СД­СМ – И СЀ Е МОЖ­НО!

21.01.1998

Пе­ри­пе­ти­и­те со Пе­да­гош­ки­от фа­кул­тет жи­во ме пот­се­ти­ја на ед­на прак­ти­ка од вре­ме­то на ед­но­у­ми­е­то, за ко­ја ина­ку све­до­ча­м и во мо­ја­та ав­то­би­ог­раф­ска со­ти­ја СТРУ­ЧЕН ТРУД (што не­кол­ку кни­жар­ни­ци во Скоп­је и на­о­ко­лу без­на­деж­но се оби­ду­ва­ат да ја про­да­ва­ат во ис­посте­на­та зем­ја Ма­ке­до­ни­ја): ко­га гла­ве­ши­ни­те на единстве­на­та пар­ти­ја ќе са­ка­а да се ота­ра­са­т од не­кој непо­же­лен ли­бе­рал, анар­хо-ли­бе­рал и сл., ќе го по­ви­ка­а во Град­ски­от ко­ми­тет сек­ре­та­рот на со­од­вет­на­та (за­дол­жи­тел­на) ОО СКМ и ќе му ре­чеа: ва­ка и ва­ка, или ќе го ре­ши­те проб­ле­мот со тој и тој или ни­е ќе ја рас­пуш­ти­ме ва­ша­та ос­нов­на ор­га­ни­за­ци­ја! (Са­мо они­е што жи­ве­е­ле во нај­до­бри­от од си­те мож­ни по­ре­до­ци на све­тот зна­е­ја как­ва ужас­на пер­спек­ти­ва бе­ше тоа: еден фа­кул­тет, еден инс­ти­тут и слич­но да ос­та­не без аван­гар­да­та на про­ле­та­ри­ја­тот!) При­то­а на по­ви­ка­ни­от ни­ко­гаш не му да­ва­а ниш­то цр­но на бе­ло: то­а тре­ба­ше да се ре­ши во ду­хот на на­ши­от са­мо­уп­ра­вен со­ци­ја­ли­за­м (со чо­веч­ко ли­це).

Сек­ре­та­рот ќе пој­де­ше на фа­кул­те­тот или на инс­ти­ту­тот или сл., и ис­то тол­ку не­фор­мал­но ќе им го ка­же­ше на чле­но­ви­те на сек­ре­та­ри­ја­тот она што му го бе­а рек­ле во Ко­ми­те­тот. Се­кој од нив ќе им го ка­же­ше то­а (во че­ти­ри очи) на они­е што му бе­а блис­ки и та­ка на след­ни­от сос­та­нок има­ше кри­тич­на ма­са за од­лу­ка во ду­хот на су­гес­ти­ја­та.

Ако от­по­сле се по­ка­же­ше де­ка од­лу­ка­та би­ла ут­ка (не­де­мок­рат­ска или кој зна­е как­ва), ви­нов­ни бе­а са­мо и единстве­но са­мо­уп­ра­ву­ва­чи­те. Впро­чем, они­е од ко­ми­те­тот фор­мал­но и не по­стое­ја: иди па до­ка­жи де­ка та­ка ти рек­ле. А и да до­ка­жеш (Бог да чу­ва!), пак ниг­де не пи­шу­ва де­ка то­а за те­бе би­ло за­дол­жи­тел­но.

Ју­но­ши­те од де­нес вла­де­јач­ки­от СД­СМ, ги не­ма­ат, се раз­би­ра, хи­по­те­ки­те на ед­но­ум­на­та пар­ти­ја, ту­ку са­мо неј­зи­ни­те па­ри, неј­зи­ни­те згра­ди, неј­зи­на­та ин­фрас­трук­ту­ра и, што е нај­важ­но, неј­зи­ни­от не­у­ниш­тив дух! Од дру­га стра­на, се­га е плу­ра­ли­зам, се­га не­ма ОО-и, ОК-и, ГК-и, УК-и, ЦК-и и но­во­то вре­ме си ба­ра но­ви ре­ше­ни­ја: ќе тре­ба ли да се ре­ши пра­ша­ње­то на не­кој­си та­му проб­ле­ма­ти­чен де­кан, со не­го­ви­те лу­ѓе, со не­го­ви­те сту­ден­ти, со не­го­ва­та ад­ми­нис­тра­ци­ја ед­нос­тав­но ќе се фор­ми­ра нов фа­кул­тет, а на ста­ри­от (ко­му што, спо­ред за­ко­нот, не сме­е да му фа­ли ни влак­но од гла­ва­та), ка­ко на не­ну­жен прос­то не­ма да му се да­ва­ат па­ри. Впро­чем, и чу­му му се, ко­га не­ма ни про­фе­со­ри, ни асис­тен­ти, ни сту­ден­ти, ни сту­ден­тски пра­ша­ња, ни хи­ги­е­ни­ча­ри (да не ре­ча­м чис­тач­ки).

