СЛО­ВО ЗА (НЕ)ПРИС­ТОЈ­НОС­ТА

04.11.1998

Ко­га ќе ста­не збор за ма­ке­дон­ски­от чо­век, а осо­бе­но за не­го­ви­от мен­та­ли­тет, Ср­би­те по­не­ко­гаш рас­ка­жу­ва­ат ед­на мош­не илус­тра­тив­на при­каз­на. Кол­ку во не­а има вис­ти­на, кол­ку фан­та­зи­ја, не би мо­жел да ка­жам. Важ­но, ти­е во ос­но­ва­та ве­ру­ва­ат во неа, а осо­бе­но во неј­зи­на­та по­ен­та.

При­каз­на­та ве­ли де­ка не­ко­гаш, до­де­ка ти­е се уш­те би­ле тур­ски по­да­ни­ци, тре­ба­ло не­кој да пој­де во Ца­риг­рад и да во­ди не­как­ви важ­ни пре­го­во­ри на дво­рот на тур­ски­от сул­тан. Ар­но ама, пра­ша­ње­то би­ло и прем­но­гу важ­но, та­ка што ед­но би­ло си­гур­но: ако пре­го­ва­ра­чо­т не им оди на ра­ка на Тур­ци­те, теш­ко си му не­му, тие, по оби­чај, ќе нај­де­ле на­чин да му го ра­си­па­т сто­ма­кот (да не ре­ча­м ап­ла: да го от­ру­јат). За­тоа, иа­ко има­ле ум­ни, уче­ни гла­ви и до­бри пре­го­ва­ра­чи, Ср­би­те се сте­га­ле да се при­ја­ва­т за та­а важ­на ми­си­ја. На крај ре­ши­ле да ис­пра­та­т еден Ма­ке­до­не­ц (ју­жен,Ср­бин! Се зна­е­ло и то­гаш: јуж­ни­от Ср­бин и не е баш не­кој јак Ср­бин, па иа­ко оти­де кур­бан ште­та­та не­ма да би­де пре­го­ле­ма!).

Наш­ле не­кој на­ши­нец, му нап­ра­ви­ле ме­та­ни­ја на умот и ер­бап­ла­кот, та све­че­но го ис­пра­ти­ле за в Ца­риг­рад. На­ши­не­цот пре­го­ва­рал што пре­го­ва­рал, дош­ло вре­ме да се “ја­де леб”. Ич­ко ефен­ди, што ќе ја­деш? – го пра­ша­ле до­ма­ќи­ни­те. Па, мо­же ли пет ва­ре­ни јајца! Му да­ле пет ва­ре­ни јајца. Та­ка еден ден, та­ка два ли, три ли, пет ли. А Ич­ко се “пет ва­ре­ни јајца”, па “пет ва­ре­ни јајца”. Го нап­ра­ви­ле до­го­во­рот (за чу­до – во пол­за на Ср­би­те) и Ич­ко – жи­в и здрав! – се вра­тил во Срби­ја. Ка­ко ос­та­на жив, бре чо­ве­ку? – рас­пра­шу­ва­ле Ср­би­те, а тој сѐ по ред им рас­ка­жал. Тур­ци­те, пак, пре­ку сво­јот ам­ба­са­дор, ис­то та­ка ви­со­ко го оце­ни­ле ма­ке­дон­ски­от пре­го­ва­рач. Рек­ле. “Чок ак’­ли” (“мно­гу умен”). Ете, от­то­гаш до де­нес Ср­би­те (из­врту­вај­ќи го ма­лу тур­ски­от из­раз) не на­ре­ку­ва­ат нас Ма­ке­донци­те (по ма­лу пе­јо­ра­тив­но, по ма­лу со за­вист) – “чо­ка­лии”. По­и­на­ку ре­че­но: ер­бап лу­ѓе, ум­ни гла­ви (срп­ски: “па­мет­ња­ко­ви­ќи”).

