Search
Close this search box.

КОЈ ИМА, ПАК ЌЕ ИМА!

14.10.1998

Edward B. Fiske, не­ко­га­шен уред­ни­к по об­ра­зо­ва­ни­е на “Њу­јор­к тај­мс”, од 1982 на­ва­му се­ко­ја го­ди­на го (пре)из­да­ва сво­јот “ТНЕ FI­Ѕ­КЕ GUIDE TO COLLEGES” (Фис­ке­о­ви­от во­дич за ко­ле­џи­те). Ов­де мно­гу ме ин­те­ре­си­ра об­ра­зов­ни­от сис­тем, заш­то Аме­ри­ка не е тол­ку прос­пе­ри­тет­на са­мо за­то­а што е бо­га­та (Ру­си­ја е, мо­же­би, и по­бо­га­та!), ту­ку за­то­а што не­ве­ро­јат­но штед­ро ин­вес­ти­ра во об­ра­зо­ва­ни­е­то (са­мо бу­џе­тот на Columbia University е три и пол ми­ли­јар­ди до­ла­ри го­диш­но!).

Во­ди­чо­т за 1999 го­ди­на поч­ну­ва со аме­ри­кан­ска­та жи­вот­на фи­ло­зо­фи­ја – об­ра­зо­ва­ни­е­то во фун­кци­ја на бо­га­те­ње­то (ве­ќе прво­то пог­лав­је но­си сим­пто­ма­ти­чен нас­лов: “The rich gets richer” – “Бо­га­ти­от ста­ну­ва уш­те по­бо­гат”): “Нат­пре­ва­рот за упис на на­је­лит­ни­те ко­ле­џи и уни­вер­зи­те­ти е по­ин­тен­зи­вен од ко­га и да е. Во по­следни­ве пет го­ди­ни при­ја­ви­те за вак­ви­те инс­ти­ту­ци­и на­раснаа за 50 от­сто. За­тоа, вни­ма­вај­те, до­де­ка 50 от­сто од нај­се­лек­тив­ни­те учи­лиш­та се преп­ла­ве­ни со при­ја­ви, дру­ги­те се мно­гу по­неп­ре­бир­ли­ви.”. Огром­но­то мно­зинство че­ти­ри­го­диш­ни на­ци­о­нал­ни инс­ти­ту­ци­и го при­ма­ат се­кој кан­ди­да­т што ги ис­пол­ну­ва ус­ло­ви­те за упис. За­тоа, пак, 75 инс­ти­ту­ци­и од Фис­ке­о­ви­от во­дич (кој опи­шу­ва са­мо 300 “нај­до­бри и на­јин­те­рес­ни” ко­ле­џи на Аме­ри­ка), обич­но од­би­ва­ат по­ве­ќе кан­ди­да­ти одош­то при­ма­ат.

Не зна­м зош­то (ов­де и се­га) се при­се­тив на еден нас­тан од 1987 го­ди­на, ако не се ла­жам: еден ден ме по­ба­ра по те­ле­фон со­фис­ти­ци­ран жен­ски глас прет­ста­ву­вај­ќи се ка­ко “Ка­би­нет на Дру­га­рот ХY” (прет­се­да­тел на Прет­се­да­тел­ство­то на СРМ!). Дру­га­рот XY са­кал да се ви­ди со ме­не. Во принцип – не­ма­м ниш­то про­тив! Нај­си­гу­рен на­чин да ме нај­де е во по­не­дел­ни­к (ко­га има­м ча­со­ви!) нап­лад­не да би­де пред мо­јот ка­би­нет. Ко­га чу што тре­ба да му пре­не­се на ше­фот на држа­ва­та, да­ма­та са­мо што не фа­ти да ика. Но (ум­на же­на!), бр­гу се со­зе­де. Ре­че де­ка би­ло по­доб­ро лич­но да се до­го­во­ри­ме за ви­ду­ва­ње­то и ми ја пре­пуш­ти ли­ни­ја­та. Во по­не­дел­ни­кот Дру­га­рот XY дој­де, љу­без­но ме поз­дра­ви и поч­на со то­а де­ка јас не­го не сум го поз­на­вал. Го пре­ки­нав: “Обрат­но! Ви­е не ме поз­на­ва­те! Јас Вас Ве зна­м од дет­ски го­ди­ни!”. И фа­тив да му ка­жу­ва­м ка­де жи­ве­ев ка­ко де­те (во не­го­во­то ма­а­ло), што се збо­ру­ва­ше за не­го по вра­ќа­ње­то од пар­ти­за­ни­те (го­ле­м ју­нак, де­мек!), итн. итн. Чо­ве­кот рас­те­ше од мо­ја­та лас­ка­ва при­каз­на. По­тем, су­во ми­нав на служ­бе­ни­от дел: што ма­ка има – кај про­фе­со­ри не се оди без ма­ка. Не­мал ни­как­ва ма­ка. Прос­то, син му бил наш сту­дент! “То­а го знам, ре­ков, ко­ле­ги­те ве­ќе ми ка­жа­а де­ка има­те оби­чај да оди­те од про­фе­сор до про­фе­сор. Доз­во­ле­те да Ве по­со­ве­ту­ва­м да не пра­ви­те та­ка. Ни­е про­фе­со­ри­те сме чу­ден свет: штом ќе ни дој­де не­кој тат­ко, зна­е­ме – или де­те­то (Бог да чу­ва) не е ка­ко што тре­ба, или е мрзли­во, па му тре­ба про­тек­ци­ја. Што се од­не­су­ва до Ва­ши­от син, јас за не­го ќе се гри­жа­м тат­ков­ски!”. То­а глав­но бе­ше це­ли­от раз­го­вор. Чо­ве­кот љу­без­но се заб­ла­го­да­ри, ме поз­дра­ви и си оти­де. Прв­па­т во жи­во­тот (и ве­ро­јат­но по­след­ен) до­жи­ве­ав не­кој да се од­да­ле­чу­ва од ме­не, не вр­теј­ќи ми го гр­бот (одеј­ќи “на­зач­ки”!).

