185
На 2 јуни 2022 заедничка комеморација одржаа Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, во чест на неодамна починатиот проф. Ѓорѓи Марјановиќ.
Во присуство на членови на најблиското семејство, неговите најблиски колеги и пријатели, говори одржаа деканот на правниот факултет, проф. Сашо Георгиевски, раководителот на Институтот за казнено право и криминологија, проф. Гордана Лажетиќ и, во име на фондацијата, Бране Секуловски, судија во пензија.