Search
Close this search box.

И ЃОР­ЃИ МАР­ЈА­НО­ВИ­Ќ ОДИ ВО АМЕ­РИ­КА

30.09.1998

По­о­дам­на има­м еден бра­чен проб­лем: же­на ми до­би од сво­јот фа­кул­тет не­как­ви сред­ства за сту­дис­ки прес­тој во Аме­ри­ка и таа, ка­ко ста­рин­ски вос­пи­ту­ва­на да­ма, сме­та де­ка јас мо­ра да ја прид­ру­жу­вам. Јас пак на­вис­ти­на не­мав (и сѐ уш­те не­мам) не­как­ва осо­бе­но жеш­ка жел­ба да ода­м усвет, а осо­бе­но не во Аме­ри­ка, ка­де што (спо­ред фил­мо­ви­те ко­и ги про­ду­ци­ра­ат во нив­на­та Све­та Го­ра) ма­фи­ја­та се­кој ден уби­ва онол­ку лу­ѓе кол­ку што Скоп­је има жи­те­ли. Што ба­ра­м јас та­му? Не ќе мо­же ду­ри ни на концерт да пој­дам: Аме­ри­канци­те ра­коп­лес­ка­ат ме­ѓу ста­во­ви (што е нај­го­ле­м му­зич­ки ре­зил во Ев­ро­па, па и во Ма­ке­до­ни­ја).

Од дру­га стра­на, ка­ко што не е непоз­на­то, Ма­ке­до­ни­ја е во пре­диз­бо­ри­е­то, а јас сум дал цврста бе­са да му по­ма­га­м на единстве­ни­от кан­ди­да­т на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски, да вле­зе во пар­ла­мен­тот. Ор­га­ни­те на ССР­Н­М има­ат ха­ти­ше­ри­ф да не ја спом­ну­ва­ат Ли­га­та во сво­и­те на­пи­си, и да не е, “Днев­ник” (и мо­и­те ко­лум­ни) и пла­те­ни­те ог­ла­си на г. Тор­тев­ски во “Ма­ке­до­ни­ја де­нес” на­ше­то учес­тво на из­бо­ри­те би ми­на­ло на­пол­но не­за­бе­ле­жа­но. От­та­му, мо­е­то оде­ње во стран­ство (ка­ко и за вре­ме на из­бо­ри­те од 1994, ко­га бев во Гер­ма­ни­ја) би мо­же­ло да се разбе­ре ка­ко не­кој вид пар­тис­ко не­вер­ство, кол­ку спре­ма Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, тол­ку и спре­ма г. Тор­тев­ски.

Ар­но ама, же­на­та не би би­ла же­на ако не нај­де на­чин да го убе­ди сво­јот чо­век во она што го на­мис­ли­ла. И ме убе­ди! А от­ка­ко се слу­чи тоа, не ми ос­та­ну­ва­ше ниш­то дру­го, ос­вен да ја ра­ци­о­на­ли­зи­ра­м мо­ја­та сог­лас­ност: ете, и Ан­те По­пов­ски (во сво­ја­та уба­ва кни­га “Око­то, свет­ли­ни­те”) тврди де­ка по­стоја­но да се па­ту­ва зна­че­ло по­стоја­но да се нап­ре­ду­ва. А јас сум за нап­ре­док, не­ли – “се­кој ден, во се­кој пог­лед”! Зна­чи, тре­ба да па­ту­вам!

По­на­та­му, пред не­кој ден чи­та­м во вес­ни­ци­те де­ка и Ци­ле На­ци­о­на­ле и Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски ќе оде­ле Аме­ри­ка, на гос­ти кај гос­по­ѓа Мед­лин Ол­брајт, да ја убе­ду­ва­ат, ве­ро­јат­но, де­ка ќе би­да­т уш­те по­по­слу­шни спре­ма САД од ју­но­ши­те на СД­СМ (ако то­а во­оп­што е мож­но!). Па, ете, и ме­не доб­ро ми дој­де да пој­да­м та­му и да сто­ра­м неш­то за доб­ро­то на Ма­ке­до­ни­ја и на неј­зи­ни­от на­ма­чен на­род. При­тоа, јас има­м по­и­нак­ви пла­но­ви за кон­так­ти.