На ова­а при­каз­на се при­се­тив пред први­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, на ед­но ТВ-со­о­чу­ва­ње на си­те пар­тис­ки ли­де­ри што учес­тву­ва­а во кон­ку­ренци­ја­та и ре­ков де­ка ве­ру­ва­м во ра­зум­нос­та, уме­ре­нос­та на ма­ке­дон­ски­от чо­век и де­ка не мис­ла­м оти тој (ка­ко рас­па­ле­ни­те хрват­ски или срп­ски на­ци­о­на­лис­ти, на при­мер) вед­наш ќе им се фр­ли во раце на на­ши­те на­ци­о­нал­ни нео-ро­ман­ти­ча­ри. Та­ка и бид­на: иа­ко до­би­ја нај­го­ле­м број мес­та во пар­ла­мен­тот, не­о­ро­ман­ти­ча­ри­те се­пак не мо­же­а са­мос­тој­но да фор­ми­ра­ат вла­да.

Ста­ри­от гос­по­дин, зна­еј­ќи го ова, во­оп­што и не се пот­ру­ди да “фор­ма­ли­зи­ра” и да гу­би вре­ме со по­чи­ту­ва­ње на Уста­вот (ну­деј­ќи им ман­да­т за сос­тав на вла­да), ту­ку над­ве-нат­ри при­соб­ра дел од ма­ке­дон­ска­та ин­те­лек­ту­ал­на ели­та и нап­ра­ви ед­но чу­до од “ек­сперт­ска вла­да”.

Ко­га се по­ка­жа де­ка прет­се­да­те­ло­ви­те из­бра­ни­ци не фун­кци­о­ни­ра­ат ка­ко што тој си за­мис­лу­ва­ше, тој без теш­ко­ти­и ус­пе­а да нап­ра­ви преп­ка и да ги со­бо­ри, а ман­да­тот им го да­де на по­е­ди­неч­но по­бе­де­ни­те ква­зи-ко­му­нис­ти, ква­зи-ре­фор­мис­ти, ква­зи-со­ци­ја­лис­ти, ко­и (за­ед­но со “чес­ни­те Ал­банци”), до­де­ка да треп­неш, сос­тави­ја вла­да и ни се ка­чи­ја на гр­бот за до­дат­ни осум го­ди­ни.

Ар­но ама, на­ро­де­цот ма­ке­дон­ски, и пок­рај си­те “Ба­ба Ро­ги”, со ко­и го зас­тра­шу­ва­ше ка­ко МР­ТВ-ата, та­ка и ор­га­ни­те на ССР­Н­М (ре­пуб­лич­ки­от и град­ски­от), на крај се­пак ви­де де­ка ква­зи-со­ци­јал­де­мок­ра­ти­те, ли­бе­ра­ли­те и со­ци­ја­лис­ти­те, ра­бо­теј­ќи са­мо и единстве­но за лич­на ко­рист, на­ед­но на­је­фи­кас­но, непоп­рав­ли­во ра­бо­те­а и на соп­стве­на ште­та. За жал, и на на­ша ште­та! То­а бе­ше при­чи­на­та што традицио­нал­но стрпли­ви­от, по­с­ло­вич­но уме­ре­ни­от ма­ке­дон­ски чо­век ко­неч­но ре­ши да ги “от­ка­чи” до­се­гаш­ни­те ло­ши газ­ди и да ги за­ме­ни за но­ви. “Не­о­ро­ман­ти­ча­ри­те” во ме­ѓув­ре­ме ста­на­а “го­ли ре­а­лис­ти”, ги на­у­чи­ја фа­зо­ни­те на влас­та и на до­бар па­т се да ни би­да­т газ­ди ба­ре­м два­е­сет го­ди­ни од се­га на­та­му. При­тоа, на по­следни­ве из­бо­ри про­пад­на ед­но чу­до ѓоа-пар­ти­и што ју­но­ши­те од влас­та да­режли­во ги пла­ќа­а са­мо и единстве­но со цел да при­по­могнат да се на­ма­ли бро­јот на гла­со­ви­те за ВМРО во први­от круг. И то­а не е жал­но!

