ДА ТИ ФА­ЛИ КА­ПА, ДА ТИ КУ­ПУ!

02.10.1999

Пред го­ди­ни (во Ју­гос­ла­ви­ја!), по ус­пеш­но зав­рше­ни­от ис­пит, пра­шав еден кан­ди­да­т што е по на­ци­о­нал­ност: мом­че­то “се­че­ше” штип­ски, а има­ше срп­ско (цр­но­гор­ско?) пре­зи­ме – Ра­до­сав­ље­виќ. “Ма­ке­до­нец!”, гла­се­ше од­го­во­рот, за по­тем, очиг­лед­но из­не­на­ден од мо­ја­та љу­бо­пит­ност, и са­ми­от да ме зап­ра­ша: “Зош­то ве ин­те­ре­си­ра тоа?”. Ре­ков де­ка пре­зи­ме­то Ра­до­сав­ље­ви­ќ не ми из­гле­да осо­бе­но “ма­ке­дон­ско”. Уште се се­ќа­ва­м на ду­хо­ви­ти­от од­го­вор: “Ис­то кол­ку и Мар­ја­но­виќ!”. Сет­не со­се­ма рет­ко се рас­пра­шу­вав за на­ци­о­нал­на­та при­пад­нос­т на кан­ди­да­тот. До­тол­ку по­ве­ќе што то­а ни­ту има, ни­ту пак мо­же да има врска со ис­пит­на­та ма­те­ри­ја.

Во ед­на дру­га при­го­да (и од со­се­ма по­и­нак­ви при­чи­ни!) го пов­то­рив ова пра­ша­ње: кан­ди­да­тот има­ше мош­не рет­ко име и пре­зи­ме (тур­ско? ал­бан­ско?), а збо­ру­ва­ше на не­ве­ро­јат­но чис­т ма­ке­дон­ски ја­зик, со они­е прек­рас­ни ак­цен­тски це­ли­ни, за ко­и чи­та­ме са­мо во гра­ма­ти­ки­те, а рет­ко има­ме при­ли­ка да ги чу­е­ме (осо­бе­но не ни­е во Скоп­је). “Тур­чин!”, гла­се­ше од­го­во­рот. То­гаш се оби­ду­вав да уча­м тур­ски ја­зи­к и не мо­жев да се воз­држа­м да не се по­фа­лам: “Ben de biraz Türkçe konušabilirim!”.

Мом­че­то за­чу­де­но ме пог­лед­на и ре­че де­ка не раз­би­ра што му ве­лам. Ка­ко не раз­би­ра, се ис­чу­ду­вав се­га јас, заш­то то­а што му го ка­жав бе­ше ре­че­но на ли­те­ра­ту­рен тур­ски ја­зик. “Јас не зна­м тур­ски!” ми од­го­во­ри, не­ба­ре е нај­при­род­на ра­бо­та да би­деш Тур­чин, а да не зна­еш тур­ски. То­а ка­ко да ми да­де пра­во да го “пец­нам” ма­лу: “Е, убав Тур­чин сте ми вие?”. Не­кол­ку го­ди­ни по­доц­на (ве­ќе бев­ме во плу­ра­лиз­мот) еден при­ја­тел ми пре­не­се де­ка не­кој мој по­ра­не­шен сту­ден­т се поп­ла­ку­вал во не­как­ва ра­ди­о еми­си­ја оти “про­фе­сор Мар­ја­но­ви­ќ му ја не­ги­рал на­ци­о­нал­на­та при­пад­нос­т на Тур­чин и го убе­ду­вал де­ка тој е, всушност, при­пад­ни­к на ис­ла­ми­зи­ра­ни­те Ма­ке­донци”.

То­а и бе­ше и не бе­ше точ­но: ни­ко­му не сум му го не­ги­рал пра­во­то да си пи­ше што се чув­ству­ва по на­ци­о­нал­ност, но ве­ро­јат­но не сум про­пуш­тил да пот­се­та­м де­ка во Ма­ке­до­ни­ја от­се­ко­гаш се ста­ва­ло знак на ед­нак­вос­т по­ме­ѓу при­ма­ње­то на ис­ла­мот и “по­тур­чу­ва­ње­то”. За оној што од хрис­ти­јан­ска пре­шо­л во мо­ха­ме­дан­ска ре­ли­ги­ја, ба­ре­м кај нас, ве­ли­ме “се по­тур­чил”.