Ве­ќе след­на­та се­си­ја син му се по­ја­ви на ис­пи­тот. Во со­ци­ја­лиз­мот (не ја кри­ја­м сво­ја­та ма­ли­ци­оз­ност) имав не­ко­и пра­ша­ња за ко­и сме­тав де­ка по­себ­но тре­ба да ги зна­ат де­ца­та на држав­ни­те (и пар­тис­ки­те) ра­ко­во­ди­те­ли (на­че­ло­то на за­ко­ни­тост, на при­мер!). Си­нот на Дру­га­рот XY (ит­ро мом­че!) фа­ти да се ва­ди со зна­е­ња­та за за­ко­ни­тос­т од ус­тав­но­то пра­во, но то­а не мо­же­ше мно­гу да му по­мог­не; за­ко­ни­тос­та во кри­вич­но­то пра­во има ед­но чу­до спе­ци­фич­нос­ти, за ко­и тој прак­тич­но ниш­то не зна­е­ше. И – да не дол­жа­м – мом­че­то пад­на! По два ме­се­ца, пад­на уш­те ед­наш. По тре­то­то па­ѓа­ње еве ти го пак Ка­би­не­тот на Дру­га­рот XY. Пак сред­ба кај ме­не еден по­не­дел­ник, во ис­то вре­ме: овој­па­т Дру­га­рот XY збо­ру­ва служ­бе­но, сту­де­но: “Знам, ве­ли, де­ка не са­ка­те да Ви до­а­ѓа­ат ро­ди­те­ли, но јас има­м впе­ча­ток де­ка со ми­на­то­то до­а­ѓа­ње му наш­те­тив на си­нот!”. На пра­ша­ње зош­то мис­ли та­ка, крат­ко од­го­ва­ра: “Ве­ќе трет­па­т па­ѓа на ис­пи­тот”.”Со так­ви зна­е­ња ќе по­ла­га уш­те 33 па­ти”, му ве­лам, а тој, ни ед­но ни две, ме пот­се­ту­ва на ве­ту­ва­ње­то. То­а на­вис­ти­на ме на­лу­ти и јас, без пар­дон, му од­вра­тив: “Ве­тив тат­ков­ски од­нос! Са­мо Ви­е очиг­лед­но не зна­е­те – јас сум мно­гу строг тат­ко. Та­ков сум спре­ма мо­и­те де­ца, та­ков сум и спре­ма сту­ден­ти­те! Не гле­да­м зош­то би тре­ба­ло да би­да­м по­и­на­ков спре­ма Ва­ши­от син.”. Дру­га­рот XY сту­де­но ме поз­дра­ви, ми го свр­те гр­бот, си оти­де и ве­ќе не ги ви­дов ни­ту не­го, ни­ту си­нот: наб­ргу по­то­а за­ми­нав во Гер­ма­ни­ја, а тој очиг­лед­но по­ло­жил кај ко­ле­га­та.

