Ѓурѓовден во Сингелиќ

Пишува Даница Стојанова

Во минатото на овој ден (6 мај) нè собираше проф. др Ѓорѓи Марјановиќ на именден, во домот во Синѓелиќ. Куќа полна, масите наместени а на нив специјалитети, се домашно направено од проф Мира неговата сопруга.

Тука се зборуваше за музиката, философијата, етиката, поетиката, за уметностите со таква жар и знаење што никој не сакаше да си оди.

Сите слушавме и учевме, таков прекрасен ум, со целиот негов сарказам беше неодоливо шармантен.

Крајот завршуваше со вицови, сите се смееја, стомачни билдаа, јас седната ги гледам и се потсмевнувам ама никако да праснам како останатите, па ќе кажеше Професорот:

– Не се чудете што не се смее Данче, она е глупа за вицови – ама апла така кажуваше.

Е тогаш се смеев од душа, зошто и така е.

Вицови не разбирам од прва 🤣🤣🤣

Нека е вечен споменот на прекрасниот проф др Ѓорѓи Марјановиќ, легендата на катедрата по кривично право на Јустијан први при Универзитетот Кирил и Методиј.

Прекрасни пријатели Мира и Ѓорѓи Марјановиќ незаборавни , сеќавања кои топлат душа ♥️