Search
Close this search box.

ПОД ЈОР­ГАН ПЛА­НИ­НУ

03.08.2000

Ед­но вре­ме, во ко­му­низ­мот, дос­та чес­то се рас­ка­жу­ва­ше еден ду­хо­ви­т бол­гар­ски виц: не­кој чо­век имал ра­бо­та во вла­да­та (та­му то­а се ви­ка “пра­ви­тел­ство”) и, од ра­но­то, по­шо­л да си ја сврши. Би­рок­ра­ти­ја­та го тер­ка­ла од ед­но од­де­ле­ни­е во дру­го, од ед­на со­ба во дру­га, од еден шал­тер на друг. Ра­бот­но­то вре­ме ми­на­ло, а чо­ве­кот ни­как­ва ра­бо­та не свршил. Во еден мо­мент, на из­ле­гу­ва­ње, си­от из­нер­ви­ран оп­цул: “Да еба то­ва пра­ви­тел­ство!”. Ар­но ама, го чул не­кој од држав­на­та без­бед­ност: “Заш­то псу­ваш ти бе на­ше­то пра­ви­тел­ство?”, му се оза­бил, а чо­ве­ков, при­тес­нет (зна­еј­ќи што го че­ка), фа­тил да се ва­ди: “Ама, мо­ља ви се, дру­гар­ју, аз не псу­ва­м на­ше­то пра­ви­тел­ство, аз псу­ва­м … (и ту­ку му тек­на­ло) – аз псу­ва­м ан­глиј­ско­то пра­ви­тел­ство!”. Аген­тот слат­ко се насме­ал: “Мен ли бе на­ме­ри да ме пра­виш мај­мун! Аз не с’м знал ко­е пра­ви­тел­ство е за псу­ва­не!?”.

По слич­на ло­ги­ка, на прос­то­ри­те од на­ша­та не­ко­гаш­на за­ед­нич­ка тат­ко­ви­на бе­а су­де­ни ил­јад­ни­ци лу­ѓе за неш­то што но­ви­на­ри­те го ви­ка­а “вер­ба­лен де­ликт”, а што, всушност, бе­ше “де­ликт на мис­ле­ње”. Ги су­де­а не за она што го рек­ле, ту­ку за она што го мис­ле­ле ко­га неш­то рек­ле. Ан­то­ло­гис­ки при­мер за то­а бе­ше оној срп­ски по­ет (“Вол­не­ни вре­ми­ња”), кој до­би ед­на го­ди­на зат­вор са­мо за­то­а што бел­град­ско­то јав­но об­ви­ни­тел­ство со сто­нас­тот­на си­гур­нос­т зна­е­ше де­ка не­го­ви­от из­раз “ста­о­ре­цот од Де­ди­ње” зна­чи са­мо и единстве­но – Ти­то. (Не­ма­м ифор­ма­ци­и за то­а да­ли не­кој во Срби­ја заг­ла­вил во зат­вор ко­га, по први­те по­ве­ќе­пар­тис­ки из­бо­ри, ко­и ги за­гу­би Вук Драш­ко­виќ, се ја­ви ед­на из­врте­на вер­зи­ја на поз­на­та­та срп­ска на­род­на из­ре­ка “По­је­о ма­га­рац Ву­ка!”).

Дол­го во­ју­вав про­тив то­а ле­гис­ла­тив­но чу­до­виш­те. Бу­да­ла, ка­ков што ме дал Гос­под, цврс­то ве­ру­вав де­ка со­ци­ја­лиз­мот (тој убав про­ек­т на оп­штес­тво на ед­нак­ви) мо­же да се попра­ви са­мо ако на лу­ѓе­то им се доз­во­ли да го ка­жа­т сло­бод­но, не­каз­не­то, она што го мис­лат.