Еве на што мис­лев до­де­ка го раз­гле­ду­вав “нај­ви­со­ко ран­ги­ра­ни­от во­дич за нај­до­бри­те и на­јин­те­рес­ни­те ко­ле­џи во Аме­ри­ка”. Кни­га­та, ме­ѓу дру­го­то, сод­ржи по­се­бен по­пис на ко­ле­џи­те спо­ред це­на­та на чи­не­ње. И јав­ни­те (држав­ни­те) и при­ват­ни­те ко­ле­џи и уни­вер­зи­те­ти се по­де­ле­ни во три ка­те­го­рии: нес­ка­пи (оз­на­че­ни со $), уме­ре­ни ($$), ска­пи ($$$) и мно­гу ска­пи ($$$$). А ска­пи се заш­то нив­ни­те дип­ло­ми ги обез­бе­ду­ва­ат нај­ви­со­ки­те мес­та во оп­штес­тве­на­та, држав­на­та и де­лов­на­та хи­е­рар­хи­ја. Фир­ми­те со вни­ма­ни­е го сле­да­т ака­дем­ски­от раз­вој на се­кој од­де­лен сту­дент, а осо­бе­но та­лен­ти­ра­ни­те сту­ден­ти ве­ќе во тре­та­та го­ди­на поч­ну­ва­ат да до­би­ва­ат по­ну­ди за ра­бо­та во на­је­лит­ни­те фир­ми на Аме­ри­ка.

“Ако нап­ре­ду­ва ка­ко до­се­га, мо­јот син ве­ќе во прва­та го­ди­на по дип­ло­ми­ра­ње­то ќе ги за­ра­бо­ти сво­и­те први ми­ли­он до­ла­ри!”, ве­ли за сво­јот син еден ма­ке­дон­ски тат­ко, кој (и пок­рај сил­ни­те суб­венци­и од уни­вер­зи­те­тот на кој ра­бо­ти ка­ко про­фе­сор и ис­тра­жу­вач) пла­ќа за не­го (и за дру­ги­те де­ца) ду­ри це­ли 50.000 $ го­диш­но. И се­га, мо­же ли да си го за­мис­ли­те овој чо­век ка­ко оди од про­фе­сор до про­фе­сор и мо­ли за не­ко­ја бед­на шест­ка за сво­е­то га­ле­ни­че. И – што ќе му е не­му та­а смр­де­на оцен­ка, ако не го по­не­се со се­бе од фа­кул­те­тот она што се ба­ра во оп­штес­тве­ни­от, држав­ни­от и де­лов­ни­от жи­вот?

Пред не­кој ден до­бив е-mail од еден млад ко­ле­га од Фа­кул­те­тот во Скоп­је. – Ја про­чи­тав Ва­ша­та ко­лум­на во “Днев­ник”, ве­ли, и то­а ме пот­тик­на на раз­мис­лу­ва­ње: што мо­же од се­то то­а да при­ме­ни­ме во на­ша­ва сре­ди­на? Кон­ста­та­ци­ја­та е очај­на: за да се има доб­ро об­ра­зо­ва­ние, тре­ба да се има и до­бри об­ра­зу­ва­чи; сис­те­м и уп­ра­ва што ќе овоз­мо­жа­т то­а да фун­кци­о­ни­ра и “па­зар” што ќе му оп­ре­де­ли “це­на”. Ова би бил мо­јот од­го­вор: ќе тре­ба првин, пре­ку из­бор­ни­от нат­пре­вар, да ја сме­ни­ме вла­де­јач­ка­та гар­ни­ту­ра на “дру­га­ри­те”, ко­и пре­ку но­ќ ста­на­а “гос­по­да” и нè до­ве­до­а на ова де­ре­џе. Ко­га ед­наш ќе се вос­пос­тави фер по­ли­тич­ки нат­пре­вар, ќе тре­ба да се вос­пос­тави нат­пре­вар и во сѐ дру­го. Та­ка, по пе­де­се­ти­на го­ди­ни, и ни­е би тре­ба­ло да го има­ме она што го има­ат Аме­ри­канци­те (ба­ре­м во об­ра­зов­ни­от, држав­ни­от и де­лов­ни­от жи­вот). То­а не е не­дос­тиж­но! Са­мо – ќе мо­ра да го сме­ни­ме и на­ши­от мен­та­ли­тет на ба­ра­чи и да­ва­чи на “про­тек­ци­ја”. А то­а ве­ќе не е та­ка лес­на ра­бо­та.

###

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

Инструкции за нарачување

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај во горниот десен агол и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ а ние книгите заедно со автограмот од авторот ќе ги доставиме на Вашата домашна адреса. При нарачката, во полето Белешка за нарачката, задолжително наведете „Колумни“.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.