Search
Close this search box.

ДЕН КО­ГА УМ­РЕ СРА­МОТ

18.11.1999

Се чув­ству­ва­м ужас­но по­ни­жен од не­дел­ни­те из­бо­ри. Они­е што ме чи­та­ат ве­ро­јат­но ќе се се­та­т де­ка ние, од Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, не­мав­ме свој фа­во­рит. Лич­но, мно­гу ме ин­те­ре­си­ра­ше из­бо­ри­те да ус­пе­а­т и да ми­на­т в ред. Во­ден од то­а љу­бо­пит­ство ре­ла­тив­но ра­но (око­лу 14 ча­сот) оти­дов да гла­сам. За они­е што не зна­ат, жи­ве­а­м во Чен­то, а гла­са­ме во Ос­нов­но­то учи­лиш­те “Кр­сте Ми­сир­ков”. Ат­мос­фе­ра­та, нај­скром­но ре­че­но, швед­ска! На­сел­ба­та е дос­та прос­тра­на, па мно­гу­ми­на до­а­ѓа­ат со ко­ли. Пар­ки­ра­ње­то, оде­ње­то до из­би­рач­ки­те мес­та (уш­те на са­ми­от влез оз­на­че­ни со број­ки и стрел­ки), ле­ги­ти­ми­ра­ње­то, до­би­ва­ње­то пе­ча­ти врз из­би­рач­ки­те ле­ги­ти­ма­ци­и + гла­сач­ко лив­че, се­то то­а се од­ви­ва ре­чи­си бес­шум­но, со наг­ла­се­на свес­т за зна­че­ње­то на из­бо­рот. Ми бе­ше уба­во око­лу ср­це­то: ете, во ед­на скром­на, пре­теж­но ра­бот­нич­ка на­сел­ба, ев­роп­ска ат­мос­фе­ра на кул­ту­ра и ци­ви­ли­за­ци­ја. На из­ле­гу­ва­ње са­мо пра­шав ка­ко е со од­ѕи­вот. Љу­без­но ми од­го­во­ри­ја. Ги поз­дра­вив кон­тро­ло­ри­те. Ти­е от­поз­дра­ви­ја.

И до­ма првин гле­дав­ме вак­ви сли­ки од си­те стра­ни на ма­ке­дон­ска­та зем­ја. Наб­ргу, ме­ѓу­тоа, фа­ти­ја да се ре­да­т и дру­ги глет­ки: не зна­м ко­ја скоп­ска ТВ ку­ќа првин по­ка­жа гла­сач­ко мес­то (сни­ме­но во 9 ча­сот!) во ед­но се­ло на нај­број­на­та мал­цин­ска гру­па – во про­ѕир­на­та ку­ти­ја мо­же­а да се из­бро­ја­т пет лив­чи­ња. Во ис­то вре­ме, во ед­но дру­го (ет­нич­ки слич­но) се­ло из­бо­ри­те ве­ќе зав­рши­ле (!?). По­доц­на, од раз­ни стра­ни, на­се­ле­ни со ис­ти­ов ет­нос, до­а­ѓа­а сѐ по­не­ми­ли сце­ни: при­ка­жу­ва­а огор­че­ни лу­ѓе бук­вал­но по­ниш­те­ни ка­ко гла­са­чи – ко­га дош­ле да гла­са­ат, не­кој пред нив, ве­ќе им ја свршил ра­бо­та­та (!?).

Во доц­ни­те ве­чер­ни ча­со­ви од из­бор­ни­от ден ги ви­дов­ме ре­зул­та­ти­те од де­мок­ра­ти­ја­та à la PDSh! Да не раз­би­рав за што се ра­бо­ти ср­це­то ќе ми пре­пук­не­ше од ми­ли­на: нај­пра­во­вер­ни мус­ли­ма­ни (уш­те пред да го на­ра­на­т до­би­то­кот) избе­зу­ме­но трча­ат на из­би­рач­ки­те мес­та за да гла­са­ат за ста­си­ти­от хрис­ти­јан­ски про­по­вед­ник. Да ви­ду, да не ве­ру­ју! Уште ма­лу да по­мис­ла­м де­ка PDSh ќе ус­пе­е и да ги вра­ти Ал­банци­те во нив­на­та ста­ра (хрис­ти­јан­ска) ве­ра! Ше­га­та на стра­на, фак­тот што се­та на­ша из­бор­на ев­роп­шти­на бе­ше по­ниш­те­на на ва­ков (да не ре­ча­м ка­ков) на­чин до коски ме по­ни­жи. Из­бор­ни из­ма­ми има на си­те стра­ни од све­тот. Ги има­ше и кај нас. Но, ко­га вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја на мно­зин­ски­от на­род ќе доз­во­ли ед­на ек­стрем­на се­па­ра­тис­тич­ка гру­па­ци­ја да ѝ ги ре­ди ра­бо­ти­те во ку­ќа­та, то­а ве­ќе не ми­ри­са доб­ро. Ду­ри и неш­то по­ве­ќе: поч­ну­ва да смрди на пцо­ви­са­но! То­а во ку­ќа­та на ВМРО ум­ре сра­мот!

