Search
Close this search box.

ДА ВИ­ДУ, ПА НЕ ВЕ­РУ­ЈУ!

16.09.1998

За раз­ли­ка од Ма­ке­до­ни­ја, што се оби­ду­ва да ли­чи на Ев­ро­па, па не доз­во­лу­ва ле­пе­ње из­бор­ни пла­ка­ти над­вор од оп­ре­де­ле­ни­те мес­та, во Гр­ци­ја не са­мо што се­кој ги ле­пи кај што ќе вта­са, ту­ку и драс­ка со спреј кај што са­ка и што са­ка. Та­ка, пред по­след­но­во до­а­ѓа­ње на ПА­СОК на власт, во Со­лун, кај и да мрднев, на­ле­ту­вав на збо­рот “ала­ги”, ис­пи­шан со цр­вен спреј. Ала­ги, па ала­ги, во мал ми­ли­он ва­ри­јан­ти! От­ка­ко не ми ус­пеа, во за­вис­нос­т од кон­тек­стот, да го от­кри­ја­м зна­че­ње­то на тој по­пу­ла­рен збор, пра­шав и ко­неч­но дознав де­ка “ала­ги” зна­чи “про­ме­на”. Де­мек, ис­то ка­ко кај нас де­но­ви­ве!

“За про­ме­ни” е мо­то­то на ко­а­ли­ци­ја­та во ко­ја учес­тву­ва и Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, па јас би мо­рал и са­ми­от до из­не­мош­те­нос­т да го пов­то­ру­ва­м овој ло­зу­нг, на­ви­вај­ќи за сво­ја­та стра­на. Па се­пак, иа­ко и са­ми­от сум за про­ме­ни (на по­доб­ро, се раз­би­ра!), иа­ко и са­ми­от на­ви­ва­м и ќе гла­са­м за про­ме­ни, ќе ре­чам, кол­ку и да не им се до­па­ѓа то­а на мо­и­те ак­ту­ел­ни пар­тис­ки со­јуз­ни­ци (и на они­е што са­ми­те си ги од­брав­ме и на они­е со ко­и ти­е от­по­сле нѐ за­ме­шаа), де­ка по ма­лу се сом­не­ва­м во гор­ли­ва­та жел­ба и под­гот­ве­нос­та на на­ши­от на­род за ко­ре­ни­ти про­ме­ни.

Да не ре­че не­кој де­ка да­ва­м “па­у­шал­ни из­ја­ви” ќе на­ве­да­м са­мо не­кол­ку при­ме­ри за на­ши­от (би ре­кол: ве­ќе по­с­ло­ви­чен) кон­зер­ва­ти­ви­зам! Пред не­кој ден са­кав неш­то да ку­па­м на па­зар. Го ви­дов то­а што ми тре­ба­ше и (за чу­до) пра­шав: “Кол­ку?” Од­го­во­рот бе­ше пет или де­сет ми­ли­јар­ди! “Не­ма­м тол­ку па­ри!”, пром­рмо­рев на­лу­те­но и му свр­тев гр­б на про­да­ва­чот. Тој за­лу­до ви­ка­ше по ме­не се­га ка­жу­вај­ќи ми ја це­на­та во де­на­ри.

Она што ме­не по­себ­но ме нер­ви­ра во овој (ина­ку се­кој­дне­вен) при­мер е фак­тот де­ка ста­ри­те за но­ви ди­на­ри бе­а за­ме­не­ти уш­те та­му не­ка­де во да­леч­на­та 1965 го­ди­на, ако не се ла­жам. (Де­ца­та ро­де­ни во та­а го­ди­на му се ре­чи­си врс­ни­ци на на­ши­от пре­ми­ер.) Во ме­ѓув­ре­ме се рас­пад­на и држа­ва­та што ги бе­ше сме­ни­ла ти­е ди­на­ри, Ма­ке­до­ни­ја ста­на су­ве­ре­на држа­ва и до­би соп­стве­на ва­лу­та со по­и­нак­во име, а на­ро­дот во не­а се­ед­но си сме­та ли сме­та, са­мо и единстве­но – во ми­ли­јар­ди, не­ба­ре се уш­те пла­ќа со ди­на­ри­те на СФРЈ. И се­га не­кој ќе ми ре­че де­ка тој ис­т на­род пла­чел за про­ме­ни. Ај­де, ви се мо­лам! Да ви­ду, па не ве­ру­ју!