Та­ка, на СД­СМ-ов­ци­те (и на нив­ни­те чес­ни ко­а­ли­ци­о­ни пар­тне­ри) ни­кој жи­в не мо­же да им преф­рли де­ка уки­на­ле еден фа­кул­тет, член на Уни­вер­зи­те­тот Св. Ки­рил и Ме­то­диј, де­ка згре­ши­ле ду­ша по од­нос на ав­то­но­ми­ја­та на Уни­вер­зи­те­тот. Кој са­ка да ви­ди ка­ко теш­ко на­вис­ти­на се уки­ну­ва еден фа­кул­тет тре­ба са­мо да ги пре­лис­та ста­ри­те (под­врза­ни) при­ме­ро­ци на на­ши­те днев­ни вес­ни­ци во врска со Фа­кул­те­тот за без­бед­ност: та­му има ро­ко­ви, прав­на си­гур­нос­т за вра­бо­те­ни­те, та­му се ре­ша­ва суд­би­на­та на нас­тав­ни­от ка­дар, на асис­тен­ти­те, та­му се ре­ша­ва­ат без­број ма­те­ри­јал­ни пра­ша­ња. Та­му по­ста­пката на уки­ну­ва­ње ќе пот­ра­е до 21 сто­ле­тие!

Во од­лу­ка­та на Вла­да­та за фор­ми­ра­ње нов Пе­да­гош­ки фа­кул­тет, раз­бир­ли­во, не­ма ниш­то од тоа. Та­а не е дес­трук­тив­на. Та­а е кре­а­тив­на! Та­а са­мо соз­да­ва неш­то но­во, уве­ре­на де­ка ста­ро­то ќе си одум­ре са­мо од се­бе, ка­ко рас­те­ни­е што не го ва­ди­те.

Па се­пак, ме­не ова­а од­лу­ка не­ка­ко и прем­но­гу ми ми­ри­са на оној ми­нис­тер за на­у­ка што на вре­ме­то (пред да ста­не ми­нис­тер за об­ра­зо­ва­ние) са­ми­от из­ја­ву­ва­ше де­ка ниш­то не раз­би­ра од об­ра­зо­ва­ние. Се­га гле­да­м де­ка же­на­та збо­ру­ва­ла вис­ти­на. Де­ка, на вре­ме­то (пре­за­фа­те­на со проб­ле­ми­те на син­ди­ка­тот во са­мо­уп­рав­но­то со­ци­ја­лис­тич­ко оп­штес­тво), ни­ко­гаш и не на­у­чи­ла што е то­а фа­кул­тет, Уни­вер­зи­тет, а осо­бе­но, што е то­а ав­то­но­ми­ја на Уни­вер­зи­те­тот.

Што е нај­страш­но во ова­а мач­на при­каз­на, вла­да­та (сос­та­ве­на од ед­но чу­до уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри и ми­нис­тер за об­ра­зо­ва­ни­е кој е уни­вер­зи­тет­ски нас­тав­ник) про­ја­ву­ва крај­но през­ре­ни­е спре­ма чо­веч­ки­от ин­тег­ри­тет на уни­вер­зи­тет­ски­те про­фе­со­ри и асис­тен­ти: зна­еј­ќи де­ка жи­ве­ач­ка­та (го­ло­то пре­жи­ву­ва­ње) е на прво мес­то, та­а во­оп­што не се сом­не­ва де­ка но­ви­от фа­кул­тет мо­же да го сос­тави од пер­со­на­лот на ста­ри­от. Нап­ро­тив, си­гур­на е де­ка ти­е по­ни­же­ни и нав­ре­де­ни лу­ѓе ќе ја под­вит­ка­ат опаш­ка­та и ќе се гла­ва­т да ра­бо­та­т на тој нов Пе­да­гош­ки фа­кул­тет.