На­мес­то со аме­ри­кан­ска­та држа­ва, јас има­м на­ме­ра да ста­па­м во кон­так­т со аме­ри­кан­ски­от биз­нис и да се оби­да­м да ре­а­ли­зи­ра­м ед­на дам­неш­на за­мис­ла, ко­рис­на кол­ку за нас, тол­ку и за ви­тал­ни­те ин­те­ре­си на Аме­ри­ка. Име­но, на­мес­то ед­на ми­ли­јар­да кре­ди­ти (што, мо­ра да приз­на­ам, и ка­ко сто­нас­тот­на си­гур­нос­т ме зас­тра­шу­ва: не­кој, еден ден, ќе мо­ра да ги вра­ќа ти­е сил­ни па­ри, а би­деј­ќи то­гаш ме­не ќе ме не­ма, то­а ќе би­да­т мо­и­те си­но­ви, вну­ци и прав­ну­ци), јас со­ну­ва­м да ѝ до­не­са­м на Ма­ке­до­ни­ја по­да­рок вре­ден 62 ми­ли­јар­ди до­ла­ри! (Са­мо што го на­пи­шав ова, а ве­ќе ми се ја­ви ви­зи­ја за ги­ган­тски на­пи­си во ор­га­нот на ССР­НМ, со ко­и овој го до­че­ку­ва се­ко­е пре­диз­бор­но, ве­ту­ва­ње на опо­зи­ци­ја­та. Не­ба­ре са­мо СД­СМ има пра­во на ла­га!).

Ка­ко би се ос­тва­ри­ла мо­ја­та за­мис­ла? Мош­не ед­нос­тав­но: би се оби­дел да ста­па­м во врска со г. Бил Гејт­с и да го убе­да­м (на­мес­то да во­ју­ва со не­раз­бра­на­та аме­ри­кан­ска ад­ми­нис­тра­ци­ја) да дој­де во Ма­ке­до­ни­ја со сво­и­те 62 ми­ли­јар­ди до­ла­ри, а ни­е од Ли­га­та за Де­мок­ра­ти­ја ќе ја про­тур­ка­ме иде­ја­та за мо­нар­хи­ја и ќе го нап­ра­ви­ме Тре­ти­от (по Алек­сан­дар и Са­му­ил) го­ле­м цар на Ма­ке­до­ни­ја, по кој бе­зус­пеш­но и не­у­теш­но пе­ка­ше Мо­нар­хис­тич­ка­та пар­ти­ја на Ма­ке­до­ни­ја.

За они­е што евен­ту­ал­но не зна­ат кој е Го­ле­ми­от Бил ќе ре­ча­м са­мо тол­ку: нес­вршен сту­ден по елек­тро­тех­ни­ка кој за де­се­ти­на го­ди­ни ус­пе­а да со­бе­ре лич­но бо­гат­ство од 62 ми­ли­јар­ди до­ла­ри има пол­но пра­во на цар­ско дос­то­инство (ако не ка­ко Алек­сан­дар, то­а се­ка­ко ка­ко На­по­ле­он). И тоа, не са­мо во жал­на Ма­ке­до­ни­ја!

За да не ре­че не­кој де­ка бла­да­м без врска, ќе за­бе­ле­жа­м де­ка и на­ши­те ми­ли ис­точ­ни бра­ќа, Бол­га­ри­те, об­но­ву­вај­ќи ја сво­ја­та држа­ва ми­на­ти­от век, си го по­зај­ми­ја Ferdinand von  Ѕасh­ѕеn-Coburg Gotha за свој вла­де­тел. Та­ка сто­ри­ја, впро­чем, и Норве­жа­ни­те ко­га се от­це­пи­ја од Швед­ска: ти­е за крал го зе­до­а дан­ски­от принц Карл, ко­го ни­е по­ста­ри­те го па­ме­ти­ме ка­ко Ха­кон VII.

