Организација

Миа Велковска

Миа Велковска е магистер по меѓународни односи, европска интеграција и дипломатија, со искуство во институционална соработка, политички истражувања, проектна координација и стратешки комуникации. Таа има професионално искуство во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Собранието и Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, како и во граѓанскиот сектор. Активно е вклучена во младински и демократски иницијативи, европска интеграција и меѓународна соработка, а нејзините истражувачки интереси ги опфаќаат меѓународната безбедност, дипломатијата и решавањето конфликти.