Search
Close this search box.

Колешке, се гледа дека не сте учеле

Пишува: Лујза Абдула

1985-та. Втора година, јунска сесија. Го пријавувам и Кривично, пошто пријава за испит 15 денари. Ги учам сите останати предмети детално, а Кривично само “го прелетувам” и си велам “ај ќе одам за да ми помине редот та неколку паѓања”. Добивам прашања и професоров си се унесува во дискусија, а јас се молам да прекине да не се посрамотам. И си муабетиме така, јас се потам, он загадочно се смешка. На крај ми вели “колешке, се гледа дека не сте учеле, ама сè сте разбрале”. Пријатно, пријатно.. И јас убедена дека сум паднала, отварам индекс – 8-мица. Скокав како за ниеден испит од среќа. Е сега да не биде ова, она… немав пропуштено ниту едно негово предавање. Слушав и “пиев” од неговите зборови! Не, навистина не сум имала професор кој ми оставил толкав впечаток.

Последен пат го видов на кеј, шеташе со сопругата. Знаев дека нема шанси да му текне на мене и само немо ја набљудував сенката од некогашната људина.


Сте биле сведок на интересна случка?

Доколку лично сте присуствувале на некој интересен настан и сакате да го споделите со јавноста, ве молиме контактирајте нè на contact@fgm.org.mk или 076 406 996.