ДДВ

01.06.2000

Де­но­ви­ве, не без при­чи­на, и не без прак­ти­чен по­вод, се пот­се­тив на ед­на со­се­ма без­на­чај­на епи­зо­да од мо­и­те мла­ди док­то­ран­дски де­но­ви во Гер­ма­ни­ја.

Во да­леч­на­та учеб­на 1969/70 го­ди­на бев сти­пен­дис­т на де­нес ве­ќе свет­ски поз­на­ти­от Мак­с План­к Ин­сти­тут за стран­ско и ме­ѓу­на­род­но кри­вич­но пра­во во Фрај­бур­г ин Брај­зга­у и ра­бо­тев врз мо­ја­та док­тор­ска те­за за прав­на­та по­лож­ба на осу­де­ни­кот по из­држа­на­та каз­на. Ин­сти­ту­тот то­гаш бе­ше мал. Има­ше од­вај пет стран­ски гос­ти (во спо­ред­ба со де­неш­ни­те пе­де­се­ти­на). По при­ро­да­та на ра­бо­ти­те, ни­е “гас­тар­бај­те­ри­те” (ка­ко што на ше­га се на­ре­ку­вав­ме се­бе­си), се др­жев­ме за­ед­но и во Ин­сти­ту­тот и над­вор од не­го. Се­кој ден (за 1,20 ДМ) ру­чав­ме во уни­вер­зи­тет­ска­та Mensa academica. Са­мо мош­не рет­ко мо­жев­ме да си го доз­во­ли­ме лук­су­зот да ја­де­ме в рес­то­ран. Епи­зо­да­та на ко­ја се се­тив се одиг­ра ток­му во те­кот на еден та­ков (ек­склу­зи­вен) ру­чек.

Мо­јот шпан­ски при­ја­тел Ми­гел Ба­хо Фер­нан­дез (де­нес ви­ден про­фе­сор на Уни­вер­зи­те­тот во Мад­рид и бо­га­т ад­во­кат) во еден мо­мент, ко­га ни го до­не­со­а ја­де­ње­то, нер­воз­но ре­а­ги­ра­ше на то­а што не ни до­не­ле и леб. И Шпанци­те, име­но, ка­ко и Ма­ке­донци­те, не мо­же да си за­мис­ла­т ру­чек без леб. Кел­не­рот, по­го­ден од нер­воз­ни­от тон на мо­јот при­ја­тел, не се пре­да­ва­ше, го пог­лед­на енер­гич­но аро­ган­тни­от Шпа­не­ц и – ка­ко да е то­а нај­при­род­на­та, нај­раз­бир­ли­ва­та ра­бо­та на све­тот – од­вра­ти:

“Прош­та­вај­те гос­по­ди­не, уба­во се се­ќа­ва­м де­ка ви­е леб во­оп­што и не на­ра­чав­те.”.

Шпа­не­цот са­мо што не го уд­ри да­мла: “Тре­ба да по­ра­чу­ва­м леб?! Ова е не­чу­е­но, ова е на­пол­но лу­да зем­ја!”. А ко­га ве­ќе фа­ти да се ка­ра, из­на­ка­жа ед­но чу­до ра­бо­ти и, ме­ѓу дру­го­то, ка­ко кру­н­ски до­каз, ту­ку ис­тре­се и еден ва­ков ар­гу­мент: “Кол­ку са­мо да зна­е­те – во еден ју­гос­ло­вен­ски рес­то­ран во смет­ка­та ни­ко­гаш не пи­шу­ва ‘Mehrwertsteuer eingerechnet’, но за­то­а пак се­ко­гаш има леб на ма­са­та!”. Не ве­ру­ва­м де­ка кел­не­рот осо­бе­но се пот­ре­се, ни­ту пак де­ка бе­ше прем­но­гу им­пре­си­о­ни­ран со прес­ти­жот на ма­ли­от, бе­ден гас­тар­беј­тер­ски рес­то­ран во Annagasse. Но, то­а не е ни важ­но.