За ме­не, а и за мно­гу­ми­на дру­ги во зем­ја­та, е мно­гу жал­но што про­пад­на и оби­дот на г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски, пре­ку мно­зин­ска­та лис­та на по­бед­нич­ка­та ко­ал­ци­ја, да из­бо­ри мес­то во пар­ла­мен­тот за Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја. Ра­ка на ср­це, ви­на­та за то­а не е са­мо не­го­ва! Чле­но­ви­те на Ли­га­та, без соп­стве­на про­пор­ци­о­нал­на лис­та, не­ма­а не­кој осо­бен мо­тив да учес­тву­ва­ат во ха­зар­д­на­та иг­ра на сѐ или ниш­то во ко­ја се впуш­ти нив­ни­от прет­се­да­тел. Но, има­ше и не­ко­и дру­ги мо­мен­ти! Не­кол­ку ме­се­ци пред из­бо­ри­те, бев по­ка­нет на ед­на те­а­тар­ска прет­ста­ва на еден мој зет­ко од Штип. По прет­ста­ва­та има­ше ма­ла просла­ва со ар­тис­ти­те, но и со не­ко­и уг­лед­ни гос­ти од гра­дот. Во еден мо­мен­т му со­оп­штив на еден ви­сок штип­ски фун­кци­о­нер на ВМРО (да не го име­ну­вам, да не му созда­­вам неп­ри­јат­нос­ти ме­ѓу не­го­ви­те) де­ка сме во пре­го­во­ри за ко­а­ли­ци­ја со не­го­ва­та пар­ти­ја. Чо­ве­кот, очиг­лед­но из­ра­ду­ван, во еден мо­мен­т се­пак ре­че: “Не сум си­гу­рен де­ка на­ше­то ра­ко­вод­ство е свес­но што до­би­ва од со­ју­зот со Ли­га­та, без ог­лед на то­а што е та­а ма­ла пар­ти­ја!”. Ми­на еден ме­сец, пре­го­во­ри­те (за ко­и ед­наш пи­шу­вав и на ова мес­то ов­де­ка!) ги во­дев­ме со пот­прет­се­да­те­лот на на­ша­та нај­на­ци­о­нал­на пар­ти­ја. Ко­га не­му му ги пре­не­сов збо­ро­ви­те на штип­ски­от уг­лед­ник, тој, по ма­лу по­го­де­но, ре­че де­ка чо­ве­ков очиг­лед­но ло­шо го про­це­ну­ва соп­стве­но­то ра­ко­вод­ство. После се по­ка­жа де­ка Штип­ја­не­цот имал пол­но пра­во: ра­ко­вод­ство­то со­се­ма ја пот­це­ни Ли­га­та, па ду­ри ре­чи­си ни­ка­де и не об­з­на­ни де­ка ко­а­ли­ци­ја­та е трој­на, а не двој­на.

Оста­на (ѓоа)тај­на кој ја са­бо­ти­ра­ше со­ра­бот­ка­та на ВМРО-ДПМ­НЕ и Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, кој не доз­во­ли ба­ре­м еден неј­зин прет­став­ни­к да се нај­де на про­пор­ци­о­нал­на­та лис­та ра­мо до ра­мо до чел­ни­ци­те на по­бед­нич­ка­та ко­а­ли­ци­ја. Неј­се, де­нес или ут­ре ра­бо­ти­те ќе си дој­да­т на сво­е и ќе се рас­вет­ла­т и ти­е (ѓоа)тај­ни. Ина­ку, ко­га ја пра­вев­ме Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја се ра­ко­во­дев­ме од не­ко­и ак­си­о­ми на по­ли­ти­ко­ло­ги­ја­та од ко­и ос­нов­на­та гла­си: ед­но здру­же­ни­е на гра­ѓа­ни­те ста­ну­ва вис­тин­ска пар­ти­ја ду­ри от­ка­ко ќе пре­жи­ве­е пет­на­е­се­ти­на го­ди­ни од сво­е­то ос­но­ва­ње. Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, и пок­рај си­те соп­ки и од ле­во и од дес­но, на 21 но­ем­ври 1998 го­ди­на ќе пол­ни 9 го­ди­ни од сво­е­то зач­ну­ва­ње. Се на­де­ва­м де­ка она ма­лу лу­ѓе што ни ос­та­на­а (ка­ко и они­е што, во нај­доб­ра на­ме­ра, им ги по­да­рив­ме на не­ко­и дру­ги пар­тии, а што де­нес или ут­ре ќе ни се вра­тат, за­ед­но со они­е што во ме­ѓув­ре­ме ќе уви­да­т де­ка на зем­ја­та и тре­ба ед­на чес­на гра­ѓан­ска пар­ти­ја) нас­ко­ро пов­тор­но ќе се при­со­бе­ра­т и ќе го про­дол­жа­т она што го на­мис­ли­ја: да нап­ра­ва­т од Ма­ке­до­ни­ја прис­тој­но мес­то за жи­ве­е­ње. Де­нес сме уш­те по­неп­рис­тој­но мес­то од она што бев­ме пред де­вет го­ди­ни! А то­а е со­се­ма дос­тат­на при­чи­на за по­стое­ње на Ли­га­та и пок­рај се­то ра­зо­ча­ру­ва­ње што ни го при­ре­ди­ја по­бед­ни­ци­те!­кен­дот. Уни­вер­зи­тет­ски­те про­фе­со­ри, ба­ре­м ле­те, мно­гу ли­ча­т на пен­зи­о­не­ри­те: има­ат бес­ко­неч­но дол­ги фе­рии, во ко­и не­де­ли­те не се раз­ли­ку­ва­ат мно­гу од ра­бот­ни­те де­но­ви. Осо­бе­но го­ди­на­ва!