Еден ден, во раз­го­вор со еден помлад ко­ле­га (кој, кут­ри­от, го бе­а из­бра­ле за глас­но­го­вор­ни­к на пра­во­вер­ни­те ко­му­нис­ти, а тој, вој­ни­к на пар­ти­ја­та, очиг­лед­но не мо­же­ше да ра­бо­ти по­и­на­ку), со се­та се­ри­оз­нос­т му ре­ков: “Слу­шај Вла­до, би­ди си­гу­рен де­ка еден ден ќе жи­ве­е­ме во држа­ва во ко­ја лу­ѓе­то не­ма да ги каз­ну­ва­ат за из­ра­зе­но мис­ле­ње. Во то­а сум си­гу­рен ис­то кол­ку што сум си­гу­рен де­ка се ви­кам Ѓор­ѓи Мар­ја­но­виќ. Ко­га ќе би­де тоа, не знам. И не сум мно­гу нес­трплив да дознам. Нес­трплив сум, ме­ѓу­тоа, да го до­че­кам де­нот ко­га ти ќе ми об­јас­ну­ваш зош­то во ова­а зем­ја не ни тре­ба ни­как­ва неп­ри­ја­тел­ска про­па­ган­да.”.

И да­де Гос­под, го до­жи­ве­ав и ед­но­то и дру­го­то. Мо­јот помлад ко­ле­га, на крил­ја­та од единстве­на­та, непог­реш­ли­ва­та пар­ти­ја се вив­на до мес­то­то Со­ју­зен ми­нис­тер на прав­да­та и, еден ден (ка­ко што про­ро­ку­вав) од го­вор­ни­ца­та на Со­јуз­но­то соб­ра­ни­е на дол­го и на ши­ро­ко об­јас­ну­ва­ше зош­то не ни тре­бал “вер­бал­ни­от де­ликт”.

От­то­гаш ми­на дос­та вре­ме. Еден ден во мо­јот ка­би­нет на фа­кул­те­тот се нај­де не­ко­гаш­ни­от со­ју­зен ми­нис­тер за прав­да. И ту­ку од­не­на­деж, без как­ва и да е врска со кон­тек­стот на раз­го­во­рот, ми се свр­те и не би ре­кол со­се­ма при­ја­тел­ски от­ка­чи: “А ти Ѓор­ѓи­ја не­мој да си пра­виш бај­ра­м со умот! Ти не го уки­на вер­бал­ни­от де­ликт! Јас го уки­нав!”.

За­те­чен од збо­ро­ви­те на ре­фор­ма­то­рот се се­тив са­мо тол­ку да го пра­ша­м ко­га то­а јас сум се по­фа­лил де­ка сум го уки­нал то­а чу­до. Го пот­се­тив на то­а де­ка сум про­фе­сор по пра­во и доб­ро зна­м кој ги до­не­су­ва и кој ги уки­ну­ва за­ко­ни­те. “Так­во неш­то, зна­чи, од ме­не не си мо­жел да чу­еш. Јас са­мо ја­дев три­ци ко­га то­а не сме­е­ше да се пра­ви! То­а е сѐ.”.

На ова­а епи­зо­да се при­се­тив не­о­дам­на ко­га на не­как­ва при­ват­на те­ле­ви­зи­ја чу­в де­ка во Ма­ке­до­ни­ја (Оа­за­та на про­ме­ни!) се ра­бо­ти врз ис­пра­ва­ње­то на по­след­на­та го­ле­ма неп­рав­да на неј­зи­на смет­ка: врз све­че­но­то прог­ла­су­ва­ње на ма­ке­дон­ски­те ди­си­ден­ти! Да не бе­ше ова, та­а мо­же­ло да ос­та­не единстве­на­та пост­ко­му­нис­тич­ка зем­ја без еви­ден­ти­ра­ни ди­си­ден­ти. Ка­жа­а де­ка има­ло и не­ка­ков ко­ми­тет во кој, спо­ред единстве­ни­те (ев­роп­ски, се раз­би­ра) на­уч­но фун­ди­ра­ни кри­те­ри­у­ми, тре­ба да се нап­ра­ви спи­сок од 15 ов­деш­ни ди­си­ден­ти (тол­ка­ва ни би­ла кво­та­та: ма­ла зем­ја – ма­лу ди­си­ден­ти).

