Search
Close this search box.

ЕДЕН ДРУГ ВИД ОРОС­ПИИ

29.07.1998

Не­о­дам­на про­чи­тав неш­то што не сум го зна­ел: де­ка “ду­хот на по­е­тот са­ка(л) пуб­ли­ка, па ма­кар то­а да се и би­во­ли” (I). Јас не сум по­ет и ни­ко­гаш не сум имал пот­ре­ба од пуб­ли­ка. За би­во­ли и да не збо­ру­ва­ме.

Нап­ро­тив, от­ка­ко па­ме­та­м за се­бе по­ве­ќе са­кав да би­да­м са­м одош­то во глу­па­во и здо­дев­но друш­тво. Ова­а мак­си­ма (за ко­ја от­по­сле от­крив де­ка ја фор­му­ли­рал Мон­те­њ пред по­ве­ќе сто­ти­ци го­ди­ни) ме ра­ко­во­де­ше и во мо­и­те од­но­си со лу­ѓе­то, а по­доц­на, ко­га фа­тив да се ме­ша­м во по­ли­ти­ка­та, и во ти­е мо­и од­но­си со по­ли­тич­ки­те суб­јек­ти. Ова е при­чи­на­та што ни­ко­гаш не нас­то­ју­ва­м да ос­тва­ра­м не­ка­ков од­нос со лу­ѓе­то што ми се ин­те­рес­ни. Оста­ва­м или то­а да ста­не по иг­ра на слу­ча­јот или, евен­ту­ал­но, ти­е да ме по­ба­ра­ат ме­не. А ако не­кој са­ка да се ви­ди со ме­не, тре­ба да дој­де и да ме по­се­ти. Обрат­но­то рет­ко се слу­чу­ва. Мо­же да пој­да­м и да по­се­та­м са­мо не­кој стар, из­не­мош­тен или бо­лен чо­век кој из­ра­зил жел­ба да ме ви­ди.

На вре­ме­то, до­де­ка сè уш­те жи­ве­ев­ме во ста­ра­та за­ед­нич­ка тат­ко­ви­на, еден ден по­са­ка да се ви­ди со ме­не (ка­ко прет­се­да­тел на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја) аме­ри­кан­ски­от ам­ба­са­дор во Бел­град, г. Зи­мер­ман (ко­му што јас пре­зи­ме­то по­стоја­но му го из­го­ва­рав на гер­ман­ски: Ци­мер­ман). И, со ог­лед на то­а што мо­ја­та пар­ти­ја то­гаш не­ма­ше соп­стве­ни прос­то­рии, го по­ка­нив и го при­мив во мо­јот ра­бо­тен ка­би­нет на Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је. Чо­ве­кот дој­де (со двајца со­вет­ни­ци) и си нап­ра­вив­ме дол­г и исцрпен му­а­бет.

Де­но­ви­ве, од при­чи­ни што ми бе­а на­пол­но непоз­на­ти, по­са­ка да се ви­ди со ме­не ед­на до­маш­на по­ли­тич­ка “ѕвез­да”, бо­га­т чо­век (соп­стве­ни­к на цел еден вес­ник), не­ко­га­шен прет­се­да­тел­ски кан­ди­да­т итн. итн. Со ог­лед на то­а што “ин­те­ре­сен­тот” не де­фи­ни­ра­ше од ко­и при­чи­ни (и во ко­е свој­ство) са­ка да ме срет­не, јас по­ста­пив на ис­т на­чин ка­ко и во слу­ча­јот со г. Зи­мер­ман: го по­ка­нив во мо­јот ра­бо­тен ка­би­нет на фа­кул­те­тот.

Наз­на­че­но­то вре­ме (што и ина­ку ми е ре­зер­ви­ра­но за при­е­м на сту­ден­ти) зав­рши, а слав­ни­от чо­век не се по­ја­ви во мо­јот ра­бо­тен прос­тор и не ја пов­то­ри жел­ба­та да ме ви­ди. Од то­а кол­ку па­ти не­го­ва­та сек­ре­тар­ка ми пов­то­ри де­ка мо­же­ле вед­наш да ис­пра­та­т ко­ла по ме­не, бе­ше јас­но оти чо­ве­ков сме­та­ше де­ка јас тре­ба да пој­да­м кај не­го за да ви­да­м што го ин­те­ре­си­ра. А ме­не то­а не ми па­ѓа­ше на ум и та­ка ми про­пад­на ис­то­рис­ка­та шан­са да го за­поз­нам.