По не­ми­ли­те нас­та­ни од лан­ски­от Илин­ден (ис­ту­ра­ње­то на во­да­та од ус­та­та врз об­ле­ка­та на прет­се­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка­та и не­го­во­то ис­вир­ку­ва­ње за вре­ме на праз­нич­ни­от го­вор), го­ди­на­ва не­кој се се­тил да го пра­ти први­от чо­век на држа­ва­та на си­гур­но, во не­как­ва ка­ра­у­ла, ка­де што со вој­нич­ка­та ат­мос­фе­ра, не­ма те­о­ри­ја да се пов­то­ри так­во неш­то. А за да не му се слу­чи неш­то слич­но на мла­ди­от бес­тра­шен бо­ре­ц про­тив ок­то­по­ди и дру­ги га­дин­ки, овој­па­т (ве­лат!) то­а тре­ба­ло да го оне­воз­мо­жа­т око­лу пет­сто­ти­ни по­ли­ци­ја­ци и три­е­сет спе­ци­јал­ци. Та­ка, со ог­лед на то­а што се­ко­е из­не­на­ду­ва­ње бе­ше ис­клу­че­но, мо­ра да приз­на­м де­ка са­ма­та пар­тис­ка просла­ва на Илин­ден не ме ин­те­ре­си­ра­ше прем­но­гу, па праз­ни­кот (на ови­е мор­ни­ча­во ви­со­ки тем­пе­ра­ту­ри) ми по­ми­на глав­но во друш­тво на уба­ва­та кни­га “Louis Philippe e Louis XVIII” на Мишел По­ња­тов­ски.

Фа­ла му на Бо­га што принцот По­ња­тов­ски нав­ре­ме се пов­ле­че од по­ли­ти­ка­та и им се по­све­ти на ис­то­рис­ки­те ис­тра­жу­ва­ња, па та­ка и нас­та­на ова де­ло, што во не­ко­и ас­пек­ти е ин­те­рес­нo и за ма­ке­дон­ски­те при­ли­ки. Кни­га­та, име­но, збо­ру­ва за та­мош­на­та “тран­зи­ци­ја” по про­те­ру­ва­ње­то на На­по­ле­он, што Францу­зи­те, ка­ко на­род кој са­ка пре­циз­ност, ја на­ре­ку­ва­ат “рес­тав­ра­ци­ја”. (Па­те­м ре­че­но, ва­ка би мо­ра­ло да се на­ре­ку­ва и она што го пра­ви­ме, од­нос­но што би тре­ба­ло да го пра­ви­ме, во Ма­ке­до­ни­ја: рес­тав­ра­ци­ја на гра­ѓан­ско­то оп­штес­тво, ко­е т.н. ко­му­нис­ти го раз­не­би­ти­ја во пе­ри­о­дот од 1945 год­н­на до де­нес.) Во не­ко­и клуч­ни точ­ки слич­нос­та со Ма­ке­до­ни­ја е еви­ден­тна: ка­ко што Луј XVIII им ја дол­же­ше сво­ја­та (пов­ра­те­на) кру­на на странци­те, та­ка и на­ша­та рес­тав­ра­ци­ја глав­но се дол­жи на пот­ре­би­те и за­лож­би­те на странци­те.