Она што де­но­ви­ве ме пот­се­ти на ова­а ма­ла ка­фе­ан­ска рас­пра­ви­ја бе­ше та­а фа­моз­на за­бе­леш­ка што се­кој­днев­но ја чи­тав­ме на се­ко­ја смет­ка, за сѐ што ќе пла­тев­ме: “Mehrwertsteuer eingerechnet”! Тоа, бук­вал­но пре­ве­де­но на ма­ке­дон­ски зна­чи де­ка во це­на­та на ус­лу­га­та што се пла­ќа или на сто­ка­та што се ку­пу­ва е засме­тан да­но­кот на зго­ле­ме­на вред­нос­т (со збо­ро­ви­те на ма­ке­дон­ски­от за­кон: “да­но­кот на до­да­де­на вред­ност”). Да­вач­ка­та, зна­чи, што го­ди­на­ва ја оза­ко­ни Ма­ке­до­ни­ја, Гер­манци­те ја има­а уш­те пред три­е­се­ти­на и ку­сур го­ди­ни.

Па се­пак, има ед­на суш­тес­тве­на раз­ли­ка ме­ѓу Гер­ма­ни­ја и Ма­ке­до­ни­ја: за вре­ме на  она­а го­ди­на што ја по­ми­нав та­му, ни­ка­де не ви­дов не­кој да го рек­ла­ми­ра (во вес­ни­ци, на рек­лам­ни па­ноа, на ра­ди­о или на те­ле­ви­зи­ја) тој да­нок. Бог да чу­ва! Во Гер­ма­ни­ја ра­бо­ти­те се уп­рос­те­ни до не­воз­мож­ност: ако не по­ра­чаш леб во рес­то­ран, не­ма да ти го до­не­сат, ако тре­ба да пла­тиш да­нок, ќе ти го нап­ла­та­т и то­а – пре­ку смет­ка­та – ќе ти го ка­жа­т (“Mehrwertsteuer eingerechnet”). На ко­ја ум­на ма­ке­дон­ска гла­ва (и од ко­и при­чи­ни) ѝ тек­на да тро­ши сил­ни па­ри на да­ноч­ни­те об­врз­ни­ци за рек­ла­ми­ра­ње на да­но­кот на до­да­де­на вред­нос­т не ми е јас­но.

Јас, да ре­че­ме, пред не­кој ден на жи­ро-смет­ка­та сум до­бил од ЗУМ­ПРЕС це­ли 40.000 (и со збо­ро­ви: чи­ти­ри­е­сет ил­ја­ди) де­на­ри на име хо­но­рар за не­о­дам­на об­ја­ве­ни­от пре­вод на Пруст. Фа­ла им! Прус­т не се пре­ве­ду­ва за па­ри. Ме­ѓу­тоа, не­кој од мо­и­те при­ја­те­ли ин­сис­ти­ра­ше да не про­пуш­та­м да го об­ја­ва­м из­но­сот на овој бас­нос­ло­вен хо­но­рар, за да ја ви­да­т лу­ѓе­то (а пра­те­нич­ка­та Ѓу­лис­та­на, по­себ­но) хи­е­рар­хи­ја­та на вред­нос­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја. Же­на ми (мо­јот до­ма­шен ми­нис­тер за фи­нан­сии) вло­жи мно­гу труд за да от­кри­е кој ми ги уп­ла­тил ти­е 40.000 де­на­ри. Во из­вес­ти­е­то за уп­ла­та­та, ме­ѓу­тоа, ни­кој не спом­нал де­ка на тој из­нос држа­ва­та ми зе­ла не­ко­и 17% (ако не се ла­жам) да­нок на ав­тор­ски хо­но­рар. И то­а не ме бу­ни: та­ка пра­ва­т си­те држа­ви. Она што мно­гу ме бу­ни, ме­ѓу­тоа, е зош­то го рек­ла­ми­ра­ат да­но­кот на до­да­де­на вред­ност, а не и да­но­кот на ав­тор­ски хо­но­ра­ри, да­но­кот на имот, да­но­кот на до­ход, итн. итн. Рек­ла­ми­рај­ќи го ед­ни­от, а за­бо­ра­вај­ќи ги дру­ги­те, на­ши­те рек­ла­ме­ри пра­ва­т не­доз­во­ле­на дис­кри­ми­на­ци­ја ме­ѓу за­ко­ни­те.