Спом­ну­ва­ње­то на ум­ни­от норвеш­ки крал од­не­на­деж ми да­ва уш­те ед­на по­ли­тич­ка иде­ја во врско со Бил Гејтс: прво, ако мо­же­ше дан­ски­от принц Кар­л да си го сме­ни име­то во Ха­кон VII, зош­то Аме­ри­ка­не­цот Бил да не би­де Алек­сан­дар V Ма­ке­дон­ски и вто­ро, што се од­не­су­ва до влас­та, ма­ке­дон­ски­от цар би ја имал ис­то кол­ку и кра­лот на Норвеш­ка!

Во врска со дос­тре­ли­те на та­а влас­т зли­те ја­зи­ци рас­ка­жу­ва­ат вак­ва анег­до­та за Ха­кон VII: во ед­на при­го­да (не зна­м как­ва) на кра­лот му пад­на­ло ша­ми­че­то. Пре­ми­е­рот го кре­нал и му го по­дал на сво­јот су­ве­рен, а ста­ри­от крал раз­не­же­но му заб­ла­го­да­рил до­да­вај­ќи: “Не­ма­те прет­ста­ва кол­ку ми зна­чи ова ша­ми­че! То­а е единстве­на­та ра­бо­та во ова­а зем­ја во ко­ја јас мо­жа­м да си го пик­на­м но­сот!”. За мo­нар­х со так­ви ов­лас­ту­ва­ња (и со лич­но бо­гат­ство два­па­ти по­го­ле­мо од то­а на ан­глис­ка­та кра­ли­ца) вре­ди да се по­ма­чи­ме око­лу г. Гејтс.

Се на­де­ва­м де­ка во од­лич­но ор­га­ни­зи­ра­на­та аме­ри­кан­ска ам­ба­са­да има не­кој што е за­дол­жен да ја сле­ди мо­ја­та ко­лум­на, па тек­стов ќе го пре­ве­де и ќе го про­след­и Та­му Ка­де Што Тре­ба за да се ани­ми­ра г. Гејт­с (за доб­ро­то на САД и неј­зи­ни­те ви­тал­ни ин­те­ре­си во Ма­ке­до­ни­ја) да ме по­ба­ра на Прав­ни­от фа­кул­тет во Њу­јор­к во вре­ме­то од 1 до 28 ок­том­ври.

Ина­ку, г. Алек­сан­дар Тор­тев­ски, јас и ад­во­ка­ти­те од Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја ќе сто­ри­ме сѐ што тре­ба за пре­ре­гис­тра­ци­ја на фир­ма­та МIСRО­ЅОFТ на ма­ке­дон­ски­от мо­нарх, ко­му ни­кој не­ма да му пре­чи и на­та­му да си го вр­ти ин­фор­ма­тич­ки­от биз­нис. На­ши­от мо­нар­х би го ода­но­чи­ле со сим­бо­ли­чен го­ди­шен да­нок на имот од 1 %. Та­ка, од не­го­ви­те 62 ми­ли­јар­ди до­ла­ри ма­ке­дон­ска­та држа­ва го­диш­но би ка­си­ра­ла 620 ми­ли­о­ни до­ла­ри, што би би­ло со­се­ма дос­тат­но за неј­зи­ни­от бу­џет, ду­ри и ако ре­ши и си­те дру­ги држав­ја­ни – од при­чи­ни на ед­нак­вос­т пред за­ко­нот – да пла­ќа­ат са­мо 1 % го­ди­шен да­нок на имот или до­ход).

Ете, то­а бе­а нак­рат­ко при­чи­ни­те што ко­неч­но ме убе­ди­ја пред не­кој ден да пој­да­м во аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да и – прак­тич­но до­де­ка да треп­неш! – да ги до­би­ја­м уба­ви­те аме­ри­кан­ски ви­зи, во кои, во ру­бри­ка­та “Nationality” (што не­ма врска со ко­му­нис­тич­ки­от по­им “на­ци­о­нал­ност” од ма­ке­дон­ски­от ус­тав), на го­ле­мо ра­зо­ча­ру­ва­ње на Гр­ци­те, и пок­рај пре­диз­бор­ни­те ве­ту­ва­ња на г. Клин­тон, се­пак сто­и “MKD”, а не “FYROM”, што ме­не мно­гу ми зна­чи.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.