ИН­ДИС­КРЕ­ЦИ­О­НЕН ДЕ­ЛИКТ

29.04.1998

На вре­ме­то, во за­ед­нич­ка­та тат­ко­ви­на, про­фе­со­ри­те по кри­вич­но пра­во од прав­ни­те фа­кул­те­ти се­ко­ја го­ди­на ор­га­ни­зи­ра­а т.н. “ин­тер­ка­те­дар­ски сос­та­но­ци”: сврзу­вај­ќи го ко­рис­но­то со при­јат­но­то, се дру­жев­ме, чи­тав­ме ре­фе­ра­ти, дис­ку­ти­рав­ме, одев­ме на из­ле­ти, а има­ше и за­ед­нич­ки све­че­ни ве­че­ри. На нив, пак, обич­но “се ево­ци­ра­а спо­ме­ни” од на­ше­то дру­же­ње со сту­ден­ти­те. На ед­на так­ва сред­ба во Сп­лит, за вре­ме на за­ед­нич­ка­та ве­че­ра, се­га ве­ќе одам­на по­кој­ни­от про­фе­сор Бог­дан Зла­та­ри­ќ (од Прав­ни­от фа­кул­тет во Заг­реб), рас­ка­жа вак­ва, вис­ти­ни­та анег­до­та!

Испра­шу­вам, ве­ли, еден сту­дент, и ни­ка­ко да се ре­ша­м да­ли да го пуш­та­м или не: неш­то знае, неш­то не знае. Ко­неч­но, ка­ко по­след­на шан­са, му да­ва­м уш­те ед­но пра­ша­ње: ин­дис­кре­ци­о­нен де­ликт! Мом­че­то се фа­ќа за пра­ша­ње­то ка­ко да­ве­ни­к за слам­ка и се до­ви­ва ка­ко што зна­е и умее, но теш­ко му оди. За да му по­могнам, ве­лам: ос­та­ве­те ги на стра­на де­фи­ни­ци­и­те. Мо­же­те ли со еден при­мер да по­ка­же­те де­ка зна­е­те за што ста­ну­ва збор. Мо­жам, од­го­ва­ра сту­ден­тот и, ка­ко од топ, на­дов­рзу­ва: то­а е ко­га јас за вас би из­не­су­вал или про­не­су­вал де­ка има­те љу­бов­ни­ца!

Пад­нав­те, ко­ле­га, му ве­лам: ус­лов за по­стое­ње на кри­вич­но­то де­ло из­не­су­ва­ње лич­ни и се­меј­ни при­ли­ки е да се ра­бо­ти за неш­то што мо­же да ми наш­те­ти на чес­та и уг­ле­дот. На мо­и го­ди­ни (про­фе­со­рот има­ше ед­но 65-66 го­ди­ни), со так­ва из­ја­ва ви­е ни­ка­ко не мо­же­те да ми наш­те­ти­те. Нап­ро­тив, мно­гу е по­ве­ро­јат­но е де­ка ќе ми го кре­не­те уг­ле­дот…

Иа­ко ни­кој не по­ве­ру­ва де­ка сту­ден­тот на­вис­ти­на пад­нал, заш­то од­го­во­рот во ос­но­ва­та е то­чен, ду­хо­ви­ти­от зак­лу­чо­к на про­фе­сор Зла­та­ри­ќ мо­же да ва­жи и за “слу­ча­јот Гли­го­ров”: ако на чо­век од 65-66 го­ди­ни не мо­же да му наш­те­ти вак­ва афе­ра, до­тол­ку по­ма­лу то­а мо­же да би­де ко­га се ра­бо­ти за не­кој што на­пол­нил осум­де­сет! (До­тол­ку и сум сог­ла­сен со шар­ман­тни­от ко­лум­нис­т од ДЕ­НЕС, кој, збо­ру­вај­ќи за “сла­бос­ти­те на прет­се­да­те­лот”, по ма­лу за­вид­ли­во ги на­ре­ку­ва “им­пре­сив­ни спо­соб­нос­ти”!).

Ова­а под­роб­нос­т од за­кон­ско­то би­ти­е на кри­вич­но­то де­ло из­не­су­ва­ње лич­ни и се­меј­ни при­ли­ки (чл. 174 КЗ) ќе мо­же­ше да би­де ра­зум­но об­јас­ни­е зош­то г. Гли­го­ров не ту­жи, ни­ту пак на­вес­ту­ва де­ка ќе пок­ре­не кри­вич­но-прав­на туж­ба во врска со “гнас­ни­те шпе­ку­ла­ции” на по­е­динци од ма­ке­дон­ско­то по­ли­тич­ко под­зем­је (спо­ред ре­ал-со­ци­ја­лис­тич­ки­от во­ка­бу­лар на нај­рев­нос­ни­те прет­се­да­тел­ски бра­ни­те­ли): чо­ве­кот е над се­то то­а и не се об­ѕр­ну­ва на оз­бо­ру­ва­ња­та, па, не са­ка ни да ту­жи (ис­то ка­ко Ва­ле­ри Жис­кар д’Естен, не­ко­гаш­ни­от прет­се­да­тел на Францус­ка­та ре­пуб­ли­ка, кој, иа­ко има­ше сто и ед­на при­чи­на за тоа, ни­ко­гаш ни­ко­го не да­де на суд).

