Напишано од Татијана Брдар Ѓенѓиновиќ, внука на Ѓорѓи Марјановиќ
Вистината за Ѓорѓи
Секоја вистина е како медал.
Има две страни.
Секоја страна има своја приказна.
Само прашањете е – која е вистинската вистина?
Тоа го знаат само оние кои лично биле сведоци на приказните на баба ми и мајката за мојот вујко Ѓорѓи Марјановиќ. Можеби во тоа време не беше баш интересно да се биде сведок на тие приказни бидејќи си бил премногу млад, но бидејќи тоа беше рак-рана, се повторуваше повторно и повторно и сакал или не, ќе ти влезе во главата и ќе остана таму. И сè уште е таму и така ќе остане до крај.
Некаде во далечната 1924 или 1925 година, семејството Гостовиќ (дедо Никола, баба Милосава и неговите сестри) се преселило од Лика во Војводина. Од кралот тој добил на подарок 4 ари земја, како добар војник со заслуги и во тоа време, како писмен и образован човек, по доаѓањето во Војводина работел како судски службеник. Дојдоа на гола, но плодна почва и почнале сè од почеток. Од нула, и така почнаа. Од платата на дедо Никола крваво се штедело и така купиле плодна земја. Тие веруваа во Крсна Слава и во земјата. Таа ги хранеше нив и семејството, што за нив беше смислата на животот. Децата се раѓаа на година или две. Повеќето од нив се раѓале во поле. Баба ми Милосава со срп ќе ја пресечела папочната врпца, ќе го повиела детето и продолжувала да работи на полето. Некои деца ги родила во шталата, како мајка ми, но ретко кое во куќата. Обајцата биле чесни и вредни работници и многу брзо напредуваа сè до тој несреќен ден во 1939 година. Доцна попладнето, дедо ми Никола отишол на обиколка на нивата што неодамна ја купиле. Ноќта веќе полека почна да паѓа. Баба ми се качила на запрежната кола и почна да го бара. На самата парцела го пронашла телото на нејзиниот покоен сопруг, распарчено со секира и делови од телото расфрлани по земја. Крв, шок, неверување, болка. Плачејќи, почнала да ги собира деловите од телото. Некој слушнал, гласот се проширил и луѓето се собрале да помогнат. Вујко Ѓорѓи тогаш имаше само шест месеци, мајка ми Недељка две години постара. Осум деца, од кои едното починало, тој ден останале без татко. Колку што можела да остане трезвена, успеала да ги испрати своите деца во подобри селски домови. Морала да оди во болница на лекување од последиците на тешкио нервен слом, кое траело една година. Имаше само 35 години. Мојот вујко Ѓорѓи како бебе го дала на докторот и неговата сопруга да ги чуваат. Но, вујко Ѓорѓи бил доста плачливо бебе а докторот и жена му не можеле да се снајдат и го дале бебето на пријател на сопругата на докторот (Часлав Марјановиќ) да се грижи за него. За да го направат тоа дури и организирале да се објави статија во локалниот дневен весник со наслов „Едно убаво дете бара родители“, во која била опишана трагичната случка и било објаснето дека, со оглед на тоа што докторот веќе имал две деца, се барало трајно решение за грижата околу Ѓорѓи. Како докторот и Часлав успеале да го изведат посвојувањето на Ѓорѓи без согласност од мајка му Милосава е до ден денешен непознато.
По една година помината на лекување, баба ми Милосава ја напуштила болницата и веднаш почнала да си ги собира децата. Мајка ми беше сместена во унгарско семејство и зборуваше само унгарски. Кога отишла кај докторот, Ѓорѓи го немало, ниту пак Часлав Марјановиќ и жена му Рада. Сето ова се случувало во време кога започнувала втората светска војна. Ни докторот ниту било кој друг имале информација за тоа каде е се Часлав и Рада Марјановиќ, ниту пак Ѓорѓи. Од тој момент започнува агонијата на баба ми Милосава.
Таа никогаш не престана да си го бара синот, но истовремено морала да се грижи и за останатите деца. Кога завршила војната, за да ги прехрани децата, криела пченка во олуците од куќата, за да има леб за децата. Некој ја поткажал и таа на крајот морала да помине речиси цела година во затвор. По излегувањето продолжила со потрагата по Ѓорѓи преку Црвен крст и таа нејзина потрага конечно завршила со среќен крај кога конечно открила дека Ѓорѓи е жив и здрав и живее и работи во Скопје на правниот факултет. Кога тоа го открила, се качила на воз и се упатила кон Скопје. За тоа како изгледала нивната средба можете да си замислите.
По нејзиното откритие следело запознавањето на Ѓорѓи со браќата и сестрите. Прво еден од неговите браќа, Бранко Гостовиќ заедно со сопругата и синот му отишол на посета. Сето тоа било направено внимателно, бидејќи вујко Ѓорѓи не сакал да ја повреди својата маќеа.