Ако пак про­фе­со­ри­те, асис­тен­ти­те и по­мош­ни­от пер­со­нал не­о­че­ку­ва­но ре­ша­т да по­ка­жа­т де­ка се се­пак лу­ѓе а не па­рич­ка за пот­ку­су­ру­ва­ње, де­ка не са­ка­ат да ода­т на вла­ди­ни­от, но­ви­от, па­ра­ле­лен Пе­да­гош­ки фа­кул­тет во се­ко­е вре­ме ќе мо­же да се сос­тави со при­пад­ни­ци­те од она­а ет­нич­ка гру­па што са­мо ни­е во Ма­ке­до­ни­ја не сме­е­ме да ја ви­ка­ме она­ка ка­ко што чу­в­ме де­ка ја на­ре­ку­ва г. Фа­тос На­но (без, за чу­до, то­а во­оп­што да зву­чи нав­ред­ли­во!). А ти­е ќе би­да­т по­слу­шни, заш­то го до­би­ле она што от­се­ко­гаш го са­ка­ле: ви­со­ко­об­ра­зов­на инс­ти­ту­ци­ја на сво­јот пре­у­бав мај­чин ја­зик.

Во то­а мо­же да се ве­ру­ва! Заш­то, во не­а ти­е ќе си ги ре­ша­ва­ат ра­бо­ти­те ка­ко што са­ка­ат: ќе си пра­ва­т нас­тав­ни пла­но­ви и прог­ра­ми во ко­и не­ма да има ниш­то за мит­ски­от на­род што го из­мис­ли­ла Ко­мин­тер­на­та, ќе си ја про­ши­ру­ва­ат деј­нос­та на сѐ но­ви и но­ви под­рач­ја, а по­те­м по пот­ре­ба, ко­га фа­кул­те­тот ќе им ста­не пре­го­лем, ќе пред­ло­жа­т да се по­де­ли на не­кол­ку но­ви: фа­кул­тет за фи­зи­ка, фа­кул­тет за хе­ми­ја, итн. итн. и до­де­ка да се свр­тиш око­лу се­бе, Ма­ке­до­ни­ја го до­би­ла она што ти­е от­се­ко­гаш го ба­ра­ле. При­тоа, на се­ко­ја просла­ва на Де­нот на Зна­ме­то ќе си пуш­та­ат пло­чи со хим­на­та на на­ши­от за­па­ден со­сед, ќе си го из­ра­зу­ва­ат сво­јот иден­ти­тет со не­го­во­то зна­ме, итн. итн. (А ако не­кој и се ре­ши да ги учи на ло­јал­нос­т спре­ма ма­ке­дон­ска­та држа­ва­та, чи­иш­то гра­ѓа­ни се, ту­ка е ма­да­м Рен & комп. да им ги заш­ти­ти пов­ре­де­ни­те мал­цин­ски пра­ва). Мит­ски­от ма­ке­дон­ски на­род са­мо чис­то тех­нич­ки ќе ја пла­ќа ег­зис­тенци­ја­та на нив­ни­те по­ли­тич­ко-на­уч­но-нас­тав­ни инс­ти­ту­ции. И то­а – не осо­бе­но дол­го: са­мо до­де­ка да се ос­тва­ри бе­са­та да­де­на во Те­то­во, де­ка де­нес или ут­ре, со доб­ро или со си­ла, тој на­род (да не ре­ча­м кој) од Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во и Ма­ке­до­ни­ја ќе жи­ве­е во ед­на држа­ва. Та­ка, но­ви­от вла­дин Пе­да­гош­ки фа­кул­тет е мо­же­би са­мо про­бен ба­лон за то­а ка­ко да се ре­ши де­ли­кат­но­то пра­ша­ње на аме­ри­кан­ско-ал­бан­ски­от Little River University? Кој знае? Со СД­СМ – сѐ е мож­но!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.