Во ду­хот на ова што го рас­ка­жу­вам, се слу­чи еден ден да се срет­на­м со еден млад кул­ту­рен де­ец, кој (пак од при­чи­ни што ми се на­пол­но непоз­на­ти) са­ка­ше да се срет­не со ме­не и лич­но да ми го вра­чи први­от број на кул­тур­ни­от вес­ни­к што фа­ти да го из­да­ва, а што, па­те­м ре­че­но, до­жи­ве­а са­мо два бро­ја. Не се се­ќа­ва­м во под­роб­нос­ти за што збо­ру­вав­ме, са­мо зна­м де­ка по ма­лу ми пре­че­ше не­го­во­то и прем­но­гу лас­ка­во­то мис­ле­ње за ме­не. Неј­се!

Пред ед­на не­де­ла, во ин­тер­вју­то што го да­де за еден по­ли­тич­ки не­дел­ни­к (се­га ве­ќе не ка­ко кул­ту­рен, ту­ку ка­ко по­ли­тич­ки де­ец) и од ко­е го дознав она за љу­бов­та на по­е­ти­те спре­ма би­во­ли­те, овој ис­т млад чо­век се нафр­ли со др­в­ја и ка­ме­ња врз “веш­ти­те куј­ни на безжи­вот­на­та ко­му­нис­тич­ка но­мен­кла­ту­ра” ко­и “одам­на кон­стру­и­ра­ат цр­ни ви­це­ви де­ка на­ро­дот до­би­ва онак­ва влас­т как­ва што зас­лу­жу­ва”. Спо­ред мла­ди­ов кул­тур­но-по­ли­тич­ки ра­бот­ник, “за жал, то­а про­дол­жи(ло) и се­га и нај­чес­то е муд­ру­ва­но од ма­ке­дон­ска­та ин­те­ли­генци­ја, по­точ­но од оној по­мал неј­зин дел кој има(л) при­ви­ле­ги­ја за јав­ни нас­та­пи и има оп­штес­тве­ни фун­кци­и во инс­ти­ту­ци­и или ор­га­ни­за­ции”.

Ка­ко што е по­ве­ќе или по­ма­лу оп­што­поз­на­то, во пред­ве­чер­је­то на први­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја “се просла­вив” со мо­е­то пре­дуп­ре­ду­ва­ње до ма­ке­дон­ски­от на­род да вни­ма­ва ка­ко ќе гла­са, заш­то за прв­па­т во сво­ја­та ис­то­ри­ја ќе до­би­е “влас­т как­ва што зас­лу­жу­ва”. Се­га ги чи­та­м и преп­ро­чи­ту­ва­м збо­ро­ви­те на мла­ди­от кул­тур­но-по­ли­тич­ки ра­бот­ни­к и не мо­же да се ос­ло­бо­да­м од мис­ла­та оти ток­му ме­не ме има на ум ка­ко чо­век кој “…кон­стру­и­ра цр­ни ви­це­ви де­ка на­ро­дот до­би­ва онак­ва влас­т как­ва што зас­лу­жу­ва”.

Доб­ро! Се­кој има пра­во на соп­стве­но мис­ле­ње и не мо­ра да се сог­ла­си со сѐ што јас ќе из­го­во­рам. До­тол­ку по­ве­ќе што мис­ла­та, спо­ред ко­ја, се­кој на­род има влас­т как­ва што зас­лу­жу­ва не е мо­ја, ту­ку на ста­ри­от до­бар Хе­гел (ку­пе­на пре­ку Чер­чил!). Мла­ди­от кул­тур­но-по­ли­тич­ки де­е­ц очиг­лед­но не го зна­е по­тек­ло­то на тој “цр­н виц” и то­а не мо­же да му се прос­ти. Впро­чем, не е ни прв ни­ту по­след­ен што не зна­е кој е ав­то­рот на та­а по­ли­тич­ки бес­пре­кор­но точ­на кон­ста­та­ци­ја.

