Ако мо­жев да го пот­пи­ша­м из­веш­та­јот за оцен­ка на ма­гис­тер­ски­от труд, не гле­да­м зош­то не би бил и ре­цен­зен­т при неј­зи­но­то об­ја­ву­ва­ње. Па­те­м ја пра­шав да­ли ви­де не­кој аи­р од тру­дот што го вло­жи за да ма­гис­три­ра (да­ма­та, ина­ку, ра­бо­ти во ед­но од на­ши­те јав­ни об­ви­ни­тел­ства ка­ко стру­чен со­ра­бот­ник) и дознав де­ка то­а не е слу­чај. Спро­тив­но на си­те оче­ку­ва­ња, таа, на­вод­но, не­ма шан­си ни се­га (при прет­стој­ни­те име­ну­ва­ња) ни­ту пак в ид­ни­на да ста­не ја­вен об­ви­ни­тел. Се оби­дов да дозна­м ко­и се лу­ѓе­то што ја “ис­тис­на­ле”. Ни­ед­но од ими­ња­та што ми ги ка­жа не ми зна­че­ше ап­со­лут­но ниш­то.

И пак ми оти­де умот во одам­на из­ми­на­ти­те вре­ми­ња на ко­му­низ­мот (што во ка­ри­ка­ту­ра­лен вид се пов­то­ру­ва­ат де­нес): и та­му во стру­ка­та глав­но се нап­ре­ду­ва­ше бла­до­да­ре­ни­е на пар­тис­ка­та вер­ност, пре­да­нос­т и про­ве­ре­ност, а не врз ос­но­ва на струч­ни­те ква­ли­те­ти.

То­гаш, ба­ре­м на Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, упор­но нас­то­ју­вав да вос­пос­тави­ме, ако не на­че­лен став, то­а ба­ре­м не­как­ва прак­ти­ка, ло­ши­те сту­ден­ти да не сме­е да би­да­т би­ра­ни за сту­ден­тски ра­ко­во­ди­те­ли. По­пус­то! Кол­ку што не­кој бе­ше по­слаб сту­дент, тол­ку по­го­ле­ми му бе­а шан­си­те да се ка­чи по­ви­со­ко по ска­ли­ла­та на пар­тис­ка­та и држав­на хи­е­рар­хи­ја.

Зош­то то­гаш во­оп­што пи­шу­ва­м на ова­а те­ма? Не оти неш­то ќе из­ме­на­м со ови­е ре­до­ви во зем­ја во ко­ја и на чис­тач­ки­те им ба­ра­ат пар­тис­ки книш­ки на ВМРО (и то­а е ос­нов­на­та, но не и единстве­на, раз­ли­ка ме­ѓу ко­му­нис­тич­ко­то и вмро-вско­то вла­де­е­ње)! Не ми па­ѓа на па­мет! Как­ва ми е смис­ла­та то­гаш? Да го ка­жа­м то­а што ми те­жи и да си олес­нам. А и “да не рек­нев де­ка не са­м им рек­на­ја”, ко­га еден ден на­ши­ве мла­ди уп­ра­ву­ва­чи со зем­ја­та ќе ја до­жи­ве­а­т суд­би­на­та на ста­ри­те кле­ти ко­му­нис­ти (а се­ка­ко ќе ја до­жи­ве­ат).

Се­пак, за да не би­де пи­шу­ва­ње­во во сти­лот на она “рек­ла-ка­жа­ла”, са­мо­и­ни­ци­ја­тив­но ре­шив да по­раз­го­ва­ра­м со ре­пуб­лич­ки­от ја­вен об­ви­ни­тел. Не ста­ну­ва збор за как­ва и да е про­тек­ци­ја, ме­ѓу­тоа, ка­ко ра­ко­во­ди­тел на пост­дип­лом­ски­те сту­ди­и по кри­вич­но пра­во и кри­ми­но­ло­ги­ја, ме ин­те­ре­си­ра зош­то јав­но­то об­ви­ни­тел­ство (де­нес!) тол­ку нис­ко го вред­ну­ва фак­тот што не­кој не­гов со­ра­бот­ни­к вло­жил до­пол­ни­те­лен труд за про­ши­ру­ва­ње и прод­ла­бо­чу­ва­ње на сво­и­те зна­е­ња и се здо­бил со ти­ту­ла­та ма­гис­тер. Не ин­тер­ве­ни­рам, зна­чи, за ни­ко­го, ту­ку за принцип. Ина­ку, дип­ло­ми­те што ги да­ва­ме очиг­лед­но не­ма­ат ни­как­ва смис­ла. На­мес­то ка­ков и да е од­го­вор на ова на­чел­но пра­ша­ње ми бе­ше ре­че­но де­ка да­ма­та има­ла и дру­го ли­це (!?). Нас­то­ју­вав врз принци­пот: об­ви­ни­те­ли­те не се име­ну­ва­ат по­ра­ди вак­во­то или онак­во ли­це, ту­ку врз ос­но­ва на сво­ја­та струч­ност, пред сѐ (А и кој чо­век има са­мо ед­но ли­це?). Ме ин­те­ре­си­ра зош­то се ома­ло­ва­жу­ва об­ра­зов­ни­от сте­пен со кој се здо­би­ла на Прав­ни­от фа­кул­тет ка­ко нај­ви­со­ка прав­но­об­ра­зов­на инс­ти­ту­ци­ја во зем­ја­ва. Не ги зна­м мно­гу апо­те­кар­ски­те ран­ги­ра­ња во об­ра­зо­ва­ни­е­то, но еден ма­гис­тер фор­мал­но има (и мо­ра да има) по­ви­сок ран­г од еден вмро-вски прип­рав­ник. И спо­ме­нав де­ка то­а ме ин­те­ре­си­ра пред, евен­ту­ал­но да сед­на­м и да на­пи­ша­м неш­то на та­а те­ма. Влас­та ре­а­ги­ра­ше во сти­лот што ѝ при­ле­га на моќ­та: “Мо­ре, пи­шу­вај бе што са­каш!” (ток­му та­ка, на “ти”, ми се об­ра­ти мо­јот не­ко­га­шен сту­дент, г. Став­ре Џи­ков) и јас, еве, со не­го­ва доз­во­ла пра­ва­м та­ка. Да се зна­е кол­ку чи­на­т дип­ло­ми­те што мач­но (и ска­по) се пе­ча­ла­т на пост­дип­лом­ски­те сту­дии. При­то­а не е кој зна­е кол­ку утеш­но што ва­ка, не рет­ко, ми­ну­ва­ат и док­то­ри­те на на­у­ки: око­лу иде­и­те на мла­ди­от д-р Игор Ја­нев, на при­мер, се кре­на го­ле­ма вре­ва, со нив се за­поз­на­е­ни (и ги при­фа­ќа­ат) и не­ко­и чле­но­ви на вла­да­та, зад нив фор­мал­но зас­та­на и Ма­ке­дон­ски­от Пен клуб, а тој сѐ уш­те е нев­ра­бо­тен.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.