Ср­би­те ду­ри има­ат из­ре­ка што ве­ли: “Го­ри по­ту­ри­ца од Тур­чи­на!” (“по­тур­че­ни­от е по­лош од Тур­чи­нот”). Ова, па­те­м ре­че­но ва­жи и за они­е што пре­ми­на­ле од ед­на во дру­га на­ци­ја. Бу­га­ри­те, на при­мер, гла­ва не мо­же да кре­на­т од “по­бу­гар­че­ни­те” Ма­ке­донци: “Од тех не мо­же да се жи­вее: те са наб­ла­го­на­деж­ни­те Бл­га­ри! Всич­ки на­у­важ­ни мес­та в’в држа­ва­та се в’в тех­ни­те р’­це. Б’л­га­рин од тех ед­нос­тав­но не мо­же да пра­ви ка­ри­е­ра!”, му се поп­ла­ку­вал не­кој ас-Бу­га­рин на еден мој ко­ле­га на ра­бо­та. Впро­чем, ни Ма­ке­донци­те во ми­на­то­то (а ни де­нес) не ви­до­а бел ден од соп­стве­ни­те на­ци­о­нал­ни из­ро­ди – ни­е­ден ро­ден Бу­га­рин не бил при­чи­на за смрт­та на тол­ку Ма­ке­донци ка­ко, да ре­че­ме, То­дор Алек­сан­дров, ни­е­ден де­не­шен Бу­га­рин не бил (и не­ма да би­де) она­ка су­ров про­го­ни­тел на ОМО “ИЛИН­ДЕН” од екс-об­ви­ни­те­лот на Бу­га­ри­ја (од­на­ро­де­ни­от Ма­ке­до­нец) Та­тар­чев. За до­маш­ни­те “не­о­бол­га­ри” и да не збо­ру­ва­ме!

По­не­ко­гаш ќе си по­мис­ла­м де­ка и мо­ја­та тврда, неф­лек­си­бил­на ма­ке­донш­ти­на е пот­врда на срп­ска­та из­ре­ка: по­ма­ке­дон­че­ни­от е по­серт од Ма­ке­до­не­цот! Са­мо што ова на на­ши­те та­зе Бол­га­ри не мо­жеш да им го про­тол­ку­ваш: за нив, да се по­бу­гар­чи Ма­ке­до­не­цот е нај­нор­мал­на (и нај­по­жел­на!) ра­бо­та, а нај­пер­вер­з­на – да се “по­ма­ке­дон­чи” не­кој Ср­бин, Бу­га­рин, Хрва­т или Чех. Ту­ка ве­ќе мо­ра да ги за­ме­ша­ла пр­сти­те Ко­мин­тер­на­та! На ова Ку­ма­нов­ци обич­но ве­лат: “Да ти фа­ли ка­па, да ти ку­пу!” (и ни­ко­гаш, ап­со­лут­но ни­ко­гаш, не про­дол­жу­ва­ат со она што им е на ум: “Да ти ку­пу па­мет, не мо­жу!”).

При­каз­на­та за мо­јот Тур­чин (што не зна­е тур­ски) од Ки­че­во ми дој­де на ум де­но­ви­ве, ко­га”нај­на­ци­о­нал­на­та” вла­да на Ма­ке­до­ни­ја ре­ши да им доз­во­ли на де­чи­ња­та од Де­бар­ска жу­па (што тур­ски зна­ат онол­ку кол­ку и се­ко­е нор­мал­но Ма­ке­дон­че: “ма­са”, “џеб”, “па­ри”, “ар­но”, “ама” и уш­те мал ми­ли­он тур­ски збо­ро­ви, ко­и “Реч­ни­кот на ма­ке­дон­ски­от ја­зик” дра­пи­ра­но ги на­ре­ку­ва “ар­ха­из­ми”, на­мес­то чес­но да ука­же на нив­но­то тур­ско по­тек­ло). Пред да го до­не­се ова (нај­бла­го ре­че­но) проб­ле­ма­тич­но ре­ше­ние, вла­да­та тре­ба­ла да ги сослу­ша про­фе­со­ри­те по ус­тав­но пра­во, а не при­род­но-ма­те­ма­тич­ки­от на­уч­ни­к што тал­ка во ла­ви­рин­тот на об­ра­зо­ва­ни­е­то. А во Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја јас­но пи­шу­ва де­ка “при­пад­ни­ци­те на на­ци­о­нал­нос­ти­те има­ат пра­во на нас­та­ва на  с в о ј о т  ј а з и к  во ос­нов­но­то и сред­но­то об­ра­зо­ва­ние. Во учи­лиш­та­та во ко­и об­ра­зо­ва­ни­е­то се од­ви­ва на ја­зи­кот на на­ци­о­нал­нос­та, се изу­чу­ва и ма­ке­дон­ски­от ја­зик.” (член 48 став 4).