Она, ме­ѓу­тоа, што на мла­ди­ов чо­век теш­ко мо­же да му го прос­та­м е не­го­ви­от зак­лу­чо­к де­ка ови­е “по­ли­тич­ки ви­цо­ви” ги пуш­та­ат при­пад­ни­ци на “ма­ке­дон­ска­та ин­те­ли­генци­ја, по­точ­но од оној по­мал неј­зин дел кој има(л) при­ви­ле­ги­ја за јав­ни нас­та­пи и има оп­штес­тве­ни фун­кци­и во инс­ти­ту­ци­и или ор­га­ни­за­ции”.

Со ог­лед на то­а што слу­чај­но спа­ѓа­м и во кру­гот на лу­ѓе­то ко­и во ова­а зем­ја (мош­не ле­ко­мис­ле­но, впро­чем) се на­ре­ку­ва­ат ин­те­ли­генци­ја, ка­ко и во кру­гот на они­е од нив што има­ат “при­ви­ле­ги­ја за јав­ни нас­та­пи”, јас­но е ка­ко бел ден де­ка бун­тов­ни­от кул­тур­но-по­ли­тич­ки де­е­ц ме има ме­не на ум ка­ко пуш­тач на “цр­ни­те ви­цо­ви” на безжи­вот­на­та ко­му­нис­тич­ка но­мен­кла­ту­ра. При­то­а ми е на­пол­но не­јас­но од ка­де јас на та­а злог­лас­на цр­на лис­та.

Ина­ку, во­оп­што не ми па­ѓа на па­мет ни да ја бра­на­м ма­ке­дон­ска­та “ин­те­ли­генци­ја” (заш­то точ­но зна­м на ко­и лу­ѓе мис­ли мла­ди­от гос­по­дин). Та­а глав­но би­ла и ос­та­ну­ва прос­ти­тут­ка раr exelance, ко­ја, што за па­ри, што за по­чес­ти (МА­НУ, мес­то во Але­ја­та на “ве­ли­ка­ни­те” на град­ски­те гро­биш­та!), би­ла го­то­ва да ѝ слу­жи на влас­та. И од то­а не­ма спас. За уте­ха, та­ка е и во дру­ги, мно­гу по­со­фис­ти­ци­ра­ни све­то­ви од на­ши­ов бал­кан­ски! А не ми па­ѓа на па­мет да се бра­на­м ни се­бе­си, нап­рос­то за­то­а што со то­а друш­тво не­ма­м ниш­то за­ед­нич­ко.

Пред не­ко­е вре­ме, на ед­на при­леп­ска те­ле­ви­зи­ја, еден но­ви­нар ме пра­ша да­ли не­ко­гаш сум бил пред­ло­жен за член на МА­НУ. Но­ви­на­рот пог­реш­но го раз­бра мо­јот од­го­вор (“За жал, не!”) и фа­ти не­как­ва сла­во­пој­ка на смет­ка на та­а на­ша “врв­на инс­ти­ту­ци­ја”, што би­ла сон на се­кој “ин­те­лек­ту­а­лец”. Мо­рав да го пре­ки­нам:

– Прос­те­те, ве мо­лам! Со она “за жал” са­кав са­мо да ка­жа­м де­ка та­ка ни­ко­гаш не сум имал мож­нос­т јав­но да од­би­ја­м да би­да­м член на то­а ло­шо друш­тво! Но­ви­на­рот се ста­пи­са!

Це­ло­во ова пи­са­ни­е има са­мо ед­на цел: да го пов­то­ри “цр­ни­от виц” де­ка на­ро­дот се­ко­гаш има влас­т как­ва што зас­лу­жу­ва: ако на­ши­те пен­зи­о­не­ри гла­са­ат за Бра­не Црвен­ков­ски по­ра­ди 10-те про­цен­ти (од­не­на­деж) зго­ле­ме­ни пен­зии, ако ро­ди­те­ли­те на ос­но­ва­чи­ња­та гла­са­ат за не­го­ва­та пар­ти­ја по­ра­ди бес­плат­ни­те учеб­ни­ци, то­гаш ни­е не са­мо што ќе има­ме влас­т как­ва што зас­лу­жу­ва­ме, ту­ку ќе би­де­ме и на­род што мно­гу ев­ти­но мо­же да се ку­пи! Ок­том­ври се бли­жи и ни­е ќе ви­ди­ме да­ли сме на­вис­ти­на тол­ку ев­ти­на орос­пи­ја кол­ку што не сме­та под­мла­до­кот на СКМ!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.