Подоцна дојде и тој ден и Ѓорѓи да дојде во Белград да се сретне со сестрите. Во тоа време имав можеби околу 14 години. Живеевме во Нов Белград, во близина на Сава Центар. Дојде тетка ми со семејството од Белград и тетка ми од Мол кај Сента, Војводина. Се готвеше, се спремаа секакви џаконии. А за кого друг ако не за братот. Нервозата беше видлива. Тетките заплакаа малку, мајката беше најхрабра. Најсилна. Камен. Но, знаев, кога ќе пукне тој момент, се е готово. Вујко ми слетал на белградскиот аеродром, стигнал до својата дестинација со автобусот ЈАТ, кај шесте каплари. Додека чекавме, се прашував како ќе го препознаеме? Автобусот застана, полн со патници, почнаа да се симнуваат. Во еден момент видов човек ист како и другите чичковци и викнав – „Еве го!“. Вујко ми беше шокиран, едноставно не знаеше што го погоди. Рацете околу вратот, едната сестра му ја бакнува главата, другата му ги бакнува рацете, третата му ги бакнува пазувите. Сите плачат. Така прегрнати стигнаа до станот и од таму сè почна се и не заврши сè до нивната смрт.
Најблиски и најотворени беа вујко ми Ѓорѓи и мајка ми. Таа е родена само малку пред него, разлика од две години. Чичко Ѓорѓи ја користеше секоја можност да дојде кај нас во Белград. Се сеќавам, сите легнавме да спиеме, а тие двајца разговараа до зори. Ги разденуваше. Во една прилика слушнав кога ја прашал мајка си зошто баш он морал да оди кај лекарот? Неговата свест не сакаше да прифати дека во тоа време најмногу им се веруваше на свештениците и лекарите. Во тоа време тие беа најценети. Мама го разбра сето тоа, па се обиде да му олесни дека тој е всушност среќен. Имаше безгрижно детство. Школување. Останатите браќа и сестри тоа го немаа. Уште од мали нозе морале да работат напорно на нива. Таа само некако се обидуваше да му олесни. Не знам дали ѝ веруваше, но имаше сомнежи.
Подоцна, баба, која веќе беше болна, дојде да живее кај нас. Редовно ја посетуваше. Полни раце со подароци, ја бакнува нејзината глава и седнува на столот до неа. Бабата веќе боледувала од деменција. И покрај сето тоа, со љубовен поглед, тој никогаш не и се обраќаше како мајка туку Стара Госпоѓа. Не можеше поинаку. Но, во муабетите со мајка ми ја нарекуваше мајка. Чудно но вистинито. Мислам дека дел од неговата душа почувствува лутина затоа што беше оттргнат од биолошкото семејство. Од друга страна, секогаш бил љубезен кон својата маќеа, која е единствениот виновник во оваа ситуација, зошто бил одвоен од своето вистинско и единствено семејство. Речиси пред да умре, болната и целосно дементна баба која не знаеше кои сме, доцна навечер, пред зори, извика само една реченица -„Вратете ми го детето!“ Толку многу голема и` била болката која цел живот ја носела во себе што само тоа и` останало во сеќавање. Тоа му го кажав. Тој молчеше и плачеше.
Болката била обострана или поточно повеќестрана. Сите страдаа. Мислам дека тоа вујко ми го чуваше длабоко во себе. Спасот од тагата и болката го нашол во работата. Генетика. Во борбата за вистина и правда. Низ што минуваше, па дури и во неговите гени моите предци ја имаа истата цел и насока. Го сакав ни повеќе ни помалку од другите чичковци што ги познавав од раѓање. Можеби дури и повеќе од некои. За тоа е одговорен само тој бидејќи бил несебичен во давање емоции. Веројатно затоа што сум доста слична на мајка ми. Никогаш нема да ја заборавам нашата последна средба. Скопје. Рано наутро. Ме следи по тесната патека од куќата до автомобилот. Од начинот на кој ги држеше рамената, знаев дека нешто не е во ред. Го прегрнав и почнав да го бакнувам. Тој, толку убав, избричен, висок во пењоар, полека ја стави главата на моето рамо и низ солзи ми кажа зошто морам да одам, зашто го оставам?
Една тажна животна приказна. Многу актери, многу болки. Години кои никогаш не можат да се вратат. Но, она што се живеело, се живеело во почит, разбирање и љубов. За жал, со нечиј потег, осакатено е дете, подоцна маж, мајка, сестри и браќа, поради болка, време, страдање, барање и растење со нивното единствено вистинско семејство. Не било каков вид. Семејството кое ги држи, а и денес ние кои сме наследници на вистинските семејни вредности.