На ве­чер­на­та прес-кон­фе­ренци­ја во шта­бот на СД­СМ не зна­м кол­ку па­ти огор­че­но го пов­то­ри­ја фак­тот де­ка на PDSh ѝ ус­пе­а­ло да му со­бе­ре на без­греш­ни­от оте­ц Бо­рис по­ве­ќе гла­сач­ки лив­чи­ња одош­то неј­зи­ни­те (и про­тив­нич­ки­те) гла­са­чи им го да­ле на сво­и­те соп­ле­ме­ни­ци, гг. Не­џи­пи и Ха­ли­ли за­ед­но. Афе­рим, бре Ар­бе­не! СД­СМ-ов­ци­те бе­а страш­но ре­вол­ти­ра­ни. Не ве­ру­ва­м де­ка при­то­а не­ко­му од нив му се вра­ти фил­мот и се се­ти што пра­ве­а и са­ми­те пред ра­бо­ти­те да дој­да­т на ова де­ре­џе. Да пот­се­та­м со ред (пред де­сет го­ди­ни, на Све­ти Ран­гел, на 21 но­ем­ври 1989, бе­ше на­пи­ша­на по­ли­тич­ка­та пла­т­фор­ма на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја и поч­на неј­зи­но­то ос­но­ва­ње, па ова ре­де­ње на­мер­но го пра­ва­м од неј­зи­на глед­на точ­ка)!

Пред први­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, ка­ко ли­дер на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, сто­рив сѐ што мо­жев за да го убе­да­м то­гаш­но­то нив­но вод­ство де­ка на Ма­ке­до­ни­ја по­ве­ќе ѝ од­го­ва­ра про­пор­ци­о­нал­ни­от одош­то мно­зин­ски­от мо­дел. Са­мо, кој ќе ти слу­ша не­ка­ков­си про­фе­сор и ѓоа-ли­дер на ед­на ми­ни­ја­тур­на, што­ту­ку ис­пи­ле­на пар­ти­ја, как­ва што бе­ше Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја. Се оп­ре­де­ли­ја за мно­зин­ски­от и ре­зул­та­тот е поз­нат: СКМ/ПД­П до­жи­ве­а ка­тас­тро­фа­лен по­раз! Иста­ва пес­на (са­мо се­га не лич­но, ту­ку  пре­ку ед­на ко­лум­на во ДНЕВ­НИК) му ја “от­пе­ав” и на но­ви­от ли­дер на СД­СМ. Пак ис­ти­от иг­но­ри­рач­ки од­нос спре­ма мис­ле­ње­то на Ли­га­та (што во ме­ѓув­ре­ме ста­на уш­те по­ми­ни­ја­тур­на од по­ра­но). Но­ви­от ли­дер по­доц­на јав­но приз­на де­ка нап­ра­вил “пог­реш­на про­цен­ка”, а ре­зул­та­тот е поз­нат: не­го­ва­та пар­ти­ја се нај­де во ма­га­реш­ки­те клу­пи на опо­зи­ци­ја­та.