Ко­га но­ви­на­ри­те пред не­ко­е вре­ме рас­пра­шу­ва­а еден аме­ри­кан­ски ге­не­рал за то­а што ќе би­де­ло со аме­ри­кан­ски­те вој­ни­ци ако ООН еден ден ре­ша­т да ја пре­ки­на­т ми­си­ја­та на пре­вен­тив­на­та во­е­на дип­ло­ма­ти­ја, чо­ве­кот со вој­нич­ка ис­кре­нос­т крат­ко от­се­че: “Wе аrе hе­ге tо ѕtау!” (Дој­дов­ме ту­ка за да ос­та­не­ме!).

Де­но­ви­ве, во пред­ве­чер­је­то на тре­ти­те по ред сло­бод­ни из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја, еден друг ге­не­рал, со ис­то так­ва вој­нич­ка ис­кре­ност, ни по­ра­ча де­ка вла­да­та на Бра­не и ком­па­ни­ја (кол­ку ни­е Ма­ке­донци­те и да ја до­жи­ву­ва­ме ка­ко нес­по­соб­на, несмас­на, па ду­ри и ара­мис­ка), тие, од дру­га­та стра­на на Го­ле­ма­та Ба­ра, ја сме­та­ле за “мно­гу се­ри­оз­на ли, мно­гу важ­на ли”, Гос­под ќе го зна­е ка­ко се из­ра­зи.

И ка­ко што Францу­зи­те не лу­ду­ва­а прем­но­гу по Бур­бо­ни­те, вра­те­ни со по­мош на стран­ски­те ба­јо­не­ти, та­ка ни во Ма­ке­до­ни­ја лу­ѓе­то не се чув­ству­ва­ат прем­но­гу среќ­ни ко­га аме­ри­кан­ски­те ге­не­ра­ли ва­ка (без сра­м и пер­де) си ги ис­ка­жу­ва­ат сво­и­те сим­па­ти­и за пре­вап­ца­ни­те ква­зи-ко­му­нис­ти. (За ова по­себ­но би тре­ба­ло да се пог­ри­жи да ин­фор­ми­ра г. Хил, кој, ина­ку, во си­те сво­и ин­тер­вју­а упор­но нас­то­ју­ва да нѐ убе­ди де­ка не­го­ва­та зем­ја не под­држу­ва ни­ко­го по­себ­но во Ма­ке­до­ни­ја). Но, зна­еј­ќи де­ка аме­ри­кан­ски­те прет­се­да­те­ли, вер­но, се ме­ну­ва­ат на се­ко­и че­ти­ри/осум го­ди­ни, но не и аме­ри­кан­ски­те ге­не­ра­ли, што ќе ре­че: аме­ри­кан­ска­та вој­ска плус ЦИА, лу­ѓе­то ов­де­ка по­ве­ќе им ве­ру­ва­ат на ге­не­ра­ли­те одош­то на по­ли­ти­ча­ри­те.

Се­пак по­стоја­т и суш­тес­тве­ни раз­ли­ки по­ме­ѓу францус­ка­та рес­тав­ра­ци­ја од 1814 и на­ша­та од 1991 го­ди­на: та­му на че­ло на овој про­цес бе­ше францус­ка­та ле­ги­тим­на ди­нас­ти­ја (Бур­бо­ни­те), кај нас, то­а се прес­то­ре­ни­те, пре­вап­ца­ни­те ква­зи-ко­му­нис­ти, што (ќе приз­на­е­те) во­оп­што не е ис­то.