Ќе мо­же­ше, ме­ѓу­тоа, да ме по­слу­ша­а на вре­ме­то, ко­га во ко­ми­си­ја­та за из­гот­ву­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от Кри­ви­чен за­ко­ни­к се за­ла­гав да не се пра­ви раз­ли­ка по­ме­ѓу ше­фот на држа­ва­та и обич­ни­от гра­ѓа­нин по од­нос на го­не­ње­то за ови­е де­ла: ако прет­се­да­те­лот се чув­ству­ва нав­ре­ден или нак­ле­ве­тан од из­ја­ва­та на друг, не­ка по­ве­ли, па не­ка ту­жи (ка­ко што то­а во сво­е вре­ме, да на­ве­да­м еден друг при­мер во об­рат­на смис­ла, ре­дов­но го пра­ве­ше ге­не­рал Шар­л де Гол, ис­то та­ка францус­ки прет­се­да­тел).

За жал, мо­и­те анар­хо-ли­бе­рал­ни иде­и не по­ми­наа. Над­вла­де­ја ти­е на де­мок­рат­ска­та ал­тер­на­ти­ва (со благ вкус на “со­ци­ја­ли­за­м со чо­веч­ки лик”) и ни­е се оп­ре­де­лив­ме за со­лу­ци­ја, спо­ред ко­ја, го­не­ње­то за кри­вич­ни­те де­ла  кле­ве­та, нав­ре­да и из­не­су­ва­ње лич­ни и се­меј­ни при­ли­ки, сто­ре­ни спре­ма Прет­се­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја (во врска со врше­ње­то на не­го­ва­та фун­кци­ја!) се пре­зе­ма по служ­бе­на долж­ност. Ка­ко во Орве­ло­ва­та “Жи­во­тин­ска фар­ма”: си­те жи­вот­ни се ед­нак­ви, са­мо не­ко­и се по­ед­нак­ви од дру­ги­те.

И та­ка, со вак­ва­та ре­гу­ла­ти­ва, они­е што мно­гу се гри­же­а за заш­ти­та­та на чес­та и уг­ле­дот на ше­фот на држа­ва­та, всушност, по­ве­ќе му наш­те­ти­ја одош­то му бе­а од пол­за на ак­ту­ел­ни­от прет­се­да­тел. Ка­ко што тоа, впро­чем, го сто­ри­ја и не­го­ви­те ин­те­ли­ген­тни бра­ни­те­ли од ор­га­нот на ССР­НМ. (Уба­во ве­ла­т Тур­ци­те: “Умен неп­ри­ја­тел е по­до­бар од глу­пав при­ја­тел!”)

Ме­не лич­но не ми се ве­ру­ва де­ка мо­јот драг при­ја­тел (и не­ко­га­шен до­бар сту­дент!), ре­пуб­лич­ки­от ја­вен об­ви­ни­тел – и не­го­ви­те хи­е­рар­хис­ки под­ре­де­ни – не си ја зна­ат ра­бо­та­та, па то­а е при­чи­на­та зош­то не го­нат, и пок­рај по­ви­ци­те од си­те стра­ни во та­а смис­ла. До­тол­ку по­ве­ќе што во слу­ча­јов е со­се­ма ире­ле­ван­тно да­ли во пи­шу­ва­ње­то на пе­ча­тот има ба­ре­м рон­ка вис­ти­на или е се­то то­а де­бе­ла но­ви­нар­ска пат­ка. А служ­бе­ни­те зва­ња на на­вод­ни­те пре­љуб­ни­ци јас­но збо­ру­ва­ат де­ка она што (на­вод­но) го сто­ри­ле има врска со нив­на­та служ­бе­на ра­бо­та.

Или, мо­же­би, на јав­ни­те об­ви­ни­те­ли сѐ уш­те не им е јас­но, про­тив ко­го да го под­не­са­т об­ви­не­ни­е­то: про­тив ин­фор­ма­то­рот од “не­фор­мал­ни­от раз­го­вор” или про­тив они­е што ин­фор­ма­ци­ја­та ја об­ја­ви­ја. Про­тив оној што ја за­па­ли ку­ќа­та, или про­тив оној што поч­на да ви­ка: “Го­ри, го­ри, гос­по­ѓи­це!” (да па­рафра­зи­ра­м еден непов­тор­ли­во ду­хо­ви­т ана­ли­ти­чар на ма­ке­донц­ки­те пре­м­ре­жи­ња).

Во се­кој слу­чај, да не им е чо­век во ко­жа­та ни­ту на ед­ни­те (на “офи­ра­ни­те”), ни­ту на дру­ги­те (на “офи­ра­те­ли­те”), ни­ту пак на кут­ри­те го­ни­те­ли ex officio.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.