И се­га, ве­ру­ва­ле или не, око­лу ова пра­ша­ње за ма­лу што не се испо­ка­рав­ме и ние, фи­ни­те гос­по­да во Из­вршни­от од­бор на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја. Де­ка ра­бо­та­ва смрди, му е јас­но се­ко­му. Де­ка е ап­сур­д­но да му рек­ла­ми­ра­ат да­нок мо­же да сфа­ти и приг­луп чо­век. Со рек­ла­ма или без неа, држа­ва­та ти го зе­ма она што мо­ра да го пла­тиш. Ни­кој не мо­же да ка­же: “Ме­не тој да­нок не ме бен­ди­су­ва и не са­кам да го пла­ќам”. Та­ков вид да­ноч­на сло­бо­да не по­сто­и ни­ка­де на све­тот. А не­кој од Вла­да­та за про­ме­ни се­пак упор­но со ме­се­ци на­на­зад не бом­бар­ди­ра сло­га­ни од ти­пот “Теш­ко (би­ло), но че­ко­ри­те би­ле ис­прав­ни”, или пов­рзу­вај­ќи ја љу­бов­та кон Мај­ка Ма­ке­до­ни­ја (што на си­те ни би­ла нај­важ­но­то во жи­во­тот) и да­но­кот на до­да­де­на вред­нос­т (!?). Ви­ди мај­ка­та! Па­те­м ре­че­но, спо­ред ова­а ло­ги­ка, ав­то­рот на из­вон­ред­ни­те еко­ном­ски ко­лум­ни на УТ­РИН­СКИ ВЕС­НИК, г-ѓа На­та­ли­ја Ни­ко­лов­ска, е на­јосве­до­чен душ­ман на Ма­ке­до­ни­ја са­мо за­то­а што има ил­ја­да и еден при­го­вор про­тив во­ве­ду­ва­ње­то на овој да­нок (!?).

Ра­бо­та­та се­пак не е ни глу­пост, ни­ту пак ап­сурд, иа­ко та­ка из­гле­да. Прос­то-нап­рос­то вла­да­та ги пла­ќа рек­ла­ми­те и ти­е им но­са­т до­бив­ка на они­е што ги об­ја­ву­ва­ат. Не е да­ле­ку од умот да се прет­пос­тави де­ка по­следни­ве (за да рек­ла­ми­ра­ат неш­то што ина­ку не е за рек­ла­ми­ра­ње) мо­ра да пла­та­т оп­ре­де­лен про­цен­т на не­чи­ја при­ват­на (или пар­тис­ка?) смет­ка. Дру­го не ми па­ѓа на па­мет. Ту­ку здрав­је!

Мо­же­би, не­кој од вла­да­та ќе ми ја об­јас­ни ло­ги­ка­та на ова­а про­па­ган­да. Во се­кој слу­чај, не­мај­ќи свој прет­став­ни­к во пар­ла­мен­тот, Из­вршни­от од­бор на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја ре­ши да ги за­мо­ли на­ши­те ко­а­ли­ци­о­ни пар­тне­ри да по­ба­ра­ат од­го­вор од вла­да­та за то­а кол­ку чи­не­ла до­се­га про­па­ган­да­та на ДДВ и кој е мо­ти­вот да се рек­ла­ми­ра неш­то што се ка­си­ра по си­ла­та на за­ко­нот.

Што се од­не­су­ва пак до г-ѓа На­та­ли­ја Ни­ко­лов­ска, Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја ве­ру­ва во неј­зи­на­та ис­кре­на љу­бов спре­ма Ма­ке­до­ни­ја. Са­ка­ме да ве­ру­ва­ме де­ка таа, од сво­ја стра­на, не се сом­не­ва во на­ша­та ис­кре­на жел­ба од Ма­ке­до­ни­ја да нап­ра­ви­ме прис­тој­но мес­то за жи­ве­е­ње. Во нај­суш­тес­тве­но­то, зна­чи, се­пак сме ед­но­мис­ле­ни­ци.

Ед­но­мис­ле­ни­ци (од си­те 123 оп­шти­ни на Ма­ке­до­ни­ја) – обе­ди­не­те се!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.