От­та­му и мо­же­ше да се слу­чи Луј XVIII да до­не­се дек­рет со кој се ос­та­ва­ат во си­ла про­даж­би­те на имо­ти­те на емиг­ри­ра­но­то бла­го­род­ниш­тво, што ги нап­ра­ви францус­ка­та држа­ва по Ре­во­лу­ци­ја­та. И, што ми се чи­ни уш­те по­важ­но, да до­не­се дек­рет со кој се приз­на­ва но­ва­та (На­по­ле­о­нов­ска) вој­нич­ка арис­ток­ра­ти­ја, што не­сом­не­но бе­ше еден вид “на­ци­о­нал­но по­ми­ру­ва­ње”, за кое, кај нас, упор­но (а бе­зус­пеш­но) во­ју­ва мо­јот школ­ски дру­гар и при­ја­тел, д-р Ди­ми­тар Ди­мит­ров.

Мно­гу е таж­но то­а што чо­век од­нап­ред зна­е де­ка “на­ци­о­нал­но по­ми­ру­ва­ње” кај нас не­ма и (со ова­а власт) не мо­же да има. До­тол­ку по­ве­ќе што душ­ма­ни­те на ма­ке­дон­ски­от на­род (на си­те че­ти­ри стра­ни од све­тот) мно­гу бр­гу и мно­гу ефи­кас­но нап­ра­ви­ја так­во на­ци­о­нал­но по­ми­ру­ва­ње.

Во Срби­ја, на при­мер, ак­ту­ел­на­та вла­да ја со­чи­ну­ва­ат ква­зи-чет­ни­ци и бив­ши ква­зи-ко­му­нис­ти. Во Гр­ци­ја мо­же да се вра­та­т си­те Гр­ци по род од гра­ѓан­ска­та вој­на (што ќе ре­че – ко­му­нис­ти­те, па ду­ри и Ма­ке­донци­те, што ќе ѝ се за­кол­на­т на вер­нос­т на Гр­ци­ја, приз­на­вај­ќи ги но­ви­те то­по­ни­ми).

Во Ал­ба­ни­ја за нас злог­лас­ни­от Ба­ли ком­ба­тар е сос­та­вен дел од та­мош­ни­от пар­ла­мент. Ако имав­те од­зе­мен имот во Со­фи­ја (ду­ќа­ни, ста­но­ви) ви­е де­нес се­ка­ко го има­те пов­тор­но во сво­и раце (или за не­го до­би­ва­те за­куп­ни­на, рен­та, ки­ри­ја). Единстве­но ни­е Ма­ке­донци­те, еден пај­тон лу­ѓе, ни­ка­ко да се по­ми­ри­ме ме­ѓу се­бе, иа­ко, спо­ред за­ко­нот, и нај­теш­ки­те кри­вич­ни де­ла што за­ем­но си ги пра­вев­ме во ме­ѓув­ре­ме се ап­со­лут­но зас­та­ре­ни. Но, се раз­би­ра, ни то­а на­ци­о­нал­но по­ми­ру­ва­ње не мо­же да се слу­чи ту­ку-та­ка.

Пре­дус­лов за не­го би бил: про­ме­на на влас­та, што првин (при­о­ри­тет над при­о­ри­те­ти­те!) би ги ис­пра­ви­ла кри­ми­нал­ни­те неп­рав­ди на ква­зи-ко­му­нис­ти­те (обеш­те­ту­вај­ќи ги и ре­ха­би­ли­ти­рај­ќи ги жрт­ви­те, а не за­се­гај­ќи во стек­на­ти­те пра­ва на они­е што до нив дош­ле bona fide). За ова­а го­ле­ма цел Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја (на­пол­но бе­зус­пеш­но, ева!) се за­ла­га од сво­е­то по­стое­ње до де­нес, а неј­зи­ни­те “сен­за­ци­о­нал­ни ус­пе­си” на из­бо­ри­те ре­чо­ви­то збо­ру­ва­ат за то­а кол­ку неј­зи­ни­те иде­и ин­тим­но се при­фа­ќа­ат во овој без­на­деж­но по­де­лен на­род.

Ту­ку здрав­је, со си­ла уба­ви­на не би­ду­ва! Мо­же­би просла­ва­та на след­ни­от Илин­ден ќе би­де ма­лу по­и­нак­ва од ови­е што ве­ќе пе­де­се­ти­на го­ди­ни (по ис­т ур­нек) се пов­то­ру­ва­ат на Меч­кин Ка­мен и по­ши­ро­ко. Са­мо, не дај Бо­же, да се сме­на­т са­мо плу­ка­чи­те!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.