Под­вле­че­ни­от из­раз “сво­јот ја­зик” очиг­лед­но е си­но­ним за она што во се­кој­днев­ни­от ја­зи­к го на­ре­ку­ва­ме “мај­чин ја­зик”. Ова, од сво­ја стра­на, е ка­те­го­ри­ја што не е врза­на за на­ци­о­нал­но­то чув­ство на ро­ди­те­ли­те, ту­ку за ја­зи­кот што ти­е (за­ед­но со де­ца­та) го збо­ру­ва­ат до­ма, а што е раз­ли­чен од ма­ке­дон­ски­от (от­та­му е со­се­ма ло­гич­но и оп­рав­да­но ре­ше­ни­е­то сод­ржа­но во вто­ра­та ре­че­ни­ца од ци­ти­ра­ни­от член: за да не ста­на­т странци во соп­стве­на­та држа­ва, на мал­цин­ски­те де­ца мо­ра да им се обез­бе­ди и изу­чу­ва­ње на служ­бе­ни­от ја­зи­к на зем­ја­та – ма­ке­дон­ски­от!).

Ре­ше­ни­е­то на вла­да­та на­пол­но го за­поста­ву­ва фак­тот де­ка во ова­а зем­ја по­стоја­т лу­ѓе што се дек­ла­ри­ра­ат ка­ко Тур­ци, а чиј­што мај­чин ја­зи­к е ма­ке­дон­ски­от. Си­те доб­ро­на­мер­ни Тур­ци што пош­ле да ја по­се­та­т Де­бар­ска Жу­па се вра­ти­ле со непо­бит­но­то соз­на­ни­е де­ка лу­ѓе­то во тој крај збо­ру­ва­ат ма­ке­дон­ски, а се сме­та­ат се­бе­си за Тур­ци. Ем­пи­рис­ко­то ут­врду­ва­ње на тој непо­би­тен фак­т не е ни­ка­ков “би­рок­рат­ски акт”, ту­ку на­је­ле­мен­тар­на фор­ма на про­вер­ка на зна­е­ња­та (тест!) на ко­ја се под­ло­жу­ва­ат де­ца­та за да се ви­ди ка­де и ка­ко ќе учат. Не се сом­не­ва­м де­ка и син­че­то на на­ши­от прет­се­да­тел­ски кан­ди­да­т Ци­ле На­ци­о­на­ле, при за­пи­шу­ва­ње­то на учи­лиш­те во Аме­ри­ка  (ка­де што жи­ве­е и се шко­лу­ва) би­ло тес­ти­ра­но за да се ви­ди кол­ку го вла­де­е ан­глис­ки­от, но, ис­то та­ка, кол­ку вла­де­е и со дру­ги­те пред­ме­ти, за да се оп­ре­де­ли во кој клас да би­де за­пи­ша­но. На на­ши­от прет­се­да­тел­ски кан­ди­да­т ни на крај па­мет не му па­ѓа овој тес­т (и си­те дру­ги тес­то­ви на ко­и се под­ло­жу­ва­ат аме­ри­кан­ски­те уче­ни­ци, ЅАТ, на при­мер) да ги на­ре­че “би­рок­рат­ски ак­ти”(!?). Зош­то то­а го пра­ви ко­га се во пра­ша­ње де­чи­ња­та од Де­бар­ска Жу­па, не ми е со­се­ма јас­но: ако мис­ли де­ка со то­а ќе “ќа­ри” сто­ти­на-двес­те гла­со­ви од нив­ни­те ро­ди­те­ли, не­ка по­мис­ли и на то­а кол­ку ис­тов­ре­ме­но ќе ги за­гу­би сре­де ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние, заш­то то­а вак­ви “ге­го­ви” не прош­те­ва.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.