Се­га неш­то за “ал­бан­ско­то пра­ша­ње”! Ка­ко ли­дер на ма­леч­ка­та (но елит­на, не­ли?) Ли­га за де­мок­ра­ти­ја фа­тив пе­на на ус­та­та пот­се­ту­вај­ќи, првин, на то­а де­ка PDSh ни­ко­гаш не по­ста­пи спо­ред ба­ра­ње­то на Устав­ни­от суд на Ма­ке­до­ни­ја за из­ме­на на сво­и­те прог­ра­мски за­лож­би и за­то­а е прак­тич­но по­лу­ле­гал­на ор­га­ни­за­ци­ја. СД­СМ, што ја има­ше влас­та во сво­и раце, во ни­е­ден мо­мен­т не нај­де за пот­реб­но ба­ре­м да се об­ѕр­не врз ова мош­не ре­ле­ван­тно ука­жу­ва­ње на ма­леч­ка­та (та за­то­а и без­на­чај­на, не­ли?) Ли­га за де­мок­ра­ти­ја. Во ис­то вре­ме (и пак во ис­то­то свој­ство) фа­тив пе­на на ус­та­та пов­то­ру­вај­ќи де­ка Ар­бен Џа­фе­ри тре­ба да се ста­ви зад ре­шет­ки по мно­гу ос­но­ви од Кри­вич­ни­от за­ко­ник: не ед­наш, на при­мер, си иг­ра­ше дрн-дуп­ка со зем­ја­та со чи­ј па­сош па­ту­ва на­о­ко­лу под­би­вај­ќи се со неј­зи­но­то име и на­ре­ку­вај­ќи ја “По­ра­неш­на­та ју­гос­ло­вен­ска ре­пуб­ли­ка” (кри­вич­но де­ло пов­ре­да на уг­ле­дот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од чл. 178 КЗ), а неј­зи­ни­от мно­зин­ски на­род “Сла­во­ма­ке­донци”, со што на ови­е им ја кре­ва­ше ут­ро­ба­та (пре­диз­ви­ку­ва­ње на­ци­о­нал­на ом­ра­за од чл. 319 ст.1 КЗ), до­де­ка на ед­на прес-кон­фе­ренци­ја по гос­ти­вар­ски­те нас­та­ни са­ми­от, без не­кој да го те­ра, из­ја­ви де­ка гг. Осма­ни и Де­ми­ри ра­бо­те­ле по не­го­ви ди­рек­ти­ви (пот­тик­ну­ва­ње на кри­вич­ни­те де­ла за ко­и бе­а осу­де­ни гра­до­на­чал­ни­ци­те на Гос­ти­вар и Те­то­во). СД­СМ ја има­ше влас­та во сво­и раце, а со пр­ст не мрдна да се по­чи­ту­ва кри­вич­ни­от за­кон. Кој да ја слу­ша ма­леч­ка­та, сви­ле­на Ли­га за де­мок­ра­ти­ја? И зош­то, ко­га ним им бе­ше доб­ро? Се­га, ко­га Џа­фе­ри им го спа­ку­ва прет­се­да­тел­ски­от по­да­рок, во СД­СМ врес­ка­ат до не­бе­са. Еден бол­гар­ски ви­ц ве­ли: “К’с­но е ве­че син­ко, рај­бер’т е ту­рен!”.

Збор-два за из­би­рач­ки­те спи­со­ци и ле­ги­ти­ма­ции! Со го­ди­ни пов­то­ру­ва­м (пак во свој­ство на член или ли­дер на ма­леч­ка­та, зборлес­та Ли­га за де­мок­ра­ти­ја) де­ка из­би­рач­ки­те спи­си­ци не се ажу­ри­ра­ат ка­ко што тре­ба, де­ка во нив има ум­ре­ни, от­се­ле­ни ли­ца, де­ка во те­кот на из­бо­ри­те од­не­на­деж ис­чез­ну­ва­ат, а по­те­м вол­шеб­но од­но­во се по­ја­ву­ва­ат спи­со­ци­те за це­ли ули­ци итн. итн. Ни­кој, ама баш ни­кој во СД­СМ не ги чу на­ши­те апе­ли. Ис­то­то го збо­ру­вав­ме и за из­бор­ни­те ле­ги­ти­ма­ции: ти­е не би би­ле ва­лид­но сред­ство за иден­ти­фи­ка­ци­ја ни во Фе­ри­јал­ни­от со­јуз. До­ку­мен­т за иден­ти­фи­ка­ци­ја без фо­тог­ра­фи­ја по­стоел – но во 19 век! Во овој век и на овој прос­тор так­ва ле­ги­ти­ма­ци­ја е са­мо инстру­мен­т за фал­си­фи­ку­ва­ње на из­бо­ри­те. Но, ти­е из­би­рач­ки спи­со­ци и ти­е ле­ги­ти­ма­ци­и (ис­то ка­ко и се­га!) сврши­ја ра­бо­та: со нив СД­СМ ста­на прак­тич­но единстве­на­та вла­де­јач­ка пар­ти­ја 1994 го­ди­на.

Са­мо, они­е “ем ман­гуп­чи­ња, ем ВМРО-вчи­ња” мно­гу бр­гу уче­а (и на­у­чи­ја сѐ што тре­ба!) од СД­СМ-ов­ци­те. И?

Па (ка­ко што ве­ла­т на ЕПП), дој­де­те во Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја да ви ка­же­ме што да се пра­ви и да се до­го­во­ри­ме за ак­ци­ја! Тре­то не­ма! И, да не ре­че­те по­сле, де­ка не сум ви ре­кол! При­тоа, без ог­лед на ше­го­би­ј­ни­от тон, ова нај­се­ри­оз­но го мис­лам!

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.