За вол­ја на вис­ти­на­та, мо­ра да приз­на­м де­ка ед­на непоз­на­та да­ма ми се ја­ви по те­ле­фон за да ме пра­ша да­ли би са­кал да учес­тву­ва­м во ра­бо­та­та на тој ко­ми­тет. Из­не­на­ден од по­ну­да­та ѝ ре­ков де­ка то­а е по­след­на­та ра­бо­та на све­тот што би мо­же­ла да ме ин­те­ре­си­ра. Да­ма­та из­не­на­де­но зап­ра­ша: “Ка­ко, мо­лам, па ви­е бевте еден од нив. Ни­кој што зна­е да чи­та во ова­а зем­ја не за­бо­ра­вил ка­ко дој­дов­те во су­ди­р со СК… ” “Да, то­а се­ка­ко е точ­но, но јас ди­си­ден­т не сум бил и ве мо­ла­м да не се оби­ду­ва­те да ме пра­ви­те та­ков.”. И, со мо­ја­та по­с­ло­вич­на скром­ност, до­да­дов: “Ди­си­ден­т бе­ше СКЈ, а не јас. “. Со то­а раз­го­во­рот сврши.

Го ка­жу­ва­м ова од ис­ти­те при­чи­ни од ко­и не­о­дам­на на­пи­шав зош­то не гле­да­м ка­ко то­а би мо­же­ле да ме нап­ра­ва­т ам­ба­са­дор (има­ше так­ви пред­ло­зи, во ру­бри­ка­та “Писма на чи­та­те­ли­те”, јав­но ка­жав зош­то не мис­ла­м де­ка ми е мес­то­то во МА­НУ, зош­то не ме би­ва за вмро­вец, ни за ли­бе­рал ни за… (Ве­ру­ва­ле или не, во не­как­ва ко­лум­на пред не­ко­е вре­ме еден млад, очиг­лед­но доб­ро­на­ме­рен чо­век нај­се­ри­оз­но ми за­бе­ле­жу­ва што во не­кој ТВ-раз­го­вор сум од­бил и да по­мис­ла­м да би­да­м ми­нис­тер. “Јас – ми­нис­тер?! Ај­де, ви се мо­лам. Зна­е­те бел­ки што зна­чи ми­нис­тер на ла­тин­ски. Зна­чи: слу­га. Ви ли­ча­м ли јас на слу­га?”. То­а бе­ше сѐ од мо­ја стра­на. И со тоа, на­вод­но, јас сум се прик­лу­чил кон “пре­дав­ство­то на ин­те­лек­ту­ал­ци­те”. Јас, нап­ро­тив, за раз­ли­ка од мла­ди­от гос­по­дин, сме­та­м де­ка е пре­дав­ство слу­гу­ва­ње­то на на­ша­та ин­те­ли­генци­ја на си­те мож­ни ре­жи­ми и за­то­а мно­гу се лу­та­м ко­га не­кој ќе ме на­ре­че “ин­те­лек­ту­а­лец”. Но, то­а ве­ќе не спа­ѓа ов­де).

Зна­чи, ме­не прак­тич­но не ме би­ду­ва за ниш­то!

Но, доб­ро­на­ме­рен, ка­ков што ме дал Гос­под, са­кам неш­то јав­но да му по­со­ве­ту­ва­м на “ко­ми­те­тот за ди­си­ден­ти”. На­мес­то да си тро­ша­т вре­ме во за­луд­но тра­га­ње по неш­то што во Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш го не­ма­ло, не­ка рас­пи­ша­т ја­вен кон­курс. Со по двајца све­до­ци, ќе има­ме ед­но чу­до ди­си­ден­ти. Де­ка ова не е ре­че­но ту­ку-та­ка, си зе­ма­м сло­бо­да да пот­се­та­м на то­а кол­ку чле­но­ви на Со­ју­зот на бор­ци­те имав­ме со по двајца све­до­ци. Они­е што во­ју­ва­ле (ка­ко што ве­ла­т во Ку­ма­но­во) “под Јор­ган пла­ни­ну”. А, ако мо­же­ше да се ста­не бо­ре­ц со двајца све­до­ци, зош­то не и ди­си­дент.

Тол­ку од ме­не, да не ре­че сет­не не­кој де­ка не сум са­кал да да­да­м свој при­до­нес кон ре­ша­ва­ње­то на ви­тал­ни­те проб­ле­ми на Ма­ке­до­ни­ја.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.