Или еден при­мер во врска со ја­зич­на­та прак­ти­ка на на­ши­те елек­трон­ски ме­ди­у­ми! Да­ли не­ко­гаш сте чу­ле (ако раз­би­ра­те ан­глис­ки) не­кој да ка­же “the mister Clinton или (на францус­ки) “le monsieur Shirac” или пак (на гер­ман­ски) “der Негг Kohl. (Ги на­ве­ду­ва­м са­мо ја­зи­ци­те во ко­и по­сто­и член ка­ко и во ма­ке­дон­ски­от.) Ни­ко­гаш! Прос­то за­то­а што оз­на­чу­вај­ќи го не­ко­го со име­то или пре­зи­ме­то ви­е све­до­чи­те де­ка зна­е­те кој е тој, па не­ма пот­ре­ба од член. “Гос­по­дин” во чле­ну­ва­на фор­ма мо­же (и смее) да се упот­ре­би са­мо ко­га се збо­ру­ва за бе­зи­мен џентл­мен, што сме го ви­де­ле и го спо­ме­ну­ва­ме (“Гос­по­ди­нот што пред ма­лу, вле­зе во би­фе­то…”, “Гос­по­ѓа­та во цр­но…”, “Гос­по­ѓи­ца­та со очи­ла…”).

На­ши­те ина­ку ре­дов­но доб­ро об­ра­зо­ва­ни но­ви­на­ри (што нај­чес­то збо­ру­ва­ат и ан­глис­ки) би мо­ра­ле ова да го зна­ат и по­ве­ќе од си­гур­но го зна­ат: ти­е ни­ко­гаш не би рек­ле “thе mister Clinton”, а се­пак ре­дов­но пи­шу­ва­ат и ве­ла­т “гос­по­ди­нот Ти­то Пет­ков­ски”. Зош­то? По­ра­ди внат­реш­ни­от от­пор спре­ма про­ме­ни! Ту­ку­ре­чи до вче­ра, на мес­то­то од то­а “гос­по­дин” стое­ше “дру­гар”, а тој збор, пред име­то и пре­зи­ме­то, пе­де­се­ти­на го­ди­ни ре­дов­но се чле­ну­ва­ше. Но­во­то вре­ме го ис­фрли збо­рот “дру­гар”, го за­ме­ни со “гос­по­дин”, но не и чле­нот. А со ог­лед на то­а што во ова­а зем­ја ниш­то дру­го суш­тин­ски не се из­ме­ни, но­ви­на­ри­те се­га, по инер­ци­ја, го чле­ну­ва­ат и збо­рот “гос­по­дин” пред име­то и пре­зи­ме­то.

Или еден на­вис­ти­на теш­ко вар­лив служ­бен при­мер! Пош­тен­ски­от код за Скоп­је и де­нес (ка­ко и во СФРЈ) е 91000? Ако во на­ша­та не­ко­гаш­на за­ед­нич­ка тат­ко­ви­на Срби­ја во сѐ бе­ше “бр. 1” и неј­зи­ни­от пош­тен­ски код нор­мал­но поч­ну­ва­ше со 1 (Вој­во­ди­на 2, Ко­со­во 3), Хрват­ска бе­ше 4 (Дал­ма­ци­ја 5), Сло­ве­ни­ја 6, Бос­на и Хер­це­го­ви­на 7, Цр­на Го­ра 8, а Ма­ке­до­ни­ја (по­след­на во сѐ) – 9. Се­га не­ма при­чи­на да би­де­ме по­след­ни, а зош­то и ден-де­нес се пра­ви­ме так­ви ве­ро­јат­но тре­ба да се пра­ша НБ. Пог­ла­ва­рот (кој јав­но ве­ти де­ка Ма­ке­дон­ска­та Пра­вос­лав­на Цр­ква по­след­на ќе го сме­ни по­стој­ни­от ка­лен­дар!), а тој – не се сом­не­ва­м – ќе упа­ти на на­ша­та “не­за­сит­на жел­ба” за ра­ди­кал­ни про­ме­ни. На вре­ме­то, Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја си ја на­ве­а врз се­бе ом­ра­за­та на мно­гу Ве­ле­ша­ни предла­гај­ќи на гра­дот да му се вра­ти ста­ро­то име, по­точ­но – од не­го да се ис­фрли ат­ри­бу­тот “Ти­тов”. Во ме­ѓув­ре­ме и то­а бе­ше сто­ре­но, а до ден-де­нес ре­гис­тар­ски­те таб­лич­ки на овој град ги но­са­т фа­моз­ни­те по­чет­ни бук­ви “ТВ”. Зош­то? Да не пов­то­ру­вам…

Би мо­жел ва­ка да ре­да­м до бес­крај, а чи­та­те­ли­те да ми по­могнат на­ве­ду­вај­ќи и дру­ги при­ме­ри. Но, го­ле­ма фај­да од то­а не­ма! За раз­ли­ка од тоа, зем­ја­ва (до­де­ка да треп­неш!) не­ра­зум­но ре­ши да си го сме­ни зна­ме­то за да им уго­ди на Гр­ци­те. Де­нес се­кој­днев­но из­на­о­ѓа­ме до­ка­зи де­ка шес­на­ест­кра­ко­то сонце (што Гр­ци­те го зна­ат од 1978 го­ди­на на­ва­му) врз на­ши­те цр­кви, па и во пла­фон­ски­те ро­зе­ти од аџис­ки­те ку­ќи, го има­ло ба­ре­м сто­ти­на го­ди­ни на­на­зад. А сонце­то се­пак наб­р­зи­на оти­де кур­бан.

За раз­ли­ка од тоа, зем­ја­ва ни­ка­ко да си го вра­ти на сво­јот гр­б ла­вот (што го убил Хе­рак­ле, мит­ски­от пре­док на ма­ке­дон­ска­та ди­нас­ти­ја!). Ту­ка се држи­ме за про­ве­ре­но ге­ог­раф­ски конци­пи­ра­ни­от ре­ал-со­ци­ја­лис­тич­ки гр­б на На­род­на/Со­ци­ја­лис­тич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

За раз­ли­ка од тоа, зем­ја­ва пре­ку но­ќ се сог­ла­си на еден лаж­но­е­во­ка­ти­вен ак­ро­ним FYROM. Ве­ла­м “лаж­но­е­во­ка­ти­вен” од прос­та­та при­чи­на што ни­е не­ко­гаш по­ра­но не сме би­ле са­мо “Republic of Macedonia”, ту­ку, ка­ко што зна­е­ме, “Ре­орlе/Ѕосiаli­ѕt Republic оf Маcedonia”, па и ак­ро­ни­мот мо­ра­ше да гла­си FY(Р)ЅRОМ. Са­мо, кој да ти се гри­жи за то­а ос­вен не­ко­и от­ка­че­ни ели­тис­ти од Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја?

Ете то­а се, глав­но, при­чи­ни­те што не ве­ру­ва­м мно­гу во жеш­ка­та вол­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род за те­мел­ни, ко­ре­ни­ти про­ме­ни. Се ве­ли де­ка поз­на­то­то зло е по­ма­лу страш­но од непоз­на­то­то. А на­ши­те ре­жим­ски гла­си­ла во то­а на­ро­дот упор­но го убе­ду­ва­ат (ор­га­нот на ССР­Н­М пред дру­ги­те, по­ви­ку­вај­ќи се на стран­ски вој­нич­ко-држав­нич­ки из­ја­ви, што бес­рам­но за­чес­ти­ја во по­след­но вре­ме).

Но, про­ме­ни тре­ба да има и (со Бож­ја по­мош!) се­ка­ко ќе има. Мо­же­би не онак­ви как­ви што по­са­ку­ва­ат нај­в­жеш­те­ни­те гла­ви. Но, ќе ги има. За доб­ро­то на на­ро­дот, за доб­ро­то на не­го­ва­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја, за доб­ро­то на дру­ги­те ко­е опо­зи­ци­о­ни ко­е ѓоа-опо­зи­ци­о­ни пар­тии, но и за доб­ро­то на на­ши­те по­ли­тич­ки душ­ма­ни од влас­та: ако е точ­но она што сѐ по­чес­то и сѐ пог­лас­но го слу­ша­м (и од вре­ме на вре­ме го чи­та­м во не­ко­и – по соп­стве­но приз­на­ни­е – ма­ке­дон­ски гла­си­ла на внат­реш­ни­от, а бо­га­ми и на над­во­реш­ни­от неп­ри­ја­тел), са­мо за­гу­ба­та на из­бо­ри­те мо­же да му го спа­си здрав­је­то на на­ши­от млад пре­ми­ер, заг­ро­зе­но од пре­те­ра­но­то пи­е­ње овош­ни со­ко­ви. Ка­ко чо­век што мо­же да му би­де тат­ко, ме­ѓу влас­т и доб­ро здрав­је (и дол­г жи­вот), на г. Црвен­ков­ски му го по­же­лу­ва­м по­след­но­во. Влас­т (со Бож­ја по­мош) мо­же пак да спе­ча­ли, здрав­је (и дол­г жи­вот) – ни­ко­гаш ве­ќе! И – сра­м да му е на тој што не ве­ру­ва де­ка ова го ве­ла­м на­јис­кре­но и од сѐ ср­це! Што се од­не­су­ва до нас (да не ре­ча­м кои!) – и са­мо по­бе­да­та на г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски над не­го­ви­от про­тив­кан­ди­да­т (и по­ра­не­шен обо­жа­ва­тел на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја) г. На­но Ру­жин би би­ло зна­чај­на про­ме